Конечно вистината: Технолошки митови кои нè бунат

Со години некои приказни поврзани со телефоните и компјутерите, толку пати се повторени што едноставно почнавме да веруваме во нив, без разлика дали се точни или не.

Па веќе редно време е да дознаеме што од нив е точно, а што не.

Ви претставуваме неколку митови за кои експертите од Business Insider откриваат дека не се точни.

Mac компјутерите не можат да се заразат со вирус

Тоа е погрешно и тоа можат да ви го потврдат корисниците на овие компјутери, особено оние кои во 2012 ги покоси тројанец. Тоа се случи само неколку месеци откако луѓето од Apple тврдеа дека Mac-те не можат да фатат вирус.

Инкогнито пребарувањето ви осигурува анонимност

За сите кои се уверени дека тајното сурфање ја зачувува анонимноста, време е да дознаат дека тоа не е баш така. Вистина е дека прегледникот нема да ја следи историјата на пребарувањето, но нема да го заштити вашиот идентитет од страните кои ги посетувате.

Ако го оставите телефонот на полнач откако е полн ќе се уништи батеријата

Повеќето од нас го полнат телефонот во текот на ноќта, а наутро го исклучуваат од струја. Телефоните и понатаму ни работат.

Иако некои тврдат дека така го скратуваме векот на батеријата, тоа никогаш не се докажа.

Не полнете го телефонот додека во целост не се испразни батеријата

Ова е уште еден популарен мит за литиј-ионската батерија. Не е штетно да се стави телефонот на полнач ако батеријата не е во целост празна. Тоа дури може да е корисно за неа.



Колку повеќе мегапиксели има толку е подобра камерата

Која е разликата помеѓу камера од 12 и 8 мегапиксели? Наводно скоро никаква. Квалитетот на фотографијата во голема мера се одредува од она во колкава мера сензорот може да пропушти светло.

По правило, поголем сензор пристигнува со повеќе пиксели, но исто така колку сензорите се поголеми тие можат да пропуштат повеќе светло. Затоа важна е големината на пикселите, а не бројот.

Поголема резолуција на екранот кај паметните телефони е секогаш потребна

Секако дека резолуцијата е многу важна, но има свои граници. Откако ќе ја преминеме таа граница, окото на човекот не гледа никаква разлика помеѓу висока и супер висока резолуција.

Не треба да го исклучувате компјутерот секој ден

И додека некои веруваат дека е штетно да се исклучува компјутерот секој ден, вистината е спротивна.

Компјутерот ќе ви трае подолго ако работи помалку. Затоа, добро е да го исклучувате од време на време.

Ако држите магнет во близина на компјутерот може да ви ги избрише сите податоци

Ова тврдење до некаде е точно, но за тоа да се случи потребен ви е голем навистина голем магнет.

Мобилните телефони предизвикуваат рак

Иако телото на човекот го апсорбира зрачењето на мобилниот, не постои уверлив доказ дека предизвикува рак.

Многу цртички за сигнал не гарантираат добар сигнал


Ако мислите дека цртичките за сигнал на мобилниот ви говорат дека сигналот на телефонот ќе ви биде добар, грешите.

Тие само покажуваат дали сте во близина на некој предавател. Друга низа на фактори влијаат на вашиот сигнал.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...