НЕ ТРЕБА ДА ЈА „ЗАШТИТУВАМЕ“ ПУБЛИКАТА!

Бунтот доаѓа од чувствата

Hitman: Agent 47, пристигнува во светските кино сали, но и во Cineplexx кино салите во Скопје. За најновата адаптација на популарната видео игра овој пат се погрижи Александар Бах зад камерата, а пред неа во иконичната улога на Агентот 47 овој пат ќе го погледнеме англискиот актер Руперт Френд. Ѕвездата на филмовите како Pride And Prejudice, The Boy in the Striped Pajamas и Chéri но и епохален дел од серијата Homeland сега се враќа на „големото платно“.

Повеќе за улогата на тајниот агент 47, самата продукција и филмот Hitman: Agent 47 повеќе од актерот Руперт Френд подолу.



Што научи од гледањето на Тимоти Олифант во првиот Hitman филм и неговата интерпретација на истиот лик?

Френд: Да бидам искрен не го погледнав Hitman (филмот од 2007-ма година). Не сакав да гледам нечија друга интерпретација на ликот кој го глумам. Одлучив да го прескокнам тоа и да си направам свој стил.

Гејмерите до сега виделе доста лоши адаптации на видео игри во филмови. Што според дебе е најголемиот предизвик во создавањето на адаптациите? Во трансформирањето на саканите видео игри во играни филмови?

Френд: За почеток мислам дека не треба да ја „заштитуваме“ публиката. А ако веќе публиката која ќе го гледа филмот е составена од гејмери, знам што најчесто и велат на адаптациите: Филмот не верен на видео играта. Но, мислам дека тоа не е случајот. Да беше филмот верен на видео играта, тој ќе беше екстремно досаден. Ако правите „верна“ адаптација на Mortal Combat –(јас го користам овој лош пример за адаптација бидејќи знам дека филмот беше ужасен) ќе добиете филм во кој двајца личности стојат еден спротив друг и во период од 2 часа се тепаат. Предизвикот е да имаш почит кон франшизата и да ја однесеш еден чекор понапред. Како да гледаш филм од играта, а да не ја играш истовремено.

Значи креативната слобода е важна во Холивуд, тогаш...

Френд: Не можеме да ви ја дадеме видео играта преку филм. Мора да биде игран филм. Но, кога го кажувам ова се навраќам на нешто што Нил Гејман го кажа кога зборуваше за моментот кога ја гледал адаптацијата на една од неговите графички новели. Тој обасни дека адаптацијата е целосно верна на неговата графичка новела и во исто време и екстремно досадна за гледање, бидејќи тоа што функционирало на хартија не фукнционирало на театарската сцена. Тој сакал да биде преведна новелата, но не буквално. Ние со Hitman не земавме нешто и не го направивме буквално истото само на друг медиум. Ние ја „преведовме“ играта и ја ставивме на филмска лента.



Што сметаш дека е тоа кај самиот лик Агентот 47, што самиот лик може да издржи повеќе видео игри, адаптации и интерпретации од повеќе режисери на истите?

Френд: Мислам дека е комбинацијата на лик кој е генетички модифициран да биде супериорен во секој начин и фактот што се оттргнал од Агенцијата за која работи, па сега е препуштен самиот на себе. Тој се противи на системот, тој е еден вид на одметник , сака да се тргне од неговите „дизајнери“ и кова завери против системот. Ние имавме силно разбирање за тој порив на Агентот 47, дури и во смисла на каузата „бунтовник без причина“. Тоа е тоа што ме фасцинираше кај него. Можете да му дадете доволно пари и ќе биде побрз, поефикасен и ќе ја елиминира метата подобро. Но, има и нешто под тоа кај него. Ако ја прочитате неговата историја ќе забележите многу емотивни моменти во неговиот живот кои немаат врска со парите. Има многу за бунтување кај него, а бунтот доаѓа од чувствата. А тој не треба да има чувства нели?



Луѓето исто така сакаат и анти-херои нели?

Френд: Да! Тоа е истата причина поради која го сакам Хан Соло на пример. Тој за мене е поинтересен од Супермен. Затоа што има повеќе маани во него. Единствената маана на Супермен е Криптонитот. И тоа е се. Но, кај Хан Соло или на пример Индијана Џонс, мааните се тие кои ги прават човечни ликовите. Знам дека Агентот 47 е генетски создаден клон, но според мене разликата на агентот 47 од 46 е што нешто во 46-та било човечно. А тоа тие што го создале не сакале да биде човечно. Затоа и го создале новиот подобрен клон.

Има ли елементи од Hitman видео играта кои всушност влијаеа на создавањето на самиот филм?

Френд: Се разбира. Кога го читав сценариото за филмот, не ја играв играта колку што тоа го правев претходно. Па затоа одлучив да се навдатам повторно на неа. И си реков. Ок ќе мора да има работи од неа кои ќе треба да ги внесеме и во филмот. Едноставно мора. Сакам да видам повеќе промени на костими, сакам да видам повеќе измами со маскирање, сакам да видам корупцијата како работи на дело. Сакам да видам како се кријат нештата од тие со моќ. Бидејќи веќе знаев дека ќе има доволно акција. Го имавме најдобриот каскадер и најдобриот возач на автомобил како мој довојник при снимањето на акционите сцени, но сакав да се погрижиме дека публиката ќе го запамети мојот лик и тоа за што се бори пред се. А не само по акцијата.



Гледаме како се повеќе холивудски актери ги нудат своите перформанси и во видео игрите. Дали би биле отворен да бидете Агентот 47 и во нова Hitman видео игра?

Френд: Би сакал тоа да се случи. Би било на поинакво ниво, но тоа е добро и возбудливо. Мислам на motion capture техниката се разбира. Гејмерите се сега пософистицирани од било кога, па затоа сега ликовите како Aгентот 47 мора и да бидат пософистицирани. Моментално тренирам Крав Мага, израелската форма за само-одбрана па би сакал да ја инкорпорирам и во самиот лик ако еден ден би бил дел од видео играта Hitman. Тоа би било феноменално.

*Интервјуто со Руперт Френд е превземено од CRAVE.

Филмот Хитмен: Агент 47 се прикажува во Cineplexx:
работни денови: 15:30, 16:30, 17:30, 18:30, 19:30, 20:45, 21:40, 22:45
викенд: 12:00, 14:00, 15:30, 16:30, 17:30, 18:30, 19:30, 20:45, 21:40, 22:45



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...