LoveMK, Сузана Спасовска, уметник

Македонија е сè, само обична земја не

Сузана Спасовска и се е јасно! Секоја нејзина интерпретација е единствена со ѕвонливиот глас кој душата, истовремено ја возбудува и смирува, ја гали и возвишува. Минатата среда, на сцената на новиот Македонски народен театар одржа несекојдневен концерт, насловен „Виолина и глас”, кој воедно претставуваше промоција на истоимениот албум.

Какви се импресиите од концертот?

Импресиите не се опишуваат, тие се чувствуваат. Атмосферата која ја создадовме публиката ја почувствува и тоа е она што ќе го паметам. Уште сум возбудена и под големи импресии од концертот. Коментарите не стивнуваат што, потврдува дека предизвикавме позитивна реакција.

Задоволни ли сте од настапот?

Да и за тоа задоволство придонесе мојот колега и голем пријател и соработник, маестро Зоран Џорлев со кого ни е заеднички албумот „Виолина и глас”. Се беше отпеано во боите на етно класиката, отсонувано во фолклорната нишка на музиката, почувствувано под прстите на Штраус и Бетовен на еден нов, модерен, македонски начин. Несекојдневните аранжмански обработки на едни од најубавите македонски изворни песни се дело на Сашо Ливрински.

Со оглед на Вашите чести патувања и настапи низ светот, како на странците им ја претставувате Македонија?

Како земја која е сè, само обична не.

Што најмногу сакате во неа?

Контрастите и крајностите, како исток и запад, како север и југ, како топло и студено, како ден и ноќ. Помеѓу сите нив постои огромен спектар сочинет од детали и нијанси. Тоа е евидентно во нашата култура, историја, однесување, за што неминовно придонело времето кое е сведок на се.



Кога мислите на родното Скопје, всушност мислите на...?

На мојот дом, на мојата фамилија, на моите најблиски, на детството, на младоста, на дружбите, почетоците, работата, на сите нови почетоци. Во моментов мислите за Скопје и воопшто за Македонија ми се концентрирани на Ансамблот за народни песни и игри „Танец”. Во годината кога „Танец” одбележува 65 години од постоењето, јас сум дел од ансамблот како пејач-солист првенец. Имаме многу планови и цели кои треба да ги реализираме во оваа јубилејна година, но и во годините што следат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...