LoveMK Владо Јовановски, актер

Кај нас Македонците во функција е „природниот интернет”

По премиерата на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки”, мината среда беше одржана скопската премиера на новиот филм на режисерот Антонио Митриќески, „Деца на сонцето”. Главната машка улога ја толкува Владо Јовановски, реномиран филмски, театарски и телевизиски актер, Тука треба да се споменат и неговите остварувања во „Балкан кан”, „Прашина”, „Ревизор”, „Бесови”, „Животот е убав” и серијалот „Мојата чудесна земја”.



Сега кога сте во екот на Вашата актерска зрелост, тешко ли е да се биде актер?

За мене воопшто не е тешко, зашто ја имам слободата и љубовта кон професијата. Актерот, во принцип, работи 24 часа дневно и нема работно време. Така научил да ја празни енергијата на претставата, да доживува катарза, со смеа и интеракцијата со публиката.

Вашето потекло е од Источна Македонија. Освен родниот Пробиштип, кои места би ги издвоиле?

Македонија ја сакам и почитувам во целина. Во оваа прилика не би издвоил некои места кои се општо познати, туку сакам да споменам топоними кои никако не смеат да се заобиколат, а уште помалку да се заборават: Грамади, Грбовец, Киселица, Двереки, Расје, Кала, Осое, Плавица, Градини, Ливашница, Врбак, Провалија, Дубо, Горуно, Попов дол, Бела вода, Марешево, Илин крс, Големиница, Острово, Чукарки, Струга, Рамниште, Трикладенци, Јастреб, Три чешми, Трњак, Анџиска чешма, Раткова скала, Рамни вир, Богородица...

Која карактерна особина најдобро не опишува нас Македонците?

Гостољубивоста. Традиционално, ние сме гостољубив народ и тоа се докажало, се докажува и ќе се докажува. Кај нас Македонците го ценам и она што според мене го нарекувам „природен (или општествен ако сакате) Интернет”, кој функционира од поодамна и за кој не се потребни компјутери и струја. Имено, кај нас како малуброен народ, информацијата се шири со брзина на умот, т.е. со „мозкјутер” ( мозок-компјутер).



Омилен лик од македонската историја?

Александар Македонски. Покрај сè што се случува околу нас, мислам дека митот за него никој и ништо не може да го сруши, зашто митот е нематеријален и вонременски. Патем, ми се допаѓа како Александар го решил Гордиевиот јазол.

Што прво би му покажале на некој странец кој прв пат доаѓа во Македонија?

Филмови, македонски филмови. Како пример ќе го наведам „Македонска сага” на легендарниот режисер Бранко Гапо. „Македонска сага” е прв игран филм снимен во суверена Македонија во преиодот 1991/92 година. Воедно, тој е и мој прв долгометражен игран филм во кој глумам. Оттогаш поминаа дваесет години, многу вода протече низ Радика-реката во која скокав една зима, а како да беше вчера. Понекогаш имам чувство дека сиве овие години, на колективен план, како истиот филм да го живееме и тематски и како наслов. Македонска сага или приказна заврзана во јазол.

И. Николовски



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...