ВО СКОПЈЕ МЕ ГЛЕДАА КАКО КРЕВЕТ ИЛИ КАЈЧЕ

На Охрид му фалат концерти вредни за дискусија

Со Јован Куциновски разговараше Б.Б.

Jован Куциновски е Македонец со поминати 4 години во Бугарија на ТВ и филмска режија. Љубит руска салата, „Мартин“ гитари, дивите плажи после Градиште, внуците и фамилијата.

Јован, како е летово во Охрид?

Обично охриѓанец на ова дава многу концизен и конкретен одговор „Убо е ре!“. Но ништо по убаво не се случи од тоа што беше сончево, времево не послужи ко ладна лубеница после убав ручек од бељвици. Охрид е лепота и јас ја уживам таа привилегија на живеење тука. Штета шо урбанистички го унаказија и таа традиција продолжува... Возам точак, се капам на недопрени плажи, јадам ѓомлезе и патлиџан, сликам зајдисонца... Слушнав дека и во Скопје имало слабо луѓе летово, и таму лоша сезоната сигурно. Од секогаш тврдев дека не е само кај нас... :)

Во кој дел од годината најмногу го сакаш Охрид и зошто?

Есента. Ја љубам тишината на есента. Можеш да се слушнеш и да бидеш сам со себе. Боите, дождот, езерото... Убавини. Со татко ми години наназад правиме муабет за една идна куќа од камен и дрво со огромен камин и подрум за вино. Таква есен и зима се љубит во Охрид. Па нека нема љуѓе. 

Кое ти е омиленото место во Охрид и што те поврзува со него?

Секое она место на кое што ќе наидам на убај љуѓе за убав муабет. Охрид се изретчи...



Tи како охриѓанец, што би сменил во моментов во твојот град за да има подобра туристичка сезона?


Прво и основно не би дозволил секој охриѓанец да се бави со туризам, ако се родил некој во туристичко место не значи дека ќе е добар домаќин за гости. Кога незадоволен турист ќе замине од Охрид не вика „Лошо си поминав кај Петко!“ вика лошо си поминав во Охрид. Тој лош домаќин е слика за цел град. За тие што сакаат да се бават со туризам би организирал дообуки, развивање на туристичка свест, едукација, познавање на јазици, услови на сместување во најперфектни услови. Би го ретчел масовниот туризам и би ставал акцент на елитнииот туризам. Перфекција во храна во музика во насвмевки, во сè.

Дали се разочара кога дозна дека Аца Лукас и Шабан ги откажаа концертите летово во Охрид?

Дента нешто ми беше лошо ама не знаев од што ми е, после дознав за откажаните концерти. :)



Кога сме веќе кај концертите, кој музичар би сакал да има концерт во Охрид?


John Mayer, Bruce Sprengsten, Tom Waits, Mumford and Sons, има многу премногу, сакам музичари за кои што ќе се дискутира. Пред неколку години во Охрид одржа концерт Lenny Kravitz, за прерфекцијата на звукот и самот концерт сеуште се зборува. Самиот Лени изјави дека Охрид го потсеќа на Бахами, но човекот има страбизам да не му се лутиме за такви изјави. :)

Како беше како охриѓанец да живееше во Скопје?

Се осеќав променливо, едно време неможев да се пронајдам. На зима ме гледаа како човек на лето како кревет или кајче. Комплицирано е да си три работи, ела одлучи се.

Можеш ли да ни раскажеш како си помина во Скопје, што правеше и колку е поразличен животот во Скопје во однос на оној во Охрид?

Од Бугарија застанав во Скопје и останав некој 5 години, работев во две познати видео продукции. Зад себе оставив печат на многу успешни проекти како дел од тимот на тие продукции. Но, Скопје е тежок за земање воздух и те гуши. Како и секој просечен провинцијалец живеев со цимери, сите живеат со цимери освен оние што имаат свој стан. Ретки се луѓето што заработуваат доволно за еден нормален живот и плаќаат кирија да живеат сами. Не знам, од динамика на живеење имаш сообраќаен метеж и нервозни лица. Охрид нема нервозни лица Охрид има лица што нервозно те гледаат, а не дека се нервозни.

Некоја интересна случка што ти се случи во Скопје?

Еднаш се возев во двокатен автобус. :)

Ти си режисрер, музичар, фотограф и фин дечко кој се занимава и со готвење. Што најмногу сакаш да правиш од ова што го набројавме?

Сите работи ги работам со посебна страст. Режијата и фотографијата ме продлабочуваат, музиката ме прави емотивен, готвењето ме прави подеднакво корисен колку што ме прави и среќен.



На кратко, што е Motion Emotion?


Motion Emotion е канцеларија од која излегуваат фини нешта на 24 фрејма. Фотографска и видео продукција која ја оформив минатата 2014. Порано мојот креативен труд го потпишував како „kucinovski“ сега имам свој бренд и сум предпознатлив под „Motion Emotion“, луѓето до прва ќе слушаат се повеќе за него.

Како помина снимањето на спотот за најновата песна на Нокаут, Позитивно?

ОД ЛИЧНО! Цела работа испадна непланирано, спонтано и „Куцин еј ќе правиме спот со тебе!“. Немавме многу време и бевме ограничени, нејсе направивме нешто со голема страст. Беше пред почеток на лето, локалните легненди од типот на Ристе Спутник се хај лајт моментите на записот. Дај боже да се повеќе Нокаутовци во државава што ќе прават убава и свежа музика.



Можеш ли да ни раскажеш некоја интересна случка од некоја свирка која те изненадила и не си ја очекувал?

2012 први март,на мој роденден свириме со Папазз во тогашно „Art and Smart“ од еднаш се слуша галама и ...



Што правиш во слодно време и дали како и секој вистински охриѓанец уживаш да возиш со кајче по Охридското езеро? Моравме да ти го поставиме ова прашање бидејќи твојата фотка на Facebook профилот ти е токму тоа

Пред канцеларија имам едно парче земја, зедов посадив трева и цвеќа. Да ти кажам право ми нема поголемо опуштање од тоа да ја вадам и косам тревата, цвеќата пораснаа ги одржувам, можам да кажам дека сум добар левел на градинар. :) Кајчето ни е во двор, го немаме пуштено во езеро со години. Сакам едрилици, сеуште немам ама кога ќе ја имам веројатно поголемиот дел од летото ќе го поминувам во неа.

Најголемата глупост која што си ја направил во животот и сега се каеш поради тоа?

Не се каам за работи шо сум ги направил туку за оние што не сум ги направил... го прочитав ова некаде пред некое време... убо кажано.

Што најмногу те исполнува и што би правел по цел ден кога би имал финансии како еден Мик Џегер?

Сигурно повеќе би патувал, би научил да сурфам, би имал поскапа гитара, фотографска опрема, луксузна едрилица и некоја ограничена серија на старо Порше. Се друго би било исто.

Три омилени музичари?

John Mayer генијалец, Eric Clapton го има наречено мастер на гитара, вика малиот се уште не знае што е. Amy Winehose ,Chat Faker, Tom Waits, Tommy Emmanuel,Chick Corea, The Rolling Stones, Frank Sinatra, Bruce Springsteen, Шпато ... многу многу многу други.



Какви ти се плановите за иднина, што можеме да очекуваме од тебе?


Заминувам за Швајцарија на некој период, пишувам сценарио за еден краток филм кој се надевам дека ќе го уснимам до крајот на 2015.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...