(ВИДЕО) Iron Man ракавица со вистински ласери

Самоукиот експерт за ласери Patrick Priebe, се повеќе почнува да наликува на Tony Stark.

Иако на располагање не му стојат милијарди долари како на јунакот на Марвел, овој човек постојано развива свои ласери кои се носат, и кои почнуваат да изгледаат се посериозно, иако уште долго нема да биде во состојба да ја направи онаа работа која е резервирана за фиктивните супрехерои.

Неговата нова Iron Man ракавица поседува систем од два ласери кои работат на литиј-ионски батерии, и своевиден фрлач на ножеви, кој веројатно нема да ве убие затоа што нема доволна моќ, па дури ни острица, но не значи дека во блиска иднина не може да се претвори во смртоносно оружје.

Што се однесува до ласерот, оној кој се наоѓа на горната страна е повеќе некој вид на ласерски нишан или покажувач, што значи дека со него не можете ништо да пржите или да дупчите, но на дланката се наоѓа вистински, со кој е во состојба да дупне балон па дури и да запали кожа, а да не помислиме што би можело да се случи доколку му го вперите на некого во око.

Покрај сето тоа, тој ја опреми ракавицата и со соодветни звучни ефекти, па веруваме дека секој фан на Iron Man би се забавувал со овој гаџет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...