LoveMK - Ирена Шмиц

Една Македонка, а две култури во неа

„Иако се наоѓа на север од Германија, Хамбург е многу топол град. Во најголем дел од годината, топлината не ја чинат високите температурни, туку манирите и односот на луѓето кои се космополити и отворени кон сите кои случајно или намерно доаѓаат во градот. Хамбург е мојот бисер кој ме грее и кој ме потсетува на родната Македонија и на сите наши бисерни места: Охрид, Скопје, Битола, Галичник, Струмица,...”



Најчесто на овој начин, Ирена Шмиц (САП Инхаус консултант во Луфтханза техник) го опишува Хамбург- градот во кој живее при секое запознавање со нов сограѓанин во родното Скопје. Половина од својот живот е во Германија и се чувствува исполнето.

Во целост ги остварува своите животни цели, зашто и приватно и професионално обожува предизвици. Сака да патува, да запознава земји и луѓе. Смета дека е вистинско богатство што е една целина составена од две различни култури, македонска и германска.

Што најмногу од Македонија Ви недостасува во Германија?

Фамилијата и моите сакани пријатели кои ме следат во животот. Иако овде е мојата најблиска фамилија и имам бројни пријатели, сепак ми недостасува дружењето, шетањето, дневната кафе шема и ноќните излегувања кои како активности секогаш ги правам кога сум во Скопје

Во една реченица, Македонија ја доживувате како земја...

Македонија е единствена земја, земја со многу проблеми, ама со многу вредна култура, необичен менталитет и прекрасна природа надвор од градовите.

Сепак, во кој град се чувствувате вистински своја?

Во моето родно Скопје. Градот ме потсетува на моето детство, на училишните денови, на младоста, на другарите и на сите убаво минати мигови. Многу често размислувам и се потсетувам на тој период. Кога сум со мислите во Скопје и во Македонија се чувствувам исполнето, со убави мисли и со насмевка на лицето кои ми ја греат душата.

Која македонска песна Ви е омилена?

„Зајди, зајди јасно сонце” во интерпретација на многу наши женски и машки пејачи. Инаку, музиката е постојано со мене. И кога патувам и кога сум дома, таа е мој придружник кој дава посебна убавина на секојдневието и на посебните моменти.

Колку и што најчесто од македонската кујна готвите?

Многу често. Секојдневно нешто од нашата кујна има на трпеза, најчесто за ручек или вечера. Тоа се оброците кои ги уживаме со мојата ќерка Лани која обожува полнети пиперки. Многу често подготвувам мусака, не само со компир, туку и со тиквички, модар патлиџан и карфиол. Кога се враќаме од Македонија или кога некој наш доаѓа на гости во торбата знае да заскита(со намера) тегла, две ајвар, малиџано, лутеница или домашна жива туршија.

Бело вино или ракија?

Со прашањето многу ме погодивте, мислам со првата половина само, хаха! Нашето бело вино навистина ми недостасува...Ама, ракијата воопшто, затоа што не е мој пијалак.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...