Македонско IoT решение интересно и за Американскиот пазар

Во тек е гласањето на меѓународниот натпревар Business Wall of Fame на Дојче Телеком за најдобро „Интернет на нештата“ решение. Деловните корисници од Македонија гласаат на веб страницата wallofbusiness.com со што добиваат можност, како поддржувачи на омиленото IoT решение да добијат и национална маркетинг кампања заедно со избраното решение во вредност до €20,000. Голем број на извонредни IoT решенија од повеќе индустрии веќе се пријавени, а развивачите сè уште имаат можност да ги поднесуваат своите решенија, чиј рок е продолжен до 1 јуни.



Едно од пријавените на интернционалниот конкурс е решението Fueloyal Technology на македонско- хрватската стартап компанија 4VIRTUS. Станува збор за IoT решение Fueloyal кое го решава најгорливиот проблем на транспортната индустрија - кражбата на гориво. Паметното капаче iCap 1000 се додава на резервоарот за гориво и води евиденција со колку гориво е наполнет резервоарот, а во исто време со антисифонинг заштитата се грижи истото да не се источи. Резултатите за сите камиони со помош 3Г модем вграден во уредот пристигаат на клауд до седиштето на компанијата од каде може да се надгледува состојбата со гориво во секој момент. Капачето оневозможува било кој неавторизирано да го отклучи резервоарот, а монтирањето на капачето може да се направи со едноставно додавање на постоечкиот резервоар, без потреба за модификација.

“Нашето решение на компаниите би им заштедило по 15-20.000 долари/годишно за секој камион во флотата. Во ЕУ, САД и Канада месечно секој превозник во просек троши гориво во вредност поголема 10.000 долари, а според проценката 10%-15% од оваа сума е украдена. Штетата која секоја година се прави надминува 80 милијарди долари. Проектот беше претставен на Websummit во Даблин, Ирска, Mobile Word Congress во Барселона и Techcrunch Disrupt во Њујорк а интерес за соработка пројавија компании од целиот свет”, изјави Игор Христов Генерален менаџер на 4 Виртус.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...