Фудбалот се движи во вистинската насока

Претседателот на УЕФА, Мишел Платини, даде ексклузивно интервју за 54-те спортски медиуми од 54-те земји членки на Европската куќа на фудбалот кои учествуваат во изборот за најдобар играч на годината во Европа. „Македонски спорт“ е дел од оние медиуми кои редовно учествува во гласањето за играчот кој ја одбележа годината во Европа па затоа со гордост можеме да ви ги пренесеме неговите размислувања за модерниот фудбал, за фудбалерите, за трансферната политика и многу други работи.

Како ја оценувате минатата сезона и како гледате на наградата за најдобар играч?

„Можам да кажам дека фудбалот што се игра е одличен. Гледав многу натпревари на телевизија и во живо низ целиот свет и сум задоволен од прикажаното. Секоја сабота и недела имаме одличен фудбал во Англија и Шпанија, Германија, Италија, исто така во Португалија и Русија. Тука е и Лигата на шампионите во која учествуваат најдобрите. Екипите сè повеќе играат да победат, а не да не загубат па затоа има сè помалку натпревари без голови. Но, постојат и разлики, како на пример во Франција и Шпанија фудбалот е поинаков од оној во Англија и Италија, меѓутоа мислам дека тоа е добро за развојот на играта.



Со задоволство можам да кажам дека фудбалот се движи во вистинска насока.

Што се однесува до изборот на најдобар играч, тоа го одредувате вие - новинарите. Сакав тоа да биде реално и затоа во соработка со водечките спортски медиуми од сите земји во Европа да учествуваат во изборот. “

Дали ви здодеа да ги делите трофеите на шпански клубови?

„Не, бидејќи Лигата на шампионите е многу тешко натпреварување и затоа што никој не го освоил трофејот две години по ред во споредба со претходното натпреварување (Купот на шампионите). Секогаш го почитувам победникот на ЛШ бидејќи води тешки битки цела сезона. Кога јас играв најважни беа натпреварите од четвртфиналето па до финалето, а сега имаме добри натпревари во септември, октомври... кои не се лесни за добивање“.

Кои се најдобрите фудбалери на денешницата?

Се разбира, Роналдо и Меси.

Дали на некого му давате предност во изборот на играч на годината?



Не. Јас уживам да ги гледам фудбалерите, изборот е работа на новинарите, тренерите и играчите, а не мој. Моја задача е да се грижам за безбедноста на стадионите, за судиите да не направат некоја грешка и фудбалерите да бидат задоволни кога играат“.

Дали мислите дека фудбалот денес е побрз од пред 10 години?

„Секако, но тоа не е до играчите. Не мислам дека денес еден играч побрзо трча од пред 10 или 20 години. Начинот на кој игра фудбал е побрз“.

Роналдо и Меси редовно се на врвот на најдобрите стрелци. Зошто е тоа така?

„Затоа што тие се неверојатни голгетери и зад нив стои одличен тим. Одличен тим секогаш има одличен играч, а одличен играч се станува ако истиот зад себе има одличен тим. Тие работи се во тесна врска. Да го земеме примерот на Јохан Кројф во Ајакс од минатото. Тој секогаш правеше разлика на теренот, но имаше одличен тим кој работеше за него. Фудбалот е колективна игра“.

Што мислите за трансферите на играчи во денешно време?

„Со воведувањето на Босмановото правило работите на трансфер пазарот драстично се сменија. Сега можете да ги имате најдобрите фудбалери во еден клуб. Порано најдобрите играчи играа во различни клубови“.

Тешко е да се промовира интернационалниот фудбал кога клупскиот фудбал е толку силен?

„Она што како организација се обидуваме да направиме во иднина е да ја лимитираме можноста најдобрите фудбалери да бидат сконцентрирани во еден или два клуба. Кога сите се во ист клуб, а тоа не е добро како за младите фудбалери така и за националните тимови. Јас ја поддржувам идејата во екипите да има што повеќе фудбалери од академијата и тоа мора да остане така бидејќи истите добиваат шанса да дојдат до израз, а со тоа на квалитет добиваат и националните тимови“.



Дали финансискиот фер-плеј е добра идеја?

„Моравме да преземеме нешто бидејќи сѝ повеќе клубови почнаа да трупаат долгови. Вкупниот износ на долгови на европските клубови од 1,7 милијарди евра во 2011 година беше симнат на нешто повеќе од 400 милиони евра во 2014 година благодарение на финансискиот фер-плеј. Затоа мислам дека тоа е успех. Има неколку клубови кои се против, меѓутоа јас сум среќен што гледам илјадници задоволни клубови“.

Некои држави преставија свои финансиски правила, а има и клубови во Шпанија кои се исфрлени поради не плаќале такси?

„Добро е што некои држави претставија свои финансиски правила како на пример Англија и Шпанија. Тоа покажува дека сме во право и дека работите на тој план мора да се променат. Клубовите мораат да ги исплаќаат фудбалерите и даноците“.

Што мислите за забраната на право на сопственост на трети лица (ТПО)?

„ТПО е забрането и треба да е така. Играчите во денешно време им припаѓаат на компании кои одлучуваат за нив. Кога ќе влезат во тие менаџерски шеми тие веќе не можат да одлучуваат за себе и стануваат објекти. Според мене тоа е скандал. ТПО ги претвара парите на клубовите во пари на индивидуалци со тоа што клубовите остануваат сиромашни, а индивидуалците се збогатуваат. Ние сме против тоа, и ФИФА и Унијата на фудбалери се против тоа. ТПО не е добро за фудбалот“.



Дали сега е вистинското време да ве видиме на чело на ФИФА?

„Не сакам да коментирам на тоа прашање во овој момент“.

Во Шпанија Анхел Марија Виљар е претседател на Федерацијата 27 години. Дали е добро некој да остане толку долго на позицијата?

„Тој е избран од страна на луѓето што му веруваат па ако е избран од добри луѓе тогаш мора тоа да биде прифатено. Нема ограничување околу тоа колку време може да се остане на позиција. А освен тоа штом гласаат за него значи е добар водач. Ако луѓето не се задоволни со некого тогаш ќе гласаат против. Така функционираат работите. Искрено ја не би останал 27 години на иста позиција“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...