ЕКСКЛУЗИВНО ОД БЕЛГРАД

Саке Boss за Идивиди: Тајната на мојот успех е во искреноста

Луксузна хотелска соба, а во неа неколку луѓе, фотографска екипа и шишиња скап шампања. Сите во исчекување... По неколку минути во собата влегува тој.

-И сега каде да седнам? прашува додека весело разгледува наоколу и срдечно се поздравува ракувајќи се со сите присутни.

Бади Валастро е сето она што посакувате да биде. Харизматична појава која плени со својата едноставност и пристап, потполно свесна за својот статус на ѕвезда, а сепак совршено приземјена. За себе вели дека ужива во тоа да биде татко, син, сопруг, личност која преку шоуто Cake Boss инспирира милиони луѓе ширум светот и секогаш е подготвена за нови предизвици.

Познатиот мајстор за торти мината недела го посети Белград, но вети дека во прва прилика ќе дојде и во Македонија за да се запознае со своите обожаватели. Сосема отворено зборуваше за својот бизнис, правењето торти, а воедно и за тоа што го прави поинаков и омилен кај публиката.

Семеен бизнис

-Фамилијата ми е најважното нешто во животот, мојата сопруга, децата, сестрите, мајка ми и сите други. Дури и моите вработени ги сметам за свое семејство. Се грижам за нив како за свои луѓе и сакам нивните судбини и можности да бидат исти како на моето семејство. Многу е важно семејството да е инволвирано на правилен начин во бизнисот. Некогаш ме излудуваат, но тоа е она што го прават семејствата. На крајот од денот никој не работи понапорно од нив.

По стапките на тато

-Забележувам интерес за работата и кај моите деца. Мојата ќерка Софија која има 12 години веќе ја нарекуваат мала Грејс како мојата најстара сестра бидејќи постојано наредува и организира. Со некои нешта едноставно се раѓаме. Моите деца имаат афинитети кон истите нешта кон кои имам и јас. Синот Бади е мошне посветен и воопшто не се откажува, додека Марко само зборува и има прекрасни очи, девојките ќе трчаат по него.

Сонот е исполнет, но без него...

- Половина од мојата визија е реализирана. Секогаш сакав заедно со татко ми да ја направиме пекарата надалеку познато име. Кога имав 16 години приготвуваме торта за венчавка. Тој донесе исечок од магазин и ми рече „Сине можеш ли да ги замислиш нашите торти во еден ваков магазин“, а јас му реков „Тато, јас и ти еден ден ќе ја направиме оваа пекара вистински бренд, Тоа беше во 1993-та. Сега седам во Србија и сето ова е помалку лудо. Кога го започнав шоуто целта ми беше да ја направам пекарата позната, но не знаев дека тоа ќе ги инспирира луѓето, не знаев дека ќе и помогне на слаткарската индустрија, не знаев дека семејствата ќе се собираа на половина час секоја недела. Не бев свесен дека ќе им помогне на луѓето кои поминуваат низ тешки моменти.

Cake Boss е многу повеќе од обично телевизиско шоу

- Cake Boss им значи многу на различни типови луѓе и затоа го менуваме фокусот. Првично сето тоа беше само бизнис, а сега е насочено кон правење на добра инспиративна содржина наменета за семејството. Едно мало девојче од Бразил ми рече дека многу и се допаѓа шоуто бидејќи ја инспирира никогаш да не се откажува и да ги следи своите соништа. Кога 10 годишно дете ќе ти го каже тоа почнуваш да ги сфаќаш работите. Ако јас не се откажам, ниту луѓето нема да се откажат. Кога правам торта верувам дека можам да ја направам. И навистина верувам во тоа дека ако го сакаш она што го работиш, веруваш во себе, посветен си, можеш да направиш се.

Изглед или вкус?

- Според мене подеднакво важно е тортата да биде убаво декорирана и вкусна. Ако нема убав вкус, луѓето велат „Убава е, но не ми се допаѓа“. Горд сум што можам да кажам дека нашите торти ги исполнуваат и двата критериуми. Најубаво на светот, е кога некој ќе ви ја погледне тортата и ќе си рече колку добро изгледа, а потоа ќе ја проба и ќе биде воодушевен од вкусот. Можеби за нијанса е поважно да биде вкусна, отколку добро да изгледа зошто декорирањето е нешто што можете да го извежбате и секогаш да изведете подобар дизајн. Тоа постојано им го велам на луѓето, јас сум добар декоратор на торти зошто сум декорирал илјадници торти. Кога правам цвет не ни мислам на него, инстиктивно го изработувам. Ако тортата има лош вкус, односно имате лош рецепт тогаш декорацијата нема да ве спаси од фијаско.

Тајната на мојот успех е во...

-Колку повеќе мислам на тоа толку повеќе сфаќам дека тоа е искреноста и комуникацијата која ја имам со своите клиенти. Кога ме гледате на телевизија како седам и зборувам со нив, е токму она што го правам во реалните ситуации. Уште од почетокот на шоуто во текот на саботите и неделите се среќавав со околу 40 различни клиенти и сонував за торти заедно со нив. Сум разговарал со невести кои имале можност да избираат помеѓу поевтина и поскапа верзија на една торта, па не можеле да се одлучат.

Секогаш сум бил искрен и сум велел земи ја поевтината, а другите пари инвестирај ги во својот дом. И навистина го мислам тоа. Како и да ја направиме повторно ќе изгледа прекрасно, а тие ќе заштедат. Со тоа добив доживотни клиенти кои знаат дека се грижам за нив. И тоа е навистина така бидејќи сакам повторно да дојдат и да нарачаат торта. Кога го имате тој однос луѓето ви веруваат. Можете да бидете кретени и да ја искористите ситуацијата, но кога сте фини, а ви се случил некој проблем како погрешен фил или оштетена торта, тие луѓе знаат како да ви прогледаат низ прсти.

Мислам дека 90 проценти од тоа да бидеш добар слаткар се состојат во тоа да бидеш искрен.

Н. Вуковиќ



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...