Моќта на хакерите: Сечеш една глава, растат 5!

Последните неколку години бевме сведоци на повеќе обиди за гасење на најпознатата и легендарна торент страница, Pirate Bay, која користи сајтови од најразлични локации како Карибите со цел да продолжи со работа.

Оваа недела окружниот суд во Стокхолм, Шведска одлучи да ги одземе двата „.se“ домејни од Pirate Bay и да ги отстапи на властите. Се работи за домејните thepiratebay.se и piratebay.se.

- Ова е еден од многуте обиди на властите да се справат со оваа популарна страна за споделување на торент фајлови, најчесто со содржина која што не е наменета бесплатно да биде споделувана меѓу корисниците, пишува CNet.

Меѓутоа ова ни приближно не значи крај на The Pirate Bay, односно овој потег само може да го отежне функционирањето на ваквите страни во Шведска. Доколку се обидете да ја отворите страната на TPB, ќе бидете пренасочени на некој од другите 5 домејни на кои што функционира истата, односно на еден од thepiratebay.mn, .gd, .ls, .am и .gs.

Поради ова сменето е и логото на главната страна на кое што е додадена хидра со 5 глави на кој што се прикажани сите домејни. Со ова се испраќа позната порака, дека кога властите ќе „исечат“ една глава, повеќе други веднаш „раснат“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...