Пред 9 години светот се шокираше: Еве го сега роботот Анштајн

Кога пред полни 9 години компанијата Hanson Robotics, го прикажа својот прв Han робот со лице на Алберт Ајнштајн, светот беше шокиран, но се појавија и коментари во стилот дека тоа не е робот туку механичка кукла, односно играчка на далечински управувач какви што користи филмската индустрија.



На неодамна одржаниот саем Hong Kong Electronics Fair, истата компанија ја прикажа својата нова креација на роботот Han, кој за тие 9 години растење стана толку напреден што повеќе никој не го нарекува кукла.

Последната верзија на Han сега може да прикажува изрази на лице, да одржува едноставна конверзација, да се смее, да намигнува, да се мршти, да прави најразлични фаци па дури и да глуми пијан човек.

За управување со фацијалните изрази роботот користи 40 мотори, поседува камери во очите и на градите, кои се помош на напредни алгоритми служат за да може да препознава лица на луѓе, нивниот пол, годините и тоа дали се весели или тажни.

Грејс Коплестон, која е директорка во Hanson Robotics, вели дека сето тоа го чини доволно интересен за користење на многу места како на пример хотели. Каде би можел да дочекува гости, да разговара со нив и да реагира на нивните желби, потреби и расположение.

Роботот на своето лице користи специјална кожа од патентиран материјал под називот Frubber, чие име претставува кратенка за "flesh rubber" на која се наоѓаат реалистични пори со големина од 4 до 40 нанометри, изработени според оние на нашите лица.



Таа исто така наведува дека Han би можел да се најде и во медицинските установи и да се грижи за негата на повозрасните личности.

Мора да забележиме дека ова изгледа многу интересно.

Во видеото можете да го видите и првиот Han робот со лице на Алберт Ајнштајн, кој и ден денес изгледа интересно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...