LoveMK, Мартин Стефановски, пливач

Македонија е земја каде се раѓаат шампиони

Мартин Стефановски (24) е дипломиран економист кому му недостасува уште еден испит за да стане магистер по економски науки. Воедно, тој е најбрз и единствен македонски пливач кој држи два национални рекорда во две држави: во Македонија, 50м. краул (24.33) и во Србија, како дел од тимот на Академија Милорад Чавиќ, штафета 4x50м. мешано (1:47.19).

Омилени дисциплини му се краул и делфин. Покрај настапот на претстојното Европско првенство во Берлин, амбиција му е да ја претставува Македонија на Летните олимписки игри во Рио де Жанеиро во 2016 година.

Кои карактерни особини те прават горд Македонец?                                                                             

- Борбеност и оптимизам. Борбеност, затоа што ние сме борбен народ кој не се предава и не се откажува така лесно. Оптимизам, затоа што ние Македонците веруваме и сме оптимисти и кога е нешто невозможно. Затоа сме и посебни!

Кога си во странство, како ја претставуваш и што најчесто те прашуваат за Македонија?   

- Македонија ја претставувам како земја каде што се раѓаат шампиони. Секогаш ја претставувам во најдобро светло. Доказ за тоа се моите победи. Кога некаде патувам, луѓето најчесто се интересираат за традициите, храната и луѓето што живеат кај нас.

Кои македонски спортисти посебно ги почитуваш?         

- Секогаш ми било тешко да одговорам на вакво прашање. Има многу добри спортисти во нашата држава, од кои поголем дел за жал или за среќа тренираат надвор. Сите нив подеднакво ги почитувам. Во оваа прилика можам да ги издвојам: Кире Лазаров, Атанас Николовски, Димче Грабул, Томи Стефановски од постарата генерација и Томи Јотовски, Манасков од помладата генерација.

Омилени места во родното Скопје?                                     

- На прво место ми е центарот на Скопје, посебно ваков каков што е сега, реконструиран. Ги сакам и кафе „Скопје”-срцето на градот и Градскиот парк кој е комбинација, преку ден за прошетка и навечер за ноќен живот.

Што најчесто јадеш од македонската кујна и дали сам готвиш?                                                                                     

- Поради тоа што веќе три години живеам сам, принуден сум и сам да готвам. Освен тоа, сам перам и пеглам, хаха. Најчесто готвам паста, затоа што нашите специјалитети бараат повеќе време за подготвување. Избегнувам брза храна, иако некогаш, признавам, си дозволувам да се почестам.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...