ПОРАКАТА Е ЉУБОВ, ЧИСТА ЉУБОВ

Мојот живот е музиката, вистинска, искрена со мадиња!

На Балканот во 80-те се појавија многу одлични рокенрол бендови, но малку се оние за кои можеме да кажеме дека се уште опстојуваат, прават нова музика, одржуваат концерти и се активни на фестивалите. Во Македонија постои токму таков рокенрол бенд кој постои од 80-те е и сè уште е активен и актуелен. Станува збор за Blla Blla Blla…, кој докажува дека ниту една мисија не е невозможна, дека границите не постојат и дека рокенролот, кој во моментов за жал е ставен во позадина, се уште добро се држи на овие простори. На оваа тема разговаравме со фронтменот на Blla Blla Blla… Идриз Амети додека се подготвуваше за настапот на Д-Фестивал кој се одржува викендов во Дојран.

Од кога започна да се занимаваш со музика и како се случи тоа?

На времето, Југословенската сцена беше многу силна и актуелна, но и квалитетна. Денес би ја споредил со Премиер лигата на пример во фудбал на светски ранг. И нормално сонувавме да бидеме дел од неа. Кога велам да бидеме мислам и на другарите од маало со кој деноноќно слушавме и дебатиравме за музика. И така денес Blla Blla Blla е дел од рокенрол сцената во Македонија, но и пошироко.

Blla Blla Blla... постои од 1988-та. Како дојде до формирање на бендот?

Во тој период во Дексион (маало во Ѓорче 2) постоеја нависина многу јаки рокенрол бендови. Како што се формираа, тие се расформираа, трансфери, препукувања, љубомори итн, па така само по себе, би рекол од никаде, дојде до една комбинација што убаво се дружеше, креираше и малку посериозно им пристапуваше на работите.

Ти ги пишуваш и текстовите на вашите песни. Од каде црпиш инспирација и која е пораката што сакате да ја пренесете на вашата публика?

Да, повеќето од нив ги пишувам јас, но добар дел од песните ги пишуваме и заедно со бендот. Инспирацијата е длабоко во мене која се таложела низ годините, заминати и одминати. А да, за пораката, пораката е љубов, чиста љубов. Барем до сега беше така. За во иднина не знам, страв ми е, ми снемува љубов.

Каде се досега имате настапено надвор од нашите граници и каде најдобро сте прифатени?

„Нашите граници“? Какви граници, кои граници? Ние така не гледаме на работите. Ако сакате и патетично, Blla Blla Blla… не познава граници. Ако добро се сеќавам ма граѓаните, Пеќ и Кочани мислам дека беа ја имам фрлено патерицата во публика. И во двата града ја прифатија многу добро, само што во Кочани ми ја вратија.

Што правите освен тоа што сте фронтмен на Blla Blla Blaa..? Какво е вашето секојдневие?

Јас сум фронтмен во многу обласи и гранки – Бенд, семејство, маало, фудбал, билјард. Сиве овие работи имаат врска со музиката. Мојот живот е музика ама онаа правата, вистинската, искрената со големи мадиња.

Која е вашата омилена публика?

Нашата омилена публика има боја на ѓувеч, пропорции 55:65:88, а обично ваква публика со вакви карактеристики е најгласна.

Во песните имате и виолина. Како дојде до тоа и дали планирате да го менувате звукот и да експериментирате?

Секогаш експериментираме. Виолината беше случајност која прерасна во препознатлив звук на Blla Blla Blla… Мислам дека звукот е добар, ако ни збоктиса можеби и ќе го смениме.

Дали можете да ни наброите три ваши имилени музичари и групи кои сакате да ги слушате?

The Beatles,Soap & Skin, The Stranglers.

Што може да очекуваме од Blla Blla Blla на Д-Фестивал?

Ќе претставиме нова песна (и тоа прва ќе ја отсвириме за да ја слушне веднаш публиката), нова постава, нови цвиќери.

Кои се вашите идни планови и што ќе се случува во иднина со Blla Blla Blla?

Како и секој музичар, албум и концерт. На добар пат сме со албумот, концертите си доаѓаат сами по себе, затоа сме секогаш спремни... за рокенрол!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...