LoveMK, Благоја Грујовски, пејач

Јадам што ќе начекам, ама со усул!

По образование е новинар, по професија пејач и инструменталист, а по лично убедување многу страстен обожавател на родната Македонија. Благоја Грујовски. Минатиот викенд, на 30-тото, јубилејно издание на Фолк фест Валандово, со песната „Ако некогаш” го освои третото место.



Какви импресии носите од Валандово?

Прекрасни! Годинава фестивалот блесна во полн сјај и во техничка и во содржинска смисла. По подолго време на едно место се собраа многу пејачи од различни генерации, пејачи кои оставиле белег врз историјата на Фолк фест Валандово. Освоената награда многу ме израдува, затоа што е од публиката и затоа што е доказ дека она што го работам и креирам допира до срцата и душите на слушателите.

Дали и колку Македонија Ве инспирира?

Ме инспирира секогаш и секаде. Македонија е инспиративна на посебен начин. Доказ за тоа е песната „Се уште те сакам” која ја промовирав пред Валандово. Песната е реализирана со средства од владините субвенции. Проектот го замислив и го реализирав во соработка со Горјан Гокса Стојановски и Јован Јованов. Промоцијата на песната всушност беше заедничка со колешката Анета Наковска која исто така промовираше песна поддржана со истиот проект.



Како во една реченица би ја опишале Македонија?

Македонија од песните: Чудесна, жална, една, наша, моја...

Кое место Ви е најомилено?

Лазарополе. Таму се моите корени и детски спомени.

Кога ги спомнавте спомените на детството, која детска песна Ве асоцира на тој период?

„Марионка” од Васил Гарванлиев кој беше отпеана на Фестивалот на детска песна „Златно славејче”.

Кои културни настани се најзначајни за Вас?

Струшките вечери на поезијата и Skopje Jazz Festival, зашто ги почитувам поетите и џезерите!

Готвите ли македонски јадења?

Не готвам јадења. Јадам што ќе начекам, ама со усул!

И.Н



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...