LoveMK, Душко Георгиевски, пејач

Правото и песната се едно, носат и радост и тага -

Душко Георгиевски е адвокат, но најголем дел од јавноста го знае како квалитетен и докажан пејач на народни песни. Најмногу го доживуваат како пејач на тажни, елегични песни. За тоа е заслужна неговата боја на глас која авторите ги мотивираше секогаш да му ги доверуваат тешките, уметнички и безвременски песни. Од нив зрачи вистинска уметност и предизвикуваат силни емоции што се потврди со песната „Бегај, бегај” со која ја освои наградата Гран при на фестивалот „Филиграни”.



Право или песна?

Право со песна, хаха. Без песна не оди ништо. Лошо е само ако има неправди. Да бидам конкретен со одговорот, еден спрема еден, т.е. нерешено во дуелот право-песна. Многу судбини носам во себе, се испреплетуваат во мојот живот и секојдневие. Во исто време, сочувствувам со моите клиенти, со нивните разделби, семејни трагедии, загуби, а во исто време сум дел и од најсреќните мигови на моите обожаватели, мојата публика, дел сум од нивните љубовни завети, од моментите кога го кажуваат судбоносното „да“, кога се вљубуваат, прославуваат, поминуваат последни момински или ергенски вечери. Таа врска, помеѓу моите две професии, адвокатурата и музиката, ми дава шанса постојано да сум опкружен со многу луѓе, кои го исполнуваат моето секојдневие. Но, кога имам тешки денови во судница, музиката ми помага да ја вратам позитивната енергија. Најголемата среќа за мене е што луѓето препознаваат дека максимално се вложувам, независно дали го работам едното или другото.



Слушате ли македонска музика и кои изведувачи и песни Ви се омилени?

Прашањето е супер и го поставувате на вистински човек во вистинско место! Слушам само македонска песна. Омилен пејач ми е Александар Сарев, пејачка Вања Лазарова, групи Синтезис, Македонски мерак, Кода. Омилени песни имам многу. Овде би ги одвоил: „Помолила Бога Маца“ на Синтезис, „Тајно моја“ на Тоше Проески, „Бато“ на Калиопи.

На кои места во Македонија сакате повторно да се навраќате?

На моето Свети Николе (Мечкуевска куќа), Дојран, Маврово, Лешок, Битола и Берово.

Без кој македонски производ не може да Ви мине денот?

Без смоки од Витаминка. Со задоволство ги купувам, а со семејството консумираме џамбо и екстра џамбо пакување.



Јадете ли пастрмајлии која Ви е омилена?

Да, јадам и секогаш кога тоа го правам на трпезара е мојата омилена, пастрмајлијата од Свети Николе. Се друго и сите други се инстант. Инаку, преферирам јадење наспроти готвење.

На што Ве асоцира зима во Македонија?

Зимата ме асоцира на пастрмајлии, на вино, Нова Година, Божиќ, слави,...

И.Н



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...