LoveMK, Нела Хименес, новинар

Македонската рајска храна е забрането овошје во Костарика

Колку странци, толку различни начини на запознавање со нашата земја. Во контекст на оваа констатација е Нела Хименес, новинар од Костарика која за Македонија знаела многу малку. Меѓутоа, еден момент ја менува целата ситуација и начин на гледање на нештата...



- Да, за Македонија знаев дека е дел од поранешна СФРЈ и дека е земја со многу сонце, исто како Костарика. Меѓутоа, не знаев дека во земјата се одгледуваат одлични јаболка-рајско овошје кое во Костарика е многу скапо и се увезува. Тоа за мене е забрането овошје, зашто иако обожувам јаболка, еден килограм, чини колку шест килограми банани.

Од кого дознавте за македонските јаболка?

Благодарение на едно студиско патување во Германија, имав можност да се запознам со колега Македонец кој потекнува од Тетово. Тој ми ја раскажа целата историја на земјата и ми даде да пробам неколку тетовски јаболка кои ги имаше донесено во текот на првите неколку дена од престојот. Вкусот, бојата и аромата беа неспоредливи со сите кои претходно ги имав пробано. Оттогаш минаа неколку години во кои мечтаев да дојдам во Македонија и на лице место да пробам ваши јаболка.



Како се оствари Вашата мечта?

Повторно, благодарение на едно студиско патување во регионот на Источна и Југоисточна Европа. Знаете, во Костарика работам како фриленсер, слободен новинар, но редовно пишувам и за порталот на дневниот весник La Nacion (nacion.com). На крај од патувањето бев три дена во Приштина. Последниот ден ми беше слободен. Со колегата од Македонија имав организирано да ме чека на граница и да поминам цел ден во Македонија.

Каде бевте, што видовте и како ви се допадна Македонија?

Скопје, Маврово и Галичник се местата кои успеав кратко да ги запознам. Сакав да видам уште, но сепак, тоа го оставив за следниот пат. Ми се допадна што земјата има многу планини, низини, зеленило и различни пејзажи од Костарика.

Пробавте ли наша храна?

Да, јаболка, хаха. Покрај тоа што си купив неколку килограми, пробав галички кашкавал, качамак, шопска салата, тавче гравче, ајвар и пиев црвено вино.

Што прво им кажавте на Вашите пријатели во Костарика за Македонија?

Дека е земја која треба да се открива. Не само во однос на природните убавини, храната и сонцето, туку и во однос на луѓето. Иако сме многу далеку луѓето ги почувствував многу блиски и отворени. И да, дел од нив знаеја по некој шпански збор, но и јас научив неколку зборови на македонски јазик кои ги користам на моите многубројни патувања низ светот: здраво, убаво, благодарам, те сакам, сонце.



И.Н



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...