Автономните автомобили на Google и сообраќајните несреќи

Откако Google доби дозвола за користење на автономни автомобили на автопатите во Калифорнија, неговите 48 автомобили крстарат во оваа сојузна држава, за да се демонстрира нивната функционалност и сигурност.



Откако некои медиуми во последно време почнаа да известуваат за сообраќајните несреќи во кои учествувале токму овие автомобили, со што се сугерира дека не се толку сигурни како што тврди Google, на својот блог се огласи Chris Urmson, директорот на Google за овие автомобили.

Тој објасни дека автомобилите во текот на 6 години користење до сега поминале 1,7 милиони километри и се нашле во 11 сообраќајни инциденти.



Нагласува дека во сите случаи се работело за многу мала штета, и дека во ниту еден случај не е виновен роботот кој го возел автомобилот.

Покрај тоа, вели дека алгоритмите со кои управуваат автомобилите имаат приоритет за избегнување на несреќи, што значи дека возат точно според прописите и се однесуваат како да така ќе возат и другите учесници, така да веќе сметаат на грешка од човечки фактор.

Како пример ги наведува случаите на влез на нивните автомобили во раскрсница веднаш кога се пали зелено светло. Автомобилот на Google пред да влезе во раскрсница на која туку што се запалило зелено светло, секогаш малку се мисли и настојува да ги согледа сите насоки на движење, бидејќи тоа е една од ситуациите во кои луѓето најчесто предизвикуваат несреќи.

Што се однесува до сударите во кои учествувале автономните автомобили, се работело за мали удари во браник, при што најчесто другите автомобили се удриле во задната страна на овие автомобили.




“Ударите во задниот дел се една од најчестите несреќи во Америка, а возачот кој се наоѓа во удрениот автомобил, најчесто не можел да направи ништо за да го избегне сударот“, наведува Urmson.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...