Македонија е една од најдобрите земји за започнување на нов бизнис

Од први септември во Скопје официјално започна со работа Lynx. Анимациско студио за авторска продукција на висококвалитетна 2D анимација и видео игри, развој на оригинални идеи и трансмедијални проекти. Основано од Алан Гонзалез и Марко Угарковиќ, Lynx е производ на пасијата и визијата на двајца луѓе кои со вистинскиот тим сакаат да ги променат работите во оваа област. Идивиди имаше задоволство да поразговара со Алан Гонзалез, инвеститорот и ко-основач на Lynx за почетоците, плановите, проектите и правецот во кој планира да ја води компанијата во иднина.



Да започнаме со името Lynx. Потекнува од средновековието и неговото значење е светлина, сјај. Во исто време тоа е и англискиот збор за рис (дивата мачка). Ако се земе сево ова во предвид... која беше инспирацијата за именувањето на компанијата Lynx, а и дизајнирањето на логото во финалниот производ каков што е сега?

Кога го смислувавме името, имавме повеќе предлози. Equalizer студио, Horizon студио и други. Ги имавме сите типични клише имиња на студија, но сакавме нешто уникатно. Откако темелно истраживме, увидовме дека најдобро е да биде нешто кое е репрезентативно за Македонија како што е рисот. Одлучивме дека тоа е најсоодветното име.

На отварањето на Lynx споменавте дека приватното пријателство со Марко Угарковиќ се развиваше низ годините на тој начин што сега резултираше и со ко-основање на Lynx. Со станување на ваш бизнис партнер. Исто така споменавте и дека вие сте биле тие кои дале предлог за да ја основате компанијата, а Марко е тој кој првично рекол НЕ! Како идејата еволуираше од таму? Од почетното НЕ до реализацијата и евентуално до основањето:

Предходно имам основано и други компании, така што Lynx не е ново искуство за мене. Благодарение на татко ми и семејниот бизнис имам доста добро воспитување во тоа поле, а тука е и „туркањето“ од опкружувањето и од моето семејство да работам и создавам повеќе од тоа што се очекува од мене. Имав одлично воспитување во тој поглед, а што се однесува на отварањето на оваа компанија, Марко првично рече „не” затоа што не беше сигурен дали ќе успее оваа визија. Но, мислам дека вистинската причина поради која подоцна тој кажа да, е затоа што разбра дека ова е дел од неговиот сон и нешто што сака да го работи. Веројатно затоа и сме тука денес. Откако кажа „да” оставивме идејата да созрее околу две недели, а тој во меѓувреме стапи во контакт со режисерот Гоце Цветановски. Гоце живееше во Париз предходните 17 години, каде и работеше на проекти во филмскиот свет. Се согласи да ни помогне да ја развиеме визијата за Lynx, и откако го вклучивме Гоце фирмата се формираше многу бргу. Од април почнавме да регрутираме луѓе, да бараме локација, да купуваме опрема и да ја обликуваме компанијата.

Компанијата е стационирана во Скопје. Таа е соработка на француски, италијански и македонски таленти. Која беше мотивацијата да дојдете тука во Македонија да го основате бизнисот. Дали Македонија е добро поле за ваква инвестиција?



Често ми го поставуваат ова прашање. Македонија е едно од најдобрите места за некој да дојде и да почне бизнис од било која област. Од машинерија преку IT сервис, до обичен сервис. Ние во Македонија имаме сè што има Индија и Кина. Можеби не во поглед на образована работна сила, која е подготвена да остане тука, но имаме работни простории, професионалци, предност во однос на плати. Македонија е многу поефтина во одност на другите места и навистина не гледам зошто другите компании не доаѓаат да инвестираат тука.

Да се вратиме на Lynx. Зошто 2D поточно? Дали тоа е поле кое е потценето со се повеќе растечката 3D технологија или одлуката да се занимавате со 2D е базирана на нешто друго? Можеби технологијата на пример?

Направивме истражување на пазарот и 2D изгледаше како посигурен финансиски избор. За почеток, трошоците се помали. 3D е поскапа технологија и сите некако се моментално во 3D бунило. Тоа е во моментов презаситен пазар. Голем дел од студијата ширум светот се затвораат затоа што трошоците се преголеми, и затоа што речиси ниту едно од нив нема 2D уметници. Индија има 2D уметници, а единствените земји каде што сега можете да најдете добри 2Д уметници се Индонезија и Филипините. 2D станува генерално „редок занает“.



На кој начин го гледате развојот на Lynx во блиска иднина? Еве да речеме до крајот на годинава? Во поглед на проектите, во поглед на областите на работа, медиумите (игри, серии, анимации, филмови) ... Кои се областите во кои планирате да „растете“ со оглед на фактот дека развивате оригинални проекти?

Lynx е passion project за мене. За Марко и Гоце е исто така начин да креативно реализираат идеи кои не би можеле да ги развијат на други места. Во тој поглед Lynx секогаш ќе си ги работи сопствените проекти. Тоа е нешто кое си го ветивме на почетокот. Без разлика колку е мал тимот, секогаш ќе има дел од Lynx кој ќе ги креира и развива идеите на креативнииот тим. Но, во исто време Lynx е бизнис и сме свесни за тоа, па ќе мора да работи и во бизнис смисла. Ако тоа значи дека ќе треба да отстапиме дел од тимот за други проекти, со драго срце ќе го направам тоа. Не сме ограничени во тоа што можеме да го направиме. Македонија ни ги нуди можностите за тоа, a до крајот на годината се надевам дека ќе го удвоиме сегашниот тим од 24 луѓе во компанијата.

Кога сме веќе кај проектите, John Vardar VS The Galaxy и Nincow се проектите кои уште од сега ги најавувате, но кои се останатите на кои работите и кои можеме да ги очекуваме од вас во идинина? И каде публиката ќе може да ги погледне?



Покрај видео игрите кои се поврзани со проектите кои ги спомнавте и самостојните игри кои ги креираме, третиот проект се вика „Распеана шума“. Сценариото е на нашиот креативен директор Гоце Цветановски. Тоа е долгометражен филм наменет за деца од 3 години и повозрасни. Тоа е музичка комедија за целото семејство. Можете да видите основен концепт за „Распеана шума“ на нашиот вебсајт, но проектот е сеуште во почетна фаза. Сеуште го дизајнираме уметничкиот пристап и карактерите. Имаме и два други проекти, за кои размислување да ги продуцираме, но сега ги држиме во тајност.

Од последните 5 години, добитниците на Оскар во категориите најдобра долгометражен анимиран филм (Toy Story 3, Rango, Brave, Frozen, Big Hero 6), кои ви се допаднаа најмногу? Или пак тоа беше некој од номинираните? Да ги споменам Frankenweenie на Тим Бартон и Ernest And Celestine во кои сторијата и анимацијата беше апсолутно прекрасна, според мене. Но, кој беше филмот кој вас ве воодушеви?



Не сум голем фан на анимацијата на Тим Бартон. Ми се допадна The Nightmare Before Christmas, тој филм не беше лош, но не сум голем фан на неговата работа. Да не бидам погрешно разбран, Тим е одличен режисер, но немам омилен филм од него. Но, кога станува збор за анимирани филмови, од поновите морам да кажам дека ми се допадна Big Hero 6, а од постарите го гледав често со сестра ми The Swan Princess. Сепак најомилениот на сите времиња ми е Toy Story. Тоа беше свет кој до тогаш не го знаев, да навистина многу ми се допадна.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...