Сакам да бидам режисер, тука во Македонија

Родена и израсната во Скопје, образована во Детроит, Марија Макеска минатиот месец за прв по враќањето од САД, на филмскиот фестивал, Браќа Манаки го претстави најновото филмско остварување Dear Alexander.

Краткометражен филм кој таа го напиша, режираше и монтираше во САД, а го прикажа пред македонската публика во Битола. По 10 години живеење и студирање надвор од Македонија,  Марија сега е повторно во Скопје и со нов проект пред себе. Таа е моментално дел од продукцискиот тим на „Златна петорка“ најновиот проект на режисерот Горан Тренчовски, а повеќе за искуството од Манаки, продукцијата на Златна петорка и инспирацијата, подолу во нашиот разговор со Марија Макеска.

На овогодинешното издание на Фестивалот на филмска камера Браќа Манаки го претстави краткометражниот филм Dear Alexander, твој трет краткометражен филм во досегашната кариера (и 4-ти воопшто). Која беше инспирацијата за создавањето на Dear Alexander и како течеше процесот за негово создавање? Од таму... Од инспирацијата па се до финалниот производ?



Сите знаеме многу луѓе. Длабоко во нас сите тие луѓе се во нашето сеќавање. И сите нивни моменти од нив (бидејќи со дел од нив не контактираме и не се гледаме толку често) се ставени во една „соба“. Таа е полна со тие моменти и мемории. Соба по соба, човек по човек. И ако го замислиме може да изградиме еден замок од нашата меморија. Тоа беше и инспирацијата за замокот во кој живее Клара (главниот лик во Dear Alexander). Замокот се вика „Castle of memories (Замок на мемории). Тоа беше и инспирацијата зад филмот, да ја наречам мини-филозофија. Од неа дојде и сценариото, а така дојде и снимањето... и резултатот е Dear Alexander.

Какво беше твоето искуство од учеството на Манаки, со оглед дека за прв пат се претстави пред македонската публика?

Јас искрено се изненадив кога луѓето од Манаки го примија многу добро филмот, иако беше малку повеќе литерарен, малку лирски. Луѓето го примија многу добро и сум премногу задоволна од приемот.



Ти си образована во САД. Што нуди образованието во САД споредено со тоа на твоите колеги и современици кои се образовани во Македонија, па и во Европа? На што се обрнуваше повеќе внимание во твојата струка на Wayne State University?

Започнавме веднаш со пракса. Во продукција. Да работиме и да создаваме кратки и подолги филмови. Имавме и слобода што сакаме да направиме, а во мое време имавме можност и студентските филмови да ги претставиме на фестивали. Да научиме повеќе како да бидеме присутни повеќе фестивали, да запознаеме луѓе, потенцијални идни соработници...

Која е борбата на еден режисер да пронајде ресурси, средства за да создаде филм кој подоцна „ќе ја види светлината на денот“. Без разлика дали станува збор за фестивал, кино-проекција на филмот или едноставно пронаоѓањето на дистрибутер? Дали таму е полесно поради поразвиената и поефикасна филмска индустрија (па дури и независна) за да создадеш еден филм?

Средствата со кои јас го снимив Dear Alexander се во главно мои и на мојот пријател Дилан Сајдс кој воедно беше и кинематограф на самиот филм. Ние двајцата одлучивме да  направиме дел од филмот во неговото студио, а бевме помогнати и од една фирма во Детроит. Таа ни помогна за целиот сет дизајн, а имав и дополнителни 2-3 донации за да може да се купат неколу работи за сценографијата. Инаку се останато го направивме со своите раце, време и пари. Мене ми беа потребни вкупно 4 години за филмот, но 3 за да ги соберам луѓето од екипата и да го снимиме.

Кои се режисерите кои те инспирираа да бидеш тоа што си, а воедно и извршија најголемо влијание врз тебе и ти го тресираа патот до оваа професија?



Хм... Тим Бартон, Сергеј Параџанов и Ингмар Бергман. Има и мал момент на инспирација во Dear Alexander од Бергман, можеби ќе ја забележите. Тим Бартон најмногу заради стилот во неговите филмови, Параџанов поради не-линеарното водење на сторијата во филмовите, а Бергман поради техниката.

Моментално си дел од продукцискиот тим на Златна петорка (работен наслов), најновиот филм на Горан Тренчовски. Како течеше пред продукцијата, сега продукцијата и што може публиката да очекува од филмот?

Продукцијата тече супер. Планираме да започнеме со снимање на 19-ти октомври. Јас сум втор асистент на Тренчовски зад камерата, а од тоа што можам да откријам за очекувањата... Златна петорка е еден љубовен филм. Љубовна приказна која што завршува со предавство и со откривањето на тоа предавство. Повеќе не смеам да откривам хаха...



Ги откри режисерите кои те инспирираа во минатото. Кои се режисерите со кои би сакала да соработуваш во иднина?

Бред Бирд, Милчо Манчевски и повторно Тим Бартон. Можеби и Александар Сокуров. Доста се хаха.

По 10 години живот и работа во САД, кои се разликите и сличностите кои ги забележа не само во твојата професија, туку и во општеството воопшто. Кои се разликите меѓу тие две култури и конретно со што може Скопје и Детроит да се пофалат а со што може да се срамат како метрополи?

Животот во Детроит е хаотичен и изолиран. Тука луѓето се’уште се дружат меѓу себе, се поблиски. Во Детроит има една затворена средина без многу комуникација меѓу луѓето. Но, во друг поглед во Детроит најдов луѓе со кои што можев да сорабутвам на Dear Alexander и тие луѓе ми останаа многу драги. Дилан Сајдс, Кристина Томлинсон, Мајкл Мекинтош од тие што можам да ги набројам... Тука е потешко да се направи филм речиси без пари. Зборам од аспект на техниката. Во САД е малку полесно.

Често ми го поставуваат и прашањето: зошто се вратив во Македонија?

Па за да бидам успешна, да соработувам со моите пријатели и колеги тука, и да создаваме нови квалитетни филмови. Се надевам дека наскоро ќе створам и свое авторско соло дело. Си ја сакам земјава и сакам да творам, да бидам режисер тука во Македонија.



И кога сме на тема техниката и филмовите... Кои се филмовите кои те воодушевија годинава, од режисерски аспект?

Tomorrowland. Филозофијата на филмот ми остави голем впечаток, а за самиот филм напишав и статија (која можете да ја прочитате на кликање на линкот). Филозофијата беше да се направи еден свет кој што Никола Тесла го има создадено во неговата глава, 100 години претходно. Кога ќе ги споиш сите негови иновации заедно и ќе одземеш депресивноста, тоа е Tomorrowland.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Едно утро се шета Милошевиќ низ затворскиот двор во Хаг, А сонцето му вели:
- Добро утро хероју српски, миротворецу најголем, ослободителу наш... (овој се дуе ли се...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
1421.- Повеќе од 100.000 луѓе се удавија кога...
1492.- Кралската двојка на Шпанија (тогашна...
1790.- Во Филаделфија умре Бенџамин Франклин,...
1894.- Роден е рускиот државник Никита Сергеевич...