Кога имаш страст секој сон станува реалност

Германскиот хаус продуцент и диџеј Курд Маверик на 31-ви декември доаѓа во Скопје и ветува дека ќе ја направи најурбаната новогодишна журка која некогаш му се случила на градот.

Доколку сè уште немате идеја каде ќе ја поминете последната вечер од годината, Маверик топло ви препорачува да му се придружите во Метрополис арената.

Со оглед на тоа дека повеќе пати доаѓаш во Македонија, како ти се допаѓа нашата земја?

-Многу ми се допаѓа тука. Луѓето се добри и обожуваат да се забавуваат. Ова ми е едно од најубавите места на Балканот.

Што можеме да очекуваме од шоуто на 31-ви? Ќе има ли некакви изненадувања?

-Тоа ќе биде вечер исполнета со многу енергична музика. Совршен крај за годината што изминува и фантастичен почеток на новата 2016-та.

Како би ја опишал твојата музика? Покрај хаус дали имаш друг омилен тип на музика?

-Ја сакам хаус музиката, но исто така ја почитувам и етно музиката од онаму каде што потекнувам. Зад неа е една голема култура и те внесува во своевиден транс, Сега се обидувам да ги спојам овие два правци.

Пред да станеш Курд Маверик луѓето те препознаваа како Џихан Отун. Што се крие зад твоето уметничко име?

-Курд го претставува моето курдско потекло, додека Маверик ја отсликува мојата карактеристика на осамен човек.

Кога започна сериозно да се занимаваш со музика дали очекуваше дека ќе достигнеш светска слава?

-Не, никогаш не сум размислувал на тоа. Јас само сакав да создавам музика. Најдоброто нешто што може да му се случи на еден изведувач е да добие признание за сето она што го работи.

Популарноста ти го смени животот или...

-Не би рекол. Се уште сум скромен и благодарен за сè она што можам да го правам.

Вообичаено успешните луѓе имаат некое мото. Кое е твоето?

-Фокус! Кога бев мал стоев во првите редови на свирките и по цели вечери ги гледав бендовите. Потоа се враќав дома и се обидувам да ги добијам истите звуци на инструментите. Понекогаш не станував од кревет и работев на компјутерот со денови. Ако имаш голема страст за некоја работа тогаш со сигурност ќе ја остварите.

Гледајќи наназад на својата музичка кариера што е најважната лекција што си ја научил?

-Да верувам во себе си. Многу луѓе ми велеа дека моите песни нема да бидат доволно добри, но на крајот излезе дека моето претчувство беше правилно. Секогаш слушајте си го срцето!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...