Перо Момировски, спортски коментатор

Не е земјотрес, ама ја тресе цела Македонија

Не постои глас што во долгата историја на македонскиот спорт и спортското коментирање така продорно и толку сугестивно влијае на увото на гледачот или слушателот како гласот на Перо Момировски од Алфа ТВ. И оние кои немаат допирни точки со спортот велат дека токму тоа ги привлекува, дека ги прилепува за каналот на кој се емитува спортскиот пренос. Иако не е земјотрес, во моментов ја тресе цела Македонија, зашто е вистинскиот водич за сите ракометни задоволства што ни се случуваат сезонава. Секако, најголемиот дел од публиката тврди и знае дека, не е само до формата, туку и до содржината, до реченото, во описот, до широкиот јазичен пакет со кој располага првиот магистар по медиуми и комуникации, со тесна специјалност-спортско новинарство.



Перо, што претставува коментирањето? Многумина сметаат дека твојата професија е лесна, дека многумина можат, а сепак, и кај нас и во светот очигледно тешко се станува квалитетен коментатор?

Освен гласовните можности кои се од господ дадени и на кои малку може да се влијае (се додека пластичарите не создадат инпланти за гласни жици-хахахаха), другото, како и во секоја професија е работа, труд, потрошено време и енергија. Има различни приоди. Некои се поталентирани, па можеби можат и со помалку подготовка да влезат во пренос и да се вадат на штосови или акумулирано знаење, и други, како мене, кои минуваат многу часови во подготовка, во работа.

Од каде таков темперамент во тебе? Висок, крупен, наизглед бавен, типичен мијачки тип, а брз на јазик до неверување?

Не е до ритамот и до брзината на говор, туку до суштината на соопштеното, до начинот на создавање слика, до познавањето, до аналитичноста, до проекциите кои од вашата глава треба да ги пренесете до консументот. Говорам во мое име, а знам дека ќе се сложат и тие десетина мои, без исклучок драги и блиски колеги кои активно се занимаваат со оваа дејност, дека спортското новинарство не е само 1-1 и 2-2 (ова е најчестата формулација кога овие политичките сакаат да не навредат), туку има и далеку поширок опсег. Значи нескромно и не само во мое име, нели, има тука и брза мисла, богат речник, вештина за говорна и ментална гимнастика, па и специјализација од неколку спортски и општествени области.

Следејќи ги преносите на Алфа ТВ, пред се, овие на нашите ракометари, добиваме впечаток дека сте од оние „пожешките” патриоти. Што најмногу те „пали”?

Не е никаква флоскула за маркетинг потреби (да не ме викне некој да снимам спот за CNN). Јас едноставно си ја сакам Македонија со сите доблести и мани, со сè што ме прави среќен тука, а богами и со аномалиите со кои се среќавам секојдневно. Знаете јас сум дебарчанец и нам некако ни е во генот, да не отстапуваме од своето. Јасно ми е дека ова не е Швајцарија, Норвешка или Канада и дека можеби таму е поубаво, ама ова е мое. Во тој контекст секој наш спортски настап за мене е дел од таа наша вечна борба за етаблирање, за подобрување. Успехот и победите ме палат и тогаш сум најсилен патриот.



Дали од ова јасно декларирање како дебарчанец можеме да констатираме дека западот од Македонија ти е во срце?

Па, не треба многу мудрување, хаха. Секој што бил, патувал, велиме минал на потегот од Маврово до Струга знае дека тоа е предел со природни убавини како ретко каде на целата земјина топка. Не заборавајте дека сум видел барем 50-тина земји и едно дваесетина звучни летувалишта и скијалишта (што значи дека не е до толку напамет, нели) и тврдам дека тие 100 километри од почетната точка на Радика до изворите на Дрим се нешто бесценето. Знаете често мислам на тоа дека ако ова го имаа Американците ќе ни се „качеа на глава”. Не разгледници и постери, тапети со мотиви од Река ќе ни продаваа.

По социјалните мрежи читаме дека Вардар и Металург ја поларизираа публиката „до коска”. Ним само не им е јасно едно. За кого навиваш ти?

Е да, тоа е најважното! Добри сугестии примам и тоа од сите, особено околу правила, тактика, именувања, грешки. Но, околу обоеност не прифаќам ни разговор. Беспредметно е. Не кријам дека сум од првата постава на Комити, не кријам дека во Автокоманда пијам кафе секој втор ден. И да, за да не останам неискажан. Сметам дека без Пелистер и Чкембари овде не може да има спорт, дека Прилеп мора да воскресне, дека Шкендија е име за респект. И за сите навивам кога играат „надвор” и тоа со чиста душа. Овде, дома, тој што ме учеше (убедливо најдобриот на сите времиња Александар Стиков), уште пред 20 години ми „нацрта” дека со навивањето завршуваме.

Велат спортистите се најдобрите амбасадори. Кои од нив се синоним за Македонија?

Лесно ќе ги набројам најважните: Антиќ, Лазаров, Јакупи, Пандев, Меккејлеб, Ибраими. Но, ова со амбасадорувањето некако ми е сведено на фраза и за жал, не гледам дека нивните ликови се до тој степен ставени во функција на Македонија. Може и мора повеќе да ги користиме во добри цели.



Приватно, што освен спорот го окупира твојот интерес?

Па да, повторно тоа првенствено е спорт. Гледам, следам, читам, не пропуштам ништо. Секако, тука се и оние за кои, како велиме, постојам. Слободното време се трудам квалитетно да го трошам само на Јана, Стефана и Габи. За нив трчам, готвам, чекам, развозувам и се што прави пристоен македонски родител и сопруг. И плус, имам две огромни пасии, едната е Мелничани (дебарското село вредно таму да се мине секој слободен миг) и таблането што го практикувам со едно убаво друштво.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...