Соларна скара идеална за 1-ви мај!

Оваа скара пече без чад и оган, може да работи во текот на ноќта иако работи на соларна енергија.



За изработката на овој уред, биле потребни 130.000 евра, а може да се купи преку интернет за 230 евра.

“Цело утро го поправав системот за соларно греење на вода. Имав повеќе вакуумски цевки и мислев дека во нив можам да го загреам појадокот. Излезе дека пече, а јас сфатив дека има изум“, вели американецот Патрик Шервин за соларната скара.

За да ја развие и да ја стави на пазарот, му биле потребни околу 130.000 евра. Проектот го носи името GoSun, а се најде на сајтот за донации Kickstarter. Фановите на храна ги собраа потребните пари за една недела.

“Тајната на скарата е во нејзината батерија. Сонцето треба да ја полни околу два часа, а она потоа може да пече со саати“, вели Шервин.

Скарата развива температура од 150 до 200 степени. Со еднаш наполнета батерија можете да печете во текот на ноќта, а ако одите во природа на морате да носите со себе дрва ниту јаглен.

На оваа скара можете да ставите храна која е доволна да нахрани осум гладни усти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...