LoveMK, Кристина Георгиева

80-годишна Германка ме изненади кога запеа македонска песна

Како што се вели, никогаш не се знае каде ќе те одведе патот. За Кристина, тоа се случило во моментот кога ја примиле на еден од најстарите и еминентни универзитети во светот, Универзитетот во Виена. По Австрија, патот го продолжила во Германија, каде добила целосна стипендија за магистерските студии по германистика и германски како странски јазик. Знаела дека нема да биде лесно, но редот бил на неа и вложениот труд допрва се исплатува...



Како во Германија ја претставуваш родната земја и што најчесто те прашуваат?

Најчесто ме прашуваат дали Македонија била дел од СФРЈ и дали Александар Македонски и Мајка Тереза се од Македонија. Македонија ја претставувам со нејзиното културно наследство, традиција, музика, организирање на македонска вечер за моите пријатели и колеги од факултет, а исто така секој пат со мене во куферот носам книги и ЦД-а за Македонија. На моја иницијатива некои мои колеги лично дојдоа да ги видат убавините на Македонија.

Во кое годишно време Македонија ти е најубава и каде сакаш тогаш да бидеш?

Македонија си има своја убавина во секое годишно време. Сепак, би сакала да сум во балканскиот Ерусалим, т.е. во Охрид во пролет и лето, а во Крушево во зима.

Омилен македонски автор и збор од македонскиот јазик?

Петре М. Андреевски, Гоце Смилевски и мојот драг професор од кого научив многу за преведувањето, Драги Михајловски. Еден од моите омилени зборови е пиреј, зашто ние Македонците сме како пиреј. Баш како што стои во книгата „Племето наше е пиреј и не го ништи ни една војска. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата, и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева.” Македонецот опстојувал и ќе опстојува секогаш.

Што најмногу ти недостасува од Македонија во Германија, а што најмалку?

Најмногу ми недостасува македонската храна, македонската музика, убавото време, топлината и отвореноста на македонскиот народ. Најмалку ми недостасува озборувањето и турбо фолкот. Кога сум во Германија, не се грижам за тоа што ќе речат другите, бидејќи Германците се многу директни и секогаш кажуваат што мислат (без разлика дали тоа е добро или лошо). Кај нас, повеќето луѓе озборуваат зад грб. Јас мислам дека е подобро човек да е искрен и да каже што мисли, без разлика дали тоа е позитивно или негативно, отколку да се озборува за личност која не е присутна во моментот на разговорот.

Постои ли момент или некоја работа во Германија која позитивно те изненадила и притоа си се почувствувала горда што си Македонка?

Да, има многу интересни работи и моменти...Во оваа прилика ќе издвојам еден момент. Едно утро отидов во една пекара да си купам нешто за појадок. Си седнав на една од масите, а спроти мене седеше една бабичка. Во тој момент, си реков да и се јавам на сестра ми и да ја прашам што прави. Нормално, со сестра ми си зборував на македонски јазик. Кога завршив со телефонскиот разговор, бабичката ме праша на кој јазик зборував. И реков на македонски. Во тој момент, бабичката извади усна хармоника и ми ја отсвири песната „На Струга дуќан да имам”, а потоа, на чист македонски јазик ми ја отпеа „Македонско девојче”. Во тој момент бев толку многу пријатно изненадена и среќна, што не можев, а и сега не можам со збор да го опишам тоа чувство. Кога ја прашав од каде ги знае македонските песни, ми рече дека пее во хор каде што пеат песни на повеќе странски јазици. И уште да напоменам, бабичката е Германка и има 80 години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...