понеделник, 20.02.2012

IDIVIDI Мени

LOVE MK, ВИКТОРИЈА ЛОБА, ПЕЈАЧКА

LoveMK ♥ Шпанска волчица која сака македонска храна

Викторија Лоба е професионален уметник. Егзистира од музиката и од многу други проекти поврзани со шоу бизнисот. Може да ја видите како заштитно лице и како дел од рекламни кампањи на повеќе брендови. Очигледен е нејзиниот талент кој континуирано го надградува и кој заедно со изгледот никого не остава рамнодушен.

Од каде потекнува Вашето презиме?

Моето потекло е од Русија. Двајцата мои родители потекнуваат од таму, што значи дека сум Русинка, ама во Македонија. Таганрог е местото каде ги полнам батериите. Често одам таму да ги посетам најблиските и да уживам. Инаку, Лоба е руско презиме, иако личи на шпанско, зашто Лоба во превод од шпански значи волчица.

Во кое годишно време Ви е најубава Македонија?

Во пролет. Тоа е годишното време во кое природата се буди и кога воздухот мириса на јоргован. После зимата и ниските температури во пролет расположението кај сите луѓе се подобрува и сете сме полни со енергија.

Дали ја сакате македонската кујна?

Ја обожувам.

Преферирате тавче гравче или сарма од лозов лист?

Ги преферирам и двете. Ќе Ви откријам дека мое најомилено јадење и посебно вкусно ми е кога јадам ајвар на тост лепче.

Кој настап во досегашната кариера бил највреден за паметење?

Тоа беше настапот минатата година на плажата Градиште во Охрид каде бев дел од „Love and happiness” фестивалот. Таа вечер беше вечер за паметење, зашто имаше голема посетеност и добро расположение за забава кај целата публика.

На каква музика најмногу се танцува на Вашите настапи?

Од моето досегашно искуство со сигурност можам да кажам дека никој не може да остане рамнодушен на ретро музиката. Таа е секогаш добредојдена и на неа најмногу се танцува без оглед на возраста или полот.



Наjновo од Интервју
Учам, вежбам, свирам и сонувам за голема кариера
Чичек е упорна, ама наивна девојка
Само чекавме добра понуда и еве нè назад
Конечно, наскоро и пред скопската публика
Со што ги храните спортистите за да ја „газат“ Европа? видео
LoveMK ♥ Тетовско гравче е незаменлив бренд
Многумина од нас не знаат во колку чудесна земја живееме
LoveMK ♥ Шпанска волчица која сака македонска храна
Ни недостасува Министерство за женски дребулии
Монистра има мисиjа да ја негува македонската традиција
Ако не бара објаснување, тогаш е дизајн!
Студентите достојно ја претставуваат Македонија
Гурман сум и мераклија за готвење
Македонија е непресушен извор на таленти
Македонија е принцип и мое нужно добро
Бурек или симит погача? Благодарам! Сакам баничка
Видео клип
zmija.wmv
  IDIVIDI Сервиси
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи