DJ OД СВЕТСКИ РАМКИ ВО МАКЕДОНИЈА

Дејвид Моралес: Ја водам публиката на одлични патувања

Дејвид Моралес е светскиот DJ за кој многумина велат дека е Superstar DJ. Се започна со пуштање музика во еден клуб во Њујорк во 80-тите, а веќе во 90-тите го објави и својот прв албум. Оттогаш сите го препознаваат како мошне влијателен, а најголемите ѕвезди го бараат за да им прави ремикси. Потоа следувале мноштво награди, меѓу кои и Греми награда за DJ кој прави најдобри ремикси во 1998 година.

Со оглед на тоа дека токму овој DJ моментално се наоѓа во Македонија, каде што е гостин на музичкиот спектакл организиран од Телеком, ја искористивме можноста да му поставиме неколку прашања за неговата врвна кариера.



Името Дејвид Моралес претставува сила. Во овој бизнис си многу долго. Ако можеш да го напуштиш (може да направиш клон и никој да не знае за тоа) и да побегнеш од сè на само една година, што би правел?

Ќе поминувам повеќе време со моето семејство. Исто така, сакам да направам нешто за човештвото, а најпрво ќе почнам да им помагам на сиромашните луѓе.

Пушташ музика во клубови низ светот. Кој клуб ја имал совршената опрема за звук, место, па дури и публика?

Мојот избор е клубот STEREO во Монтреал, која јас го поседував. Тоа беше еден вид на моја соба во која можам да правам што сакам. Сè се вртеше околу светлата, звукот и музиката. Публиката главно беше стрејт и геј. Не продававме алкохол, а моите сетови траеја околу 15 часа месечно.



Сподели некое интересно искуство.

Со двајца мои другари, изнајмивме чамец во Есфедра, Ибица. Ни беа потребни час и половина и две испушени марихуани за да стигнеме до таму, а три часа без вода за да се вратиме назад пред да се смени струјата на морето. Тоа беше неверојатно!

Во денешно време, DJ-те се појавуваат како печурки по дожд. Кое е твоето мислење во врска со разликите меѓу DJ-те од времето кога ти се појави и денешните?

Сметам дека мојот занает е компромитиран и осрамотен. Веќе не се работи за музиката или уметноста. Сега дозволено ти е да фрлаш торта во публика и со тоа да се нарекуваш DJ. Луѓето сакаат да бидат познати и воопшто не се сериозни за уметноста на пуштањето музика или патувањето низ кое ја водат публиката.

Thanks to 51st State Festival and Groove Odyssey yesterday. Onto #ITALY today for Marina Club. #theremustbelove

Posted by Dj David Morales on Sunday, 9 August 2015

За време на твојата кариера имаш добиено многу награди како што се Греми, најдобар хаус ремикс, најдобар промотер и сопственик на клуб. Имаш соработувано со големи музичари како што е Мајкл Џексон и Мараја Кери, имаш голем број на број 1 хитови, но ако треба да избереш една работа со која би си ја опишал кариерата, што би избрал?

Најпрво, јас сум DJ. Пуштам музика веќе 40 години, сè друго дојде после тоа.

Како ти поминуваат деновите? Што правиш за да се релаксираш и да си ги наполниш батериите?

Седнувам на кревет и си пуштам филм или често читам книга. Исто така посетувам теретана, јадам здраво и спијам доволно.



Си го посетил Скопје и веќе ја знаеш нашата култура. Што е она што најмногу ти се допаѓа?

Прв пат дојдов во Македонија во средината на 90-те години. Тогаш дознав дека имате многу историја. Но, ја сакам вашата култура, храната и луѓето.

Како ги доживуваш публиката и твоите обожаватели?

Без нив немаше да бидам Дејвид Моралес и навистина сум им благодарен што поради нив до ден денес се појавувам на сцена и работам.

Што може следно да очекуваме од тебе?



Имам нова песна со Џенис Робинсон наречена „There Must Be Love “, која луѓето низ светот навистина ја сакаат. Исто така, при крајот на овој месец ќе излезе и уште една песна „Everybody Get Up“ во соработка со Кејт Ентони Флуит. Работам и на некои други проекти, кои сигурно ќе ги слушнете наскоро.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...