ЕСМА РЕЏЕПОВА ТЕОДОСИЕВСКА

Празниците во Македонија се рај за сите сетила

За неа не треба посебно претставување, Ја знаат насекаде, и младо и старо. Речиси шеесет години е на сцената и има одржано над 20 илјади концерти насекаде низ светот. Секогаш и секаде со гордост истакнува дека е Македонка. Таа е Еска Реџепова Теодосиевска.

На новогодишната ноќ бевте дел од програмата на организираниот дочек на Новата 2015 година на плоштадот Пела. Какви впечатоци носите?

Најпрво на сите сакам да им ја честитам Новата година и да им посакам: здравје, љубов, радост и многу весели моменти! Би рекла традиционално се дружам со моите сограѓани, со моите Македонци за дочекот на Новата година. Така беше и претходните години, а така беше и годинава пред Триумфалната порта. За мене секој настап е новбо доживување искуство. Морам за кажам дека беше многу студено. Сепак, успеав да ја загреам публиката и со мене сите да играме на звукот на мојата песна. После овој настап можам без проблем да настапувам и да Северниот пол, хаха.

Што за вас значи прославата на Новата година и празниците кои претходат и кои следат?

Тоа се моменти кои се случуваат еднаш во годината. Празниците значат собирање, здружување на едно место на семејството и на сите оние кои ги сакаме. Ме радува што ние Македонците имаме посебна почит кон сите празници во овој период, посебно кон Божик. Освен душата, тогаш е полна трпезата и тоа е рај за сите сетила.

Кога гостувате надвор од земјава вие секогаш со истакнувате дека сте горда Македонка. На што посебно се гордеете?

Сосема сте во право со фактот што го кажавте! Каде и да одам секогаш сакам да го истакнам она моето и нашето-она што го носам во себе. А, тоа е фактот што сум и од каде сум. Јас сум родена во Скопје и сум Македонка и се гордеам на мојата земја и на моите корени. Уживам кога на свој препознатлив начин ја претставувам Македонија и сите нејзини убавини.

Кои од тие убавини ви се најубави?

Секоја е убава на свој начин и заедно прават прекрасна целина, целина наречена Македонија. Во неа се е најубаво: луѓето, културата, музиката, историјата, природата, храната...

А, кое е најголемото богатство на Македонија?

Народот. Работам за да помагам колку што можам на мојот народ и сакам да живеам заедно со сите мои сограѓани.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...