СОВЕТИ КОИ МОРА ДА ГИ ЗНАЕТЕ:

Како лесно, без грижи, казни и „мирна глава“ да патувате на одмор

Летото е на прагот, а со тоа и нашата желба за летен одмор е сè поголема. Сепак, од желба до реализација има неколку крупни чекори - најпрвo треба да се одлучиме каде на одмор, па да го одредиме тајмингот, за на крај да размислиме како да стигнеме до нашата посакувана дестинација, на која барем 7 или 10 дена би уживале на плажа. Доколку се одлучиме да одиме на летен одмор со нашиот автомобил, веднаш започнуваме да правиме пресметки колку тоа би нè чинело, почнувајќи од бензин, зелен картон, редовен сервис и евентуално одредни мали поправки со цел безбедно да стигнеме таму каде што сме посакале.

Во сите тие калкулации, луѓето најчесто забораваат на еден важен детаљ во подготовката на автомобилот за на пат, а тоа се пневматиците, кои се многу важни за нашата, но и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Токму поради тоа решивме да разговараме со Кристијан Московски Николовски од првата онлајн продавница за гуми во Македонија, Gumi.mk.

Со оглед на тоа што летните одмори веќе започнаа, би сакале да знаеме на што најмногу, што е поврзано со гумите, треба да внимаваат оние кои ќе заминат на летување со својот автомобил?

Пред сè ни следат доста топли и жешки денови, а надворешната температура влијае на самите пневматици, па врз основа на тоа секако дека мора и треба да се проверуваат и контролираат истите на своето возило. Тоа треба да го прават редовно, а не како што сите ние знаеме, периодично. Имено, ова важи за сите оние кои секојдневно го користат своето возило, бидејќи покрај сите добро познати проверки и контроли на машината, т.е. моторот, како и течностите и маслото во него , мора и треба да ги проверат гумите непосредно пред заминување на летен годишен одмор. Најпрво треба конкретно да се изврши увид на самата состојба на пневматиците односно дали истите се веќе истрошени и амортизирани, а доколку се, тогаш без размислување треба да се заменат со нови бидејќи сепак станува збор за возење на некоја подолга релација врз жежок асфалт. Второ, доколку гумите сè уште се употребливи, следната проверка која е од исклучетелно значење е подесувањето на стандарден воздушен притисок во целиот сет од 4 гуми, кој е пропишан на самото возило од страна на фабриката која го произведува истото. Трето, сето ова горенаведено може да го остварите кај најблискиот вулканизерски сервис за да можете, како што би се рекло, со мирна глава заминете на пат.

Какви се законите кај нас и во странство за шарите и излижаноста на пневматиците и колку тие се почитуваат?

Законот кај нас е јасен и концизен и се движи во правец и единствена цел кон поголема безбедност во сообраќајот. Имено, законот вели дека до 4 мм шара или длабочина за шарата на самите пневматици е крајниот минимум под кој не смееме да си дозволиме да продолжиме со возење. Таа граница од 4 мм е означена на секоја гума со еден граничник до кој е дозволена максимална амортизација на гумите. Во спротивно, доколку продолжиме и натаму со користење на истите, се загрозува безбедноста не само на возачот и сопатниците, туку и на сите во сообраќајот. Паралелно тоа сега е проследено со високи и ригорозни парични казни од страна на Полицијата. Од друга страна пак, во странство сите овие правила и прописи се почитуваат максимално, но и казните се далеку повисоки. Во Европска Унија ваквите закони постојат подолг период па луѓето немаат проблем да ги почитуваат. Би сакал да напоменам дека во последно време се повеќе граѓаните на Македонија внимаваат на пневматиците на своето возило бидејќи истите се фактор број еден за безбедноста во сообраќајот, меѓутоа свеста кај нашите граѓани треба уште доста да проработи за да биде на едно задоволително ниво.

Дали нашиот народ внимава и редовно ги менува летните и зимските гуми во зависност од прописите?

Во последно време нашите граѓаните с è повеќе се заинтересирани за купување и менување на летни или зимски гуми, зависно во кој период од годината се наоѓаме. Сепак, таа бројка не е многу голема. Прво и основно, да потенцираме дека треба да се имаат средства за овозможување на оваа пракса. Како второ, треба да се согледа фактот дека оваа практика е проследена од оние граѓани на кои нивниот автомобил им претставува секојдневна потреба без која не би можеле да ги завршат своите обврски.

Како најдобро се заштедува, доколку на автомобилот му ги менувате зимските и летните гуми, или пак постојано возите со летната варијанта?

Секако доколку сте во можност да поседувате и летни и зимски пневматици, вие заштедувате на долг рок. Имено, однесувајќи се рационално на овој начин летните гуми ќе ги користите во пролетниот, летниот и есенски период, додека пак зимските гуми само во зимски период. Кај нас со закон е пропишано правило за зимска опрема ( 4 зимски гуми или 4 летни гуми со ланци) во периодот од 15-ти ноември до 15-ти март. На тој начин ги штедиме и летните и зимските пневматици сукцесивно и што е најважно не ги уништуваме предвреме. Тоа значи дека зимските гуми кои по дефиниција се наменети за користење на температурна состојба од +7 Целзиусови степени и подолу, додека летните гуми за +7 степени и над, со што би дошле до израз карактеристиките и перформансите кои ги нудат самите пневматици. Така наместо почесто да купувате еден сет на гуми кои многу побрзо ќе се истрошат, вие имате 2 различни сета кои ги користите според временските улови и тие ви траат многу подолго.

Колкав е векот на траење на една добра квалитетна гума?

Животниот век на сет 4 гуми зависи од неколку фактори. Како прво, километрите изминати со пневматиците на возилото. Како второ, начинот на возење на возилото ( во град, на отворено, агресивно и брзо возење, домаќинско возење ). Како трето, при редовна контрола и проверка на пневматиците ( притисокот на воздух ) и нивна ротација во текот на нивното амортизирање, еден сет гуми целосно би ги потрошиле и амортизирале за 40000 – 50000 км, односно во просек за 4-5 години.

Колку треба гумите да се напумпани во зависност од нивната големина?

Стандарден притисок на воздух внатре во самата гума е 2.2 бари, меѓутоа секогаш се следат правилата и прописите кои ги има пропишано самата фабрика во која се произведува возилото, а се запишани на самиот автомобил.

Кои се најдобрите марки на гуми кои ги има во Македонија, а кои може да се најдат и кај вас?

Во Р. Македонија се продаваат повеќе брендови кои се квалитетни, од кои кои ќе ги набројам : Ментор, Дајтон, Спортива, Гиславед, Тигар, Дебица, Нексен, Нанканг, БФ Гудрич, Сава, Фулда, Тојо, Клебер, Пирели, Данлоп, Континентал, Гудјеар и Мишелин. Повеќето можат да се најдат и кај нас во секое време, а доколку моментално некој бренд немаме на лагер, а клиентот го побарува, во секој момент може да се нарача директно од соодветната фабрика.

Дали секогаш најскапото е и најквалитетно кога станува збор за гумите, или пак и некоја поевтина марка нуди одличен квалитет?

Во принцип ДА - секогаш најскапото е најдобро и најквалитетно. Нормално, има и зошто е тоа така, барем за пневматиците. Меѓутоа, за нашиот стандард секако дека има и некоја средна варијанта, која би била соодветна за секој џеб, а да е добра и квалитетна.

Кој бил најлуксузниот автомобил кој дошол и од тебе набавил гуми?

Со гордост може да се пофалам дека пред извесно време продадовме и намонтиравме соодветни пневматици Michelin за еден од најпосакуваните луксузни спортски автомобили Porsche Cayman, соодветно дизајнирани за истиот производител со ознака N2 серија.

Од каде ти дојде идејата да започнеш со продавање на гуми преку интернет?

По самото завршување на моето факултетско образование при одделот на Е-Business, долго време размислував за применување во пракса на моето теоретско знаење. Работев во компанија гигант која се занимава и работи во пневматската индустрија, каде што стекнав огромно знаење па откако ја совладав целата проблематика во однос на пневматиците, дојдов на идеја да се обидам целото мое теоретско знаење од факултетот и целото мое практично работење со гуми да ги соединам во една целина наречена Gumi.mk. По претходен договор со компанијата во која работев се осамостоив сам со една нова online продавница. Како млад претприемач, единствена цел и мисија ми беше и ми е да се ориентирам кон максимално задоволување на потребите на потрошувачите истовремено задоволувајќи ги и моите апетити. Мислам и убеден сум дека тоа е клуч на успехот. Успеав да промовирам и нудам најширок спектар на производи по најниски најевтини фабрички цени за сите видови на пневматици со вклучена достава до домашна адреса насекаде низ целата држава, плус со секоја нарачка следува симболична награда за моите потрошувачи. Целиот процес се одвива во само неколку клика, брзо едноставно и што е најважно рационално, заштедувајќи ви време и пари. Полека трендот во светот е да се купува преку интернет, па зошто тоа не би било и кај нас?! Инаку со секоја нарачка донирам 100 денари во хуманитарни цели.

Како реагираат муштериите и какви сè прашања поставуваат околу продавањето на гуми преку интернет?

Целата моја идеја се покажува во пракса како доста корисна и исплатлива за моите клиенти кои секојдневно ми испраќаат позитивен фидбек и позитивни вибрации. Тоа некако ме охрабрува и понатаму да го продолжам патот сè поинтензивно кон својата цел, а со тоа ја сум пресреќен.

Какви се твоите планови за во иднина, а се поврзани токму со бизнисот кој го работиш?

Во иднина, здравје Боже, би сакал покрај провоотворената online продавница, да отворам и offline store за да бидам и физички подостапен за сите потрошувачи и клиенти. Таа физичка продавница секако би била проследена со своја сопствена логистичка поддршка, со што би го достигнал својот максимум во полето на успешно работење во пневматската индустрија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...