LoveMK, Лилјана Стоилковска Андовска

Питата ме восхитува и ме прави покреативна

Осум години, Лилјана Стоилковка Андовска, поетеса и новинар живее и работи во Малме.

Со преселувањето од Македонија во Шведска, придонесува за негување на македонскиот јазик и култура во шведските медиуми како и за продлабочување на економските врски меѓу двете земји. Со многу енергија, ентузијазам и посветеност работи на секој проект.

Благодарам што ја прифативте поканата да гостувате во рубриката LoveMK! Како сте?

Одлично, под силни импресии од настанот пред два дена. Имено, во саботата во Гетеборг се одржа 25-тата поетска средба во организација на македонското поетско друштво во Шведска, „Дениција”. Меѓу останатите, на неа присуствуваа и: Славе Ѓорговски-Директор на Струшките вечери на поезијата и Венко Андоновски-познат книжевник и драматург со кои имав можност да разменам многу искуства. После овој настан ќе бидам вклучена во активностите за подостојно претставување на Македонија и на нашиот тим кој ќе учествува на изборот за Песна на Евровизја кој во мај ќе се одржи тука во Малме.

Што од Македонија најмногу Ви недостасува во Шведска?

Во Шведска најмногу ми недостасуваат случајните средби со познаниците и пријателите кои често ги има во Македонија, без оглед на времето и местото.



На што прво помислувате кога ќе се спомене Македонија?

Собирањето на Македонците кога навиваат за нашите спортисти при некој меѓународен натпревар. Тоа не само што ме асоцира на Македонија, туку многу ми е мило кога ќе ја видам восхитеноста на нивните лица и сплотеноста во тие мигови.

Ајвар или пита?

Ајвар не, иако е многу популарен и многумина ширум светот го обожуваат. Меѓутоа, питата подготвена на илјадници начини со разни филови ме восхитува и ме прави покреативна, посебно кога е наменета за гости.

Со оглед на фактот дека сте биле насекаде низ Македонија и детално ја познавате, кое место Ви е најомилено?

Свети Наум е моето најомилено место во Република Македонија. Ми дава духовно спокојство, како и богатство од сознанија. На тоа се надополнуваат прекрасните пејзажи кои се пружат на секоја страна, каде и да погледнам.



Која карактерна особина на Македонците ја сакате, а која ја мразите?

Ја мразам неискреноста, дволичноста и завидливоста, хаха. Одговорот го почнав со она што не го сакам, но тоа го направив свесно за да остане подлабоко како впечатокот на читателите на ИДИВИДИ. Она што го сакам е всушност она што е напишано како последна моја мисла гласи: „Искреноста и радоста треба да се покажат кога другите наши луѓе постигнуваат успеси на било кое место и во било кое поле од нивниот живот”.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...