LoveMK, Јадранка Костова, новинар

Случајно се вљубувам, но намерно останувам вљубена

Македонија не се раскажува, треба да се доживее!

Љубовта кон некого или кон нешто за разлика од новинарството не се учи, туку се чувствува. За Јадранка Костова новинарството почнало случајно, како љубов на прв поглед и таа љубов низ годините трае и ќе трае намерно. Накратко, еве ја нејзината лична сторија, цитирана!



„Дипломирав на Правниот факултет, понесена од сонот да бидам судија, веројатно затоа што многу гледав филмови за идеализирана правда. Се разочарав после првиот конкурс во еден од нашите судови, којшто беше спроведен дилетантски. После една акција на МРТВ за ангажман на најдобрите студенти од неколку факултети, случајно завршив во МТВ, во новинарски води. Од таа група од десетина луѓе, денес останав само јас во новинарството. Потоа мислев потоа дека никогаш нема да излезам од телевизиското новинарство, ама и тука утнав во проценките. Веќе 11 години „пливам“ во печатен медиум, „Фокус”, затоа што слободата во новинарска смисла ми значеше повеќе од маѓијата на екранот”.

Кој или што во државава најмногу Ве инспирира, а кој или што Ви ја зема и троши енергијата со неважни работи?

Можеби звучи парадоксално, ама човечката глупост, злоба и одмаздољубивост, аздисаноста на моќниците ми е најголема инспирација за новинарска, ама и за граѓанска акција. Е тука веќе не е до КОЈ, туку КОИ. Енергијата ми ја „земаат“ луѓе преполни со негативна енергија, па затоа избегнувам такви егземплари. Не можам да направам дистинкција меѓу важни и неважни работи. Често пати нешто што во еден миг делувало неважно, потоа се покажало како нешто од животна важност.

Во кое годишно време најмногу ја сакате Македонија?

Ја обожувам пролетта. Јас сум дете на пролета, родена на 1-ви април, кога се буди природата. Фактот што зимата ми е на спротивната ранг листа, можеби двојно ми ја зголемува радоста штом заврши студенилото, а доаѓа светлината.

Омилен македонски писател, дело, игран филм, театарска претстава и тв серија?

Петре М. Андреевски, пред сè со „Пиреј“. „Прашина“ од Милчо Манчевски е мојот филмски избор, додека од театарската сцена гласам за тандемот Горан Стефановски- Слободан Унковски. Е, имам проблем со избор на тв-серија оти, искрено, не се сеќавам на такво нешто. Имам впечаток дека последниве три години се емитуваа повеќе турски серии, отколку што се снимени македонски тв-серии во изминативе 25 години.



Битолско сирење во фурна или тетовски тавче гравче?

Тетовско тавче гравче е мојот избор, во конкуренција со било кое друго јадење. Ова колку да не се навреди битолското сирење во фурна. Инаку, уживанцијата е целосна доколку гравчето биде поддржано од пинџурче со лута жичка.

Кога запознавате странец кој не бил кај нас, што прво му раскажувате за земјава?

Македонија не се раскажува, треба задолжително да се посети за да се доживее со сите сетила.

И.Н



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...