НАТАША ГИНЏЕВСКА, НОВИНАР

Комад со сирење и спанаќ е мојот најпознат специјалитет

Нејзините иницијали Н.Г. може да асоцираат на Нова Година. Но, кога ќе се спомене Охрид, Наша ТВ, радио Равел, Мкд.мк и радио Слободна Македонија (ја води емисијата), тогаш нема сомнение дека станува збор за Наташа Гинџевска. Љубовта е нејзината најјака страна и главна состојка за се што прави во животот.

Во една реченица, како би ја опишала Македонија?
Македонија е земја на вредни и паметни луѓе кои не се во сооднос со другиот дел од светот.

Дали сакаш да готвиш македонски јадења и кое ти е омилено?

Многу сакам да готвам, а најпознат мој специјалитет е комад со сирење и спанаќ. Рецептот го наследив од мојата баба и како што вели таа, мојата верзија е подобрена и повкусна. Инаку, многу сакам македонски специјалитети и оние основните јадења ги готвам со многу љубов.

Ѓомлезе или пастрмка?

Иако сум Охриѓанка, не сакам да јадам риба. Ама затоа обожувам ѓомлезе. Само за читателите на ИДИВИДИ еве еден совет плус: Во Трпејца го прават најубавото ѓомлезе што некогаш сум го пробала.

Слушаш ли македонски песни и која ти е омилена од областа на народната, забавната и детската музика?

Дали слушам? Ден за мене не е ден ако во него не слушам македонска музика од различни жанрови. Моја омилена народна песна е „1762-ро лето“ која одлично ја изведува Наум Бурназ. „Нож“ од Архангел е песна која можам да ја слушам 24 часа во денот, иако сите песни од овој бенд ми се допаѓаат премногу. Омилена детска песна ми е „Наташа од трето три“, од фестивалот СиДо кој се одржуваше во Битола. Кога песната беше популарна, јас бев Наташа од трето А.

Освен Охрид, кое место во државава повторно и повторно сакаш да го посетиш?

Бидејќи сум родена во Охрид и таму живеев до 18-годишна возраст, морам да кажам дека овој град за мене е магичен. Не се опишува чувството како е кога ги отворате очите и пред вас го гледате неверојатното Охридско Езеро. Секако, Македонија има многу убави предели, па можам да кажам дека секогаш уживам кога сум во посета на Маврово. Иако сум езерско дете, снежната белина во Маврово и интересната тишина неверојатно многу ме фасцинираат.

Кој културен настан ти е синоним за Македонија?

Бидејќи работам како новинар, морам да кажам дека „Охридско лето” е фестивал кој е културен настан кој обединува уметност, т.е. и театар и музика и ликовна уметност на едно место. На овој фестивал сум следела многу концерти на наши и на светски ѕвезди и затоа го ставам на врвот на листата на културни настани во нашата земја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...