LoveMK, Волфганг Шаберајтер

„Планини“ е второто име на Австрија и Македонија

За Волфганг Шаберајтер првата асоцијација на Австрија и Македонија се планините. Неслучајно, зашто потекнува од мало село на Алпите каде со трите песа е блиску до природата. Зависноста кон планинските активности го носи до Непал, каде студирал и бил член во планинска спасувачка организација. Во земјава бил неколку пати, заради професионалниот ангажман како консултант за економски мерки на поддршка, бизнис паркови, менаџмент на кластери и сè она што се однесува на иновации.

Што прво им кажавте на Вашите најблиски по враќањето дома?

Првата работа која им ја кажав се однесуваше на Скопје. Мојата импресија за тоа како Скопје го има променето  стилот во последните десет години. Екстремно бев воодушевен од центарот на градот и од импресивните нови градби.

Не сметајќи ја последнава посета, колку пати претходно сте биле во Македонија?

Три пати. Првите две посети беа пред десет години. Тогаш работев на Универзитетот Леобен и заедно со УКИМ во Скопје заедно работевме на активности за технолошки трансфер на универзитетот. Последниот пат бев во рамките на СЕЕ проектот на ЕУ, насловен PPP4Broadband. Во рамките на проектот имав можност подлабоко да се запознам како Македонија напредува во имплементирање  на широкопојасниот Интернет во руралните средини со примена на различни модели на PPP. Во текот на следнава година јас сум многу среќен што поблиску ќе соработувам со компанијата Knowledge Center на проектот Aim@Innovation.

Какво е Вашето мислење за нас Македонците?

Вие сте многу љубезни и домаќински расположени. Ова го мислам и е мој впечаток кој го стекнав според однесувањето на тимот на KMC кој ги организираше нашите средби. Дел од организацијата сигурно беше и дегустирање македонски јадења.

Кое јадење посебно Ви се допадна?

Многу тешко прашање! Првата вечер, кога ние, тројцата Австријци бевме сами, мислам дека пробав шунка која беше брилијантна. Втората и трета вечер од нашата средба, заедно со целата проектна група бев во македонски ресторан кој исто така беше брилијантен. Јадев македонски јадења на чии имиња не се сеќавам. Но, секому ги препорачувам, зашто на нивниот вкус се уште се сеќавам!

Како во една реченица би ја опишале Македонија?

Убава, мала земја која наскоро ќе биде дел од Европската унија.

Постои ли нешто одовде што не можете да го најдете во Австрија?

Моите посети беа премногу кратки за да најдам работи и обичаи кои се различни во однос на Австрија и Македонија. Меѓутоа, најдов нешто што е заедничко за двете земји, нешто што ги поврзува. Тоа е изобилството на планини кои слободно би рекол се како второ име за двете земји.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...