Односот помеѓу ИТ гигантите Samsung и Apple е се покомплициран и замрсен.
Samsung својата нова реклама за водечкиот телефон Galaxy Edge S6 како буквално да ја “препишал“ од својот најголем и најомразен конкурент, Apple.
Не е никаква тајна дека ИТ компаниите крадат идеи едни од други, како ни тоа дека Apple и Samsung веќе низа на години водат спорови по судовите поради патентите.
За рекламирање на Galaxy S6 Edge, Samsung очигледно буквално како пример ја земал рекламната кампања за Apple Watch.
Впрочем погледнете ги видеата и заклучете сами.