Оливер Лазаревски, Македонец во Шведска

„Мераци” е збор кој го разбираат и Швеѓаните

Оливер Лазаревски припаѓа на втората генерација Македонци кои живеат во Трелеборг (близу Малме), Шведска. Професионално се занимава со фотографирање и монтажа и е редовен соработник на најпознатиот шведски режисер Јан Троел. По неколкугодишна пауза повторно беше во посета на Македонија.


со Јан Троел

Како ја доживеавте посетата на Македонија и што прво и кажавте на Вашата фамилија по враќањето дома?

Посетата ја доживеав како одмор на егзотично место каде наместо море имаше огромен океан од убави, насмеани и добродушни лица. Да, навистина! Јас уживав, а сите околу мене правеа сè тоа чувство да не ме одмине и да трае додека сум тука на гости. Бев да посетам близок другар и неговата фамилија во Скопје и бев во Битола, во градот на моите родители, но и во градот каде почна мојата творечка кариера. Прво што кажав на фамилијата Лазаревски во Малме беше реченицата дека поминав шест дена полни со љубов, смеа и преубо јадење. Jавно ветувам дека на пролет ќе дојдам повторно, но со жена ми!

Во една реченица, Македонија е...?

Земја со културен народ и прекрасна природа.

Колку често слушате македонска музика и кои Ви се омилени песни?

Многу често. Македонската музика е со нас во секоја прилика. Дури и моите деца и пријатели знаат многу наши песни. Слушаме и народна и забавна музика. Секој ден редовно ги слушам моите омилени четири песни: „Бисер Балкански” од Гоце Николовски, „Нусе Нусе” од Владо Јаневски, „Ариа” и „Ангел си ти” од Тоше Проески.

Македонска ракија или македонско вино?

Ракија! Прашањето е погодено за мене, хаха. Ракииче заедно со салата за мене е нешто типично македонско и никогаш не велам не ако се пред мене.

Најчесто употребуван македонски збор?

„Мераци”! Знам дека овој збор е одомаќинет и се користи во многу балкански јазици и оттаму ми има поголемо значење и важност. Речиси секогаш и во Шведска го користам овој збор кога сакам да искажам воодушевување или кога ќе слушнам убава вест или информација. Заради честата моја употреба, на шега велам дека зборот „мераци” веќе го разбираат и Швеѓаните и треба да стане дел од нивниот јазик.



Која е предноста на Македонија во однос на Шведска и обратно?

Предноста на Македонија е во фактот што Македонците се подружељубиви, покомуникативни и имаат социјален живот. Каде и да отидеш можеш со секого да разговараш. Предноста на Шведска е во фактот што има повисок стандард и поразвиена инфраструктура. Но, гледам дека и Македонија веќе е на тој пат.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...