LoveMK, Огнен Јанески, новинар и водител

Од кожа ме вади моментот „Заедно сме послаби”

Народот го знае како лик од ТВ екраните, со специфичен глас, за кој музиколозите одредиле оти е бас. Но, малкумина знаат дека Огнен Јанески е израснат и образован во Прилеп, со лични документи кои целиот негов живот му се на скопска адреса, а Заводот за вработување го води како вработен во Штип. Уредникот-водител, колумнист и активист за човекови права, денес во LoveMK одговора на поспецифични прашања кои на прва го асоцираат на патување низ Македонија.



Ако не беше Прилепчанец, од кој крај на Македонија би сакал да беше родум?

Веројатно од некои краишта што се покрај вода: Струга или, пак, на која било страна од Галичица. Но, најмногу во главава ми се врти пределот на Македонска Каменица со вештачкото им езеро таму, во кое се имам заљубено ептен, кога сум минувал покрај него. Природата околу Берово, Пехчево и Делчево ми е ептен убава. Источна Македонија, секако ја земам предвид, зашто народот ми е многу весел и понасмеан.

Карактерно, што најмногу сакаш, а што те вади од кожа кај Македонците?

Кај Македонците најмногу ми се допаѓа фактот, оти (во најголем дел) си тераат на шега, колку и да е нештото сериозно. Но, од друга страна, истата таа работа ме „вади од кожа“, поради немањето никакви граници за терање шеги. Многу работи во државава не смеат да се сфатат на шега. Ме вади од кожа моментот, кој станува вистинска реалност, а тоа е дека „заедно сме послаби“.

Што прво им кажуваш на странците кои за прв пат доаѓаат во Македонија?

Дека како земја имаме што да понудиме: природа, планини, пештери, езера и реки. Селскиот туризам особено им го препорачувам, а посебно во поречкиот и ресенскиот крај. Ако странците се за кратко тука, ќе им посочам убаво да се најадат и напијат. Ако се за подолг престој, ќе ги прашам: „Заради каква мака ти се згрешило да се преселиш тука?“, хаха.



Кое е наше најголемо богатство?

За мене, најголемо богатство е фантастичната музика што ја имаме – изворна и народна музика. Но, имаме и преубава македонска поп-класика. За сè останато ако почнам да пишувам, ќе ми треба комисија за оценување, затоа што сигурно ќе достигне големина на докторска дисертација.

Омилен македонски филм, серија, театарска претстава?

Омилени македонски филм ми е „Среќна Нова ’49-та“. Жално е што во денешно време, се снимаат филмови со патриотско-националистички содржини, наместо да се истражуваат космополитските вредности, како порано. Омилени македонски серии, кои ми останале од детството, зашто денес не гледам, поради слични причини, наведени во делот за филмот, би ми биле „Умни глави“, „Опстанок“, „Погрешно време“ – серии кои се занимаваа со живите, а не со мртвите луѓе. Омилена театарска претстава немам, зашто повеќе сум насочен кон македонската драматургија (фан сум на Дејан Дуковски и на Горан Стефановски), во основа. Но, сепак – претстави што ми оставиле белег се: „Тапани во ноќта“ (Прилепски театар) и „Гилгамеш“ (Турски театар).

Ајвар или малиџано?

Ни првото ни второто. Ајварот престанав да го јадам, не поради некоја причина, туку природно ми се исфрли сам од исхраната, а малиџано никогаш не сум ни пробал. Ако сум го пробал, а не се сеќавам, тогаш не му е местото во мојата исхрана.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...