3 дена во Кинотека: „Филмови на големото срце“

Најмладата публика претстојниот викенд (5-ти, 6-ти и 7-ми јуни) во Кинотеката на Македонија ќе има можност да погледне 10 филмови, одбрани во официјалната програма на првиот филмски фестивал за деца- „Тинтири – Минтири“. Покрај богатиот филмски репертоар, публиката викендов ќе добие можност да учестува во повеќе работилници, конкурс за најдобро сценарио, а повеќе за самиот фестивал од м-р Кузман Кузмановски, раководител на центарот Тинтири Минтири, а воедно и директор на фестивалот.



Тинтири - Минтири е навистина интересно име за фестивалот за деца. Која е приказната за тоа како дојдовте до името на првото издание на самиот филмски фестивал за деца?

Креативниот центар Тинтири - Минтири постои веќе 13 години. Уште на почетокот ја констатиравме темносивата „гама“ која што светската индустрија за деца свесно или несвесно ја сервира на најмладата популација. Сметајќи дека има ведрина и боја на претек во нашите животи, решивме со сопругата да измислиме еден весел и колоритен остров каде децата ќе учат смеејќи се. Највесел предлог беше токму Тинтири – Минтири за која синтагма подоцна дознавме дека се пее во прилепско за радост на децата и така тоа со векови. Од таму и името на фестивалот, да трае.



Од пријавените 96 филмови, вкупно 10 беа одбрани за да бидат прикажани. Кои беа критериумите според кои ги одбравте и кои се дел од насловите кои публиката ќе има можност да ги погледне на фестивалот?

Во детскиот аудио – визуелен океан демнат многу опасности за децата. Сметам дека успешно „пливаме“ во тој свет и филмовите кои ги одбравме се доволно динамични и вистинити да го разбудат интересот и да го задржат вниманието на децата, од една страна, и да ги подучат и развеселат од друга страна. Се разбира дека тие ги задоволуваат естетските критериуми за филм. Она што треба да се истакне е тоа дека на фестивалот освен филмови за деца ќе се прикажат и филмови од деца (детски филмови). Осум кратки филмови целосно се изработени од деца. Од членовите на КЦ Тинтири - Минтири ќе се прикажат: „Се се враќа се се плаќа“, „Изгубеното куче“, „Бегство“, „Хајка“...

Прикажувањето на самиот фестивал ќе се одржи од 5-ти до 7-ми јуни во Кинотеката на Македонија (која е една од организаторите на филмскиот фестивал). Но во рамките на самиот фестивал се најавени и две различни работилници. За архивирање на филмови и изработка на анимирани ликови. Каде ќе се одржат тие работилници, кои се критериумите за учество во нив и што можат учесниците да добијат со нив?



Кинотека на Македонија го препозна потенцијалот и уникатноста на фестивалот и како партнер во организацијата на истиот ги стави на располагање своите ресурси. И’ благодариме на директорката Мими Ѓоргоска- Илиевска и на сите луѓе од Кинотека на Македонија што ни ги отворија вратите за работилниците и за проекциите.



Колку чини еден кино-билет за Тинтири Минтири филмскиот фестивал?

На наша среќа, а верувам и на среќа на најмладите, билетите се бесплатни.

ИНајавивте наскоро отварање и на „клонови“ во повеќе градови низ Македонија на овој фестивал. Каде најмладата публика ќе може да ги очекува „клоновите“ (во кои градови) на фестивалот и кога?

Водени од интересот на децата кои и од други градови сакаа да доаѓаат во „Тинтири – Минтири“ во Скопје, решивме ние да појдеме кај нив на гости. Но, претходно во јуни месец ни следува кампот со наслов „Потрага по загубеното богатство“. Две екипи деца ќе научат како да се снаоѓаат во природа и при тоа ќе снимат интересна потрага. Пријавувањето е во тек. Потем ќе појдеме на нашето среќно патување низ Македонија. Клоновите би требало да се формираат најдоцна до септември. Досега интерес пројавија деца од Куманово, Крива Паланка, Охрид и Кочани.



Покрај самите проекции на одбраните филмови и работилниците самиот фестивал организира и конкурс за најдобро сценарио. Кажете малку повеќе за самиот конкурс, квалификациите и условите и возрасната граница за учество на самиот конкурс.

На конкурсот можат да се пријават деца на возраст од 6 до 14 години. Сценариото не треба да биде подолго од 10 исчукани страници со 12 фонт. Наградата ќе биде снимање филм по сценариото во рамките на школата Тинтири - Минтири. Рокот за пријавување е до 1-ви август.


 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...