LoveMK, Бојан Маротов, музичар

Македонија е сон со весели луѓе на јаве

Бојан Маротов е син на музичкото дуо Маротов, т.е. на Јуле и Баже, кои се академски музичари и педагози. Благодарение на настапите, Бојан одлично ја познава Македонија. На публиката пак, најпрепознатлив и е од учеството во емисијата „Еден бакнеж” на Алфа ТВ. На минатонеделната манифестација „Златна Буба мара на популарноста”, емисијата ја освои наградата за најдобра музичка емисија.

Како се чувствуваш после добивањето на наградата?

Прекрасно. Морам да кажам дека наградата не е само моја и на музичарите, туку на сите оние кои учествуваат во големиот проект: пејачи, водители, техничка екипа, соработници, костимографи...Ме радува фактот што со емисијата на некој начин го оживеавме духот на минатото, нормално прилагоден за денешните потреби. Македонската забавна музика изобилува со прекрасни песни и ме радува што јас дадов придонес во нивно повторно популаризирање и доближување до новите генерации.

Со оглед на фактот што постојано настапуваш низ Македонија, колку публиката сака да ги слуша старите македонски евергрини?

Многу сака да ги слуша и тој интерес постојано расте. Морам да кажам дека македонската публика е музички образувана и пребирлива и кога нешто и се допаѓа тоа сака повторно и повторно да го слушне.

Каде до сега низ државава си го имал највпечатливиот настап?

Највпечатлив и истовремено најубав настап за мене беше оној пред неколку години во ресторанот Камник во Скопје. Настапував со Оливер Драгојевиќ и таа вечер се оствари еден од моите соништа. Би нагласил уште и тоа дека уметникот е уметник музичар се додека во него постојат емоции, без разлика на години и старост. Се додека таа магија постои ќе има емоции, зашто тоа е она вистинското.

Како со еден збор би ја опишал Македонија?

Ако баш треба со еден збор да ја опишам, тоа би бил СОН.



Што мислиш за Македонците?

Мислам дека како народ сме многу весели, отворени и комуникативни. Ми се допаѓа тоа што живееме без многу да се заморуваме за се околу нас.

Која ти е најомилена македонска народна и забавна песна?

Македонска народна „Дај ми надеж” од Смиља Митревска, а забавни имам неколку. Во оваа прилика ќе ја одвојам „Кога те нема” од Хелена Благне, победничка на првото издание на „Макефест” во 1986 година во Штип.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...