LoveMK, проф: д-р Карлос Флорес

Без резерва сум голем пријател на Македонија

Хубериас, почесен конзул на Република Македонија во Кралството Шпанија во покраината Валенција

Уште при првото запознавање со Проф. Хубеирас, недвосмислено стекнавме впечаток дека тој е голем пријател на нашата земја. Меѓу останатото рече: „Македонија има предиспозиции да биде спој меѓу истокот и западот, па дури и меѓу југот и северот, односно меѓу Средоземеното море и континенталниот дел на Балканот. Најверојатно ова наоѓање, овој спој на спротивности, на поврзување е она што најдобро ја карактеризира Македонија”.



Како се случи Вие да станете почесен конзул на РМ во покраината Валенсија?

Јас сум веќе 25 години професор по Уставно право и политички науки на Универзитетот во Валенсија. Од почетокот на мојата кариера, како истражувач, ме интересираше процесот на политичка транзиција, демократска консолидација и европска интеграција на земјите од поранешниот „социјалистички блок”. На крајот на 90-ите, а како резултат на мојата прва посета на Македонија, започна мојот интерес за ситуацијата во неа. Објавив неколку студии посветени на демократската транзиција, уставниот модел и решенијата за меѓуетничките конфликти. Овие трудови стигнале до тогашното дипломатското претставништво на Република Македонија во Мадрид. Оттаму ме запознаа со желбата на тогашната македонска влада за интензивирање на односите со Кралството Шпанија. Бев предложен да бидам почесен конзул на РМ во покраината Валенсија. И јас на драга волја прифатив!!! Оттогаш мојот интерес за Македонија и нејзиниот политички развој не престана да расте. Последниве години ја продолжив истражувачката работа и објавив нови трудови во врска со процесот на европска интеграција и пречките со кои се соочува Македонија, особено проблемот со името. Освен ова, ги продлабочив како професионалните, така и личните врски со вашата земја.

Колку често доаѓате во Македонија?

За жал јас немам некои формални задолженија поради кои би требало да ја посетувам Македонија на одредено време. И покрај тоа, во последниве пет години, сум бил три пати, два пати по повод состаноците на конзуларниот кор и третиот пат бев на одмор со моето семејство. Се надевам дека мојата следна посета ќе биде пред крајот на годинава, под услов ако се потврди една многу добра вест што ја чекам веќе неколку месеци. Но, пред сè, убеден сум дека ќе се формализираат врските за соработка на подолги патеки, меѓу мојот универзитет, Universidad de Valencia и една престижа академска институција во РМ со што ќе се овозможат почести посети во двете насоки.

Има ли нешто што посебно Ве привлекува и Ви остава неизбришлив впечаток?

Би истакнал два елемента поврзани со македонската култура кои ме привлекувале уште многу одамна, пред да почне мојата дипломатска врска со Македонија. Прво, византиската историјата и уметност поврзани со православната литургија и иконографија. Токму заради ова, уште од првиот момент Македонија за мене претставува исклучително фасцинантна земја со огромно културно богатство скриено во црквите и манастирите. Со ова богатство и со неспоредливата атмосфера на бои, убавина и мир содржано во тие места, одново и одново се запознавам со секое мое доаѓање. Второ и други аспекти на македонската култура кои ми беа непознати пред моето прво доаѓање овде ме привлекуваат и фасцинираат. Еден од нив е македонската кинематографија, за чие запознавање и дифузија со шпанската публика активно се залагам. Во Валенсија организирав неколку јавни кино проекции со еден циклус на македонски филм кој се одржа пред три години во рамките на Етнолошкиот музеј на Валенсија. Освен филмот, тука е и музиката, како традиционалната, така и модерната и посебно нивното умешно комбинирање од страна на бројни македонски групи и солисти.

Кое Ви е омилено место?

Охрид. Охрид го посетив дури во моето петто доаѓање и тоа по инсистирање на моите пријатели во Македонија. Јавно признавам колку биле во право! Охрид е автентичен, фасцинантен, место за уживање во природните и културните богатства, едно од оние места во кое секој би сакал да се изгуби.



Oмилено јадење од македонската кујна?

Сум имал повеќе прилики да уживам во македонската традиционална храна и тоа во најдобрите ресторани во земјата. Тоа е вистински фестивал за сите сетила. Сепак, за мене се попривлечни едноставните, но толку силни вкусови и ароми на секојдневната храна достапна на секој чекор: Шетајќи по Старата скопска чаршија или во придружба на едно многу студено Скопско… би ги споменал бурекот, ќебапот, штипската пастрмалија...

Што мислите за македонскиот народ?

Според мене, многу жители на Македонија мислат дека живеат во една мала земја во регион на конфликти и на некој начин непријателски соседи и на која за опстанок и се потребни моќни пријатели, иако географски далечни. Јас дефинитивно не сум пример за „моќен”, ама затоа без резерва сум голем пријател на Македонија. Убеден сум дека оваа карактеристика има разбудено многу симпатии и ми има отворено многу врати во Македонија. Како последица на овој факт, секогаш кога сум овде, буквално сум опкружен со внимание и гостопримство од страна на моите стари и нови пријатели. Тие се поттикнати од својата најискрена желба да возвратат на напорите што ги правам во Шпанија за ширење на македонската кауза.

Знаат ли Шпанците нешто повеќе за Македонија?

За мнозинството во Шпанија, Македонија се уште е непозната земја. Малкумина можат да кажат нешто повеќе за Македонија, освен дека се наоѓа некаде на Балканот, дека е татковината на Александар Велики и дека има добри кошаркари и не толку добри фудбалери. Заради ова, една од моите основни задачи како конзул и како пријател на Македонија е токму тоа, ширење на македонската култура, распространување на повеќе знаење меѓу шпанскиот народ за тоа кои се Македонците кои се предизвиците со кои се соочува земјата, со што се карактеризира овој народ и по што се разликува од соседите. Интересно е кога ги гледам вчудовидените лица на моите сограѓани кога им кажувам дека познатиот византиски император Јустинијан не се родил во Константинопол, ниту Мајка Тереза во Калкута, туку во Скопје; или дека војната во поранешна Југославија не ја допре Македонија или дека оваа земја чека за прием во Европската унија веќе цела декада заради ветото поставено од страна на една единствена земја членка на унијата.

И. Николовски



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...