Модната блогерка која доби „необичен стилист“

Би и дозволиле ли на мајка ви да ве облекува?

Замислете дека сте девојка од 20-на и нешто години. Независна, успешна модна блогерка и треба да и дозволите на мајка ви да ви ја одбере облеката која треба да ја носите во текот на една недела?

Запознајте ја Кристабел Пламер. Модна блогерка која го уредува и креира модниот блог „I Want You To Know“. За прв пат дознав за Кристабел во статија за нејзиниот „семејно-моден експеримент“ објавен на Buzzfeed. И токму тоа беше насловот на статијата „И дозволив на мајка ми да ме облекува една недела“.

Модната блогерка чија професија е поврзана со модата и стилот, и дозволила на сопствената мајка да и го диктира стилот, но исходот од овој експеримент беше изненадувачки позитивен.

Исконтактиравме со Кристабел и позборувавме малку за самиот експеримент, модниот стил, блогот кој го води,  плановите и инспирациите за иднина. А, и изборот на облека на мајка и можете да го погледнете исто така... Само скролајте надолу...

Кристабел здраво. Тоа што ме фасцинираше за Вас и кое ме натера да ви пристапам беше статијата во Buzzfeed. Во неа го споменавте и стравот, непријатноста поврзана со одлуката да и дозволите на мајка ви да ве облекува во 7-те дена. Но, резулататот беше изненадувачки, со оглед на различниот стил помеѓу вас две. Која беше мотивацијата за тоа и како мајка ви се снајде? Дали беше стресно или забавно за неа во тие 7 дена?



- Мене всушност ми пристапи Buzfeed за оваа статија, а не обратно. Да, мислев дека ќе биде забавно, но многу повеќе за мајка ми која долго време ме критикува дека не се облекувам доволно женствено (барем не колку што таа би сакала). Дури и ми спомена дека мојот избор на чевли е „man repelling“ (предизвикува одбивност кај спротивниот пол). И мислев дека таа ќе ме направи смешно гламурозна, но всушност на големо изненадување се приспособи на мојот стил и ги водеше одлуките за облеката од таму. Мојот стил е повеќе еклектичен отколку софистициран, па таа ги додаде црвените сандали или светкавите чевли. Но, за нејзе беше забавно, па и на крајот ми рече дека дури сака да ми позајми неколку парчиња.



Експериментот (така да го наречам) за мене беше забавен поради фактот што во 7-те дена не купивте ниту едно парче облека, туку сите варијанти беа рециклирани модели кои или не сте ги носеле подолго време и само им дадовте „нов живот“. Целата облека веќе ја имавте во плакарот. Дали тоа беше лекција од мајка ви во скромност, штедливост со оглед на колку ние (да вклучувајќи ме и мене) трошиме на шопинг?


-Дефинитивно направи да размислам подобро колку од облеката која ја имам во плакарот всушност ја носам. Секое парче облека што таа го одбра не беше дел од облеката која е често во дневна или неделна ротација. Многу пати за тоа имам тривијална причина. Аха! Да, ќе го зачувам ова за „специјална пригода“. Не купувам многу често облека, но знам и да се занесам, ако е на попуст или ако е од специфичен дизајнер, бренд... Сега се трудам да донесувам помудри одлуки кога купувам облека. Секој ден треба да биде „специјална пригода“.



Морам да споменам и дека мајка ви има одличен вкус и прекрасен стил. Навистина направи одличен избор. Што е таа по професија?

- Мајка ми е извршен асистент и има канцелариска работа, но одсекогаш ја сакала модата. Дома е опкружена со модни магазини, а и голем дел од облеката сама си ја креира и шие од шнитови, па мислам дека тоа придонесе и јас да ја засакам модата. Нејзиниот интерес за стилот се пренесе и на брат ми кој неодамна купи јакна од Dries van Noten на попуст од 90%. Не ми се веруваше.



Кажете ми повеќе за вас и за вашиот блог. I Want You To Know. Родена и израсната во Лондон, вие се образувавте на Nottingham Trent Универзитетот. Но, што ве натера сама да го оформите блогот? Како тој еволуираше од почетокот и кои се плановите за блогот за иднина?

- Како што кажав отсекогаш ме интересирала модата и можноста да ја пренесам мојата пасија он лајн беше логичен чекор за мене. Започнав да „блогирам“ на 13-годишна возраст и поминав низ Xanga My Space, Teen Open Diary профилите пред да го создадам I Want You To Know. Читав повеќе други блогови како Perez Hilton и The Cut, кои беа доста ограничувачки во содржината. The Cut ме одведе до блоговите како Style Bubble, Flying Saucer и Fashion Robot, а тие ми беа инспирација за мојот. Модниот блог беше интересен начин за следењето на модата и за учењето на стиловите. Со блогот открив и кул заедница на луѓе кои ја сакаат модата, а дел од нив се и денес мои пријатели. Планот за во иднина е блогот да „расте“ и да ги инспирира другите како што блоговите кои горе ги споменав мене ме инспирираа.

 

Поправете ме ако грешам, но вие сте „full time“  блогер. За сите идни надежни блогери кои почнуваат во оваа дејност можете ли да ги споделите „малите тајни“ за тоа како успевате да се издржувате и да го направите блогот прифитабилен без да имате потреба од стандардна „9 до 5 работа“? Дали е тоа преку спонзорства, модни соработки, провизија од модни куќи за објавување на најновите производи или на стариот добар рекламен простор?

- Да, со соработки со брендови, но и со фриленс пишување за други медиуми, моден консалтинг. Многу сакам да соработувам со Boden. Мислам дека нивната облека е супер, квалитетно направена со недефинирана старосна граница. Може да ја носат лица од помладата генерација, а и постари лица со поконзервативен вкус. Обожавам кога брендовите ги надополнуваат моите вредности и личниот стил.



Кои беа вашите модни идоли во тинејџерските денови и адолесценцијата? Со кои влијанија израснавте? Дали тоа беа фамилијарни членови или некои од славните личности? За мене на пример тоа на почетокот беа Одри Хепберн и Дајан Китон (најмногу затоа што мајка ми од мали нозе ми ги претстави нивните филмови, а со тоа и стиловите како влијание). Но, во средината и крајот на 90-те сама ја открив Клои Севињи. За мене таа беше и се’уште е ултимативната It girl во поглед на стилот.

- Во еден период од тинјеџерските денови бев опседната со Софи Елис Бекстор, но сега инспирација ми се личностите со „street style“. Како на пример Елеонора Каризи. Класиките како Одри беа премногу софистицирани за мене. Ги ценам, но мојот стил е поеклектичен.



Кој е трендот со кој сте опседнати во моментов и што во пресрет на есента, особено сте возбудени да носите?

- По чудното и променливо лето во Лондон, сакам оваа есен да носам ретро принтови, а и комбинацијата џемпер со здолниште. Тие со чизми до глужд и класичен црн мантил, би биле совршениот избор за есента.

Модната недела во Лондон започнува на 18-ти септември. Дали ќе присуствувате и ако е така, што очекувате да видите на модните писти?

- Да, но уште не ги подигнав билетите. Се надевам дека ќе ја погледнам ревијата на Orla Kiely. Таа успева да направи миксови од 60-те, 70-те во инспирацијата за нејзините колеции и да ги презентира во тематски и визуелно привлечни креации.



И за крај затоа што сум филмски новинар, рецензент и филмски фанатик... Кој беше филмот кој ве воодушеви оваа година?

- Навистина ми се допадна Diary Of A Teenage Girl. Можеби поради стилот од 70-те во костимографијата, но беше провокативен и прекрасен, а имаше и прекрасна порака. Исто така ме натера да помислам дека моите тинејџерски денови беа навистина досадни... Хахаха.

С.Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...