Канабис и „The Sound Of Music“: Што Лајбах научи во С. Кореја?

Музчката група од Словенија, Лајбах овој месец стана еден од малкуте музички групи кои настапиле во главниот град на С. Кореја, Пјонгјанг.

Бендот кој беше формиран во 80-те години од 20-от век во Словенија, тогашната социјалистичка република Југославија, настапи во два наврати во оваа држава. Најпрво во краток сет прикажа музички нумери од мјузиклот The Sound of Music, а потоа и оригинални нумери на групата во Ponghwa театарот.



Двете шоуа на Лајбах, се поклопија со јубилејот на С. Кореја, 70-годишнината од прогласувањето на независност од Јапонија, по завршувањето на Втората Светска војна, а оригиналната идеа за настап на групата во оваа земја доаѓа од норвешкиот уметник и активист Мортен Травик, кој и претходно организирал културни размени на уметници во С. Кореја.

Повеќе за импресиите, настапот и самата посета на С. Кореја подолу во интервјуто кое Rolling Stone магазинот го направи со членот на Лајбах, Иво Салигер.

RS: Какви беа вашите првични импресии од С. Кореја кога пристигнавте таму?

ИС: Нашата првична имресија кога пристигнавме таму беше: Ова е како што очекувавме дека ќе биде, но и некако поинаку. По неколку дена размислувавме и за опцијата да останеме таму и да достигнеме до повисока мудрост во нас. Земјата можеби е сиромашна и изолирана со многу опресивен политички систем, но луѓето се фантастични и поседуваат посебна мудрост која ние ја немаме.

RS: Како властите ве пречекаа?

ИС: Од официјалните лица со повисок ранг, имавме контакт само заменик министерот за култура кој водено е и музички композитор. Не знаеше англиски премногу па нашата комуникација беше формална и учтива.

RS: Дали владата на С. Кореја ви обезнеди „чувачи“?

ИС: Нашата група од 30 луѓе за самиот концерт беше „згрижена“ од корејските „помагачи, водичи и преведувачи“ кои исто така се погрижија да не се однесуваме премногу „слободно“ и да „исчезнеме во ноќта“. Но, тие беа од огромна помош и воопшто не се мешаа во нашата работа.



RS: Каква беше вашата интеракција со нив?

ИС: Во глобала лесна, глатка и пријателска, дури и со луѓето кои не знаеа да зборуваат било кој странски јазик. Наидовме на малку повеќе проблеми кога го местевме сетот за шоуто, најмногу поради недостаток на опрема и кабли, но се беше во ред на крајот.

RS: Како ве третираа граѓаните на С. Кореја?

ИС: Не третираа без исклучоци со најглемата почит, добродушност и великодушност.

RS: Што ви се допадна а што не ви се допадна за земјата?

ИС: Луѓето на С. Кореја се дефинитовно најсјајниот дијамант на оваа земја. Не најдовме цинизам, сарказам, иронија, вулгарност, и други „западни карактеристики“ во нивните очи, лица и во нивното однесување. Наидовме на многу искрена скромност, добрина, гордост и почит. Немаше воена парада за 70-годишнината, само луѓе кои танцуваа со грациозност низ улиците и парковите.

Жените сообраќајци се забавни за обзервација. Тие ги изведуваат најинтригантните биохемиски, речеиси роботски ритуали на средината на крстосниците. Цел ден.

Тоа што не ни се допадна е што не ни беше дозволено да се движиме слободно, но во земја која е речиси херметички залепена и изолирана од остатокот од светот. И поради труењето од медиумите во оваа земја, странците се токсични субјекти кои кои имаат потенцијал да ги рашират идеолошките болести врз населението во оваа комунистичка Утопија. Колективно Truman Show.

RS: Кои се погрешните мислења, недоразбирања кои западњаците ги имаат за С. Кореја?

ИС: Кои не ги имаат? Тоа е земја која Земја обожава да ја мрази, но најголемиот дел од таблоидските стории за С. Кореја се лажни. Не си ги јадат децата. Не фрлаат луѓе на кучиња и не гладуваат поради недостиг од храна. Американците во С. Кореја не се омразени од сите, туку сите се добредојдени. Исто така С. Корејците не ги изедначуваат Американците со американската политика. Да се влезе во С. Кореја исто така не е многу тешко. Генерално е полесно од влегувањето во САД.

Пјонгјанг кој бил тешко бомбардиран за време на Корејската војна се разбира од страна на американските боеви глави, денес е прекрасен, чист и одржан вибрантен град со импресивна архитектура и паркови.

С. Корејците се смеат и шегуваат многу и многу од луѓето низ земјата се се неверојатно достоинствено облечени. Децата почнуваат да учат англиски јазик од 7-годишна возраст, и тие се отворени кон надворешниот свет, но сакаат тоа да го направат полека, со свои услови и на поинаков начин од Кинезите.



RS: Што би ги изненадило луѓето за С. Кореја?

ИС: Прават одлично пиво. Тоа всушност се смета за soft drink и микро-пивниците се доста популарни. Исто така можете слободно да пиете пиво од отворено шише на улица, да пушите во хотели и барови без ризик дека ќе ве затворат. Пјонјанг заедно со остатокот од земјата е најбезбедното место на планетава за шетање. Ако ви дозволат се разбира. А за тие кои се по канабисот, С. Кореја е многу либерално место каде поседувањето на канабис е всушност легално.

RS: Како публиката реагираше на концертите?

ИС: Корејците не слушнале ваква музика претходно, па не знаеа што да мислат за неа. Но, реагираа учтиво, аплаудираа на секоја песна и на крајот ни дадоа стоечки овации. (Можеби тоа беше затоа што заврши шоуто, но на сиријскиот амбасадор не му се допаднавме. Искоментира дека сме биле премногу гласни. Како тортура сме биле).

На вториот концерт кој се одржа во Ким Сонг музичкото школо, изведовме 2 нумери на Лајбах акустично заедно со музичарите од самото школо. Остатокот од шоуто беше перформанс на учениците во чест на Лајбах. Музиката беше одлична и слушнавме речиси се. Мортен Травик кој исто така настапи со нас, се придружи кон крајот на шоуто, а како знак на благодарност на школото му подари подарок. Теремин.

RS: Како го адаптиравте концертот за публиката во С. Кореја?

ИС: Сакавме да изведеме нешто што би имало смисла за С. Корејците. Најголемиот дел од програмата беше базиран на на нашите верзии на песните од филмот The Sound of Music ("Do-Re-Mi," "Edelweiss," "Climb Every Mountain" и "Sound of Music"). Згора на изведовме и селекција на песни од Лајбах класици (Life Is Life," "Final Countdown," "Across the Universe," "The Whistleblowers").



RS: Како публиката ги прими вашите визуелни снимки?

ИС: Комитетот за цензура имаше проблеми со многу од нив. Не сакаат да гледаат многу голотии и потенцијално агресивни снимки, но сепак успеавме да задржиме повеќето од прежектираните визуелни снимки во оригинална форма. Публиката е всушност навикната да гледа ракети и експлозии, бидејќи тоа е што корејските популарни музички и воени групи го користат на концертите.

RS: Изведовте и корејска песна така?

ИС: Сакавме да презентираме 3 важни и познати песни на оваа земја. "Honorable Live and Death," "Arirang" и "We'll Go to Mt. Paektu.". На крајот цензорите не замолија да ги тргнеме "Honorable" и "Mt. Paektu," од репертоарот затоа што направивме премногу промени од оригиналот на песните и тие се навистина многу сензитивни за нивната култура.

RS: За крај што мислеа С. Корејците за вашата музика по концертите?

ИС: Имаше еден брилијантен цитат од постар граѓанин. По шоуто тој ни кажа „Не знаев дека ваквата музика постои во светот. Сега знам.“



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...