ОД НЕЈЗИНА ПЕРСПЕКТИВА

Адел: Созреав со мојот нов албум „25“

Кариерата на Адел беше во вистински подем минатата година, а таа само ја пишуваше приказната на својот живот, изразена во бројки, како што е името и на нејзиниот последен албум „25“. Во рок од два месеци, албумот се продаде во неверојатни 7 милиони копии, а песните секојдневно достигнуваат рекордна слушаност. Токму поради тоа што успеа да го сруши 15-годишниот рекорд на N’Sync кои никој не можеше да ги симне од врвот, ви пренесуваме дел од интервјуто со најголемата музичка ѕвезда од 2015 година, која таа го даде за NPR Music.



Живееше надвор од центарот на вниманието последните неколку години и наеднаш повторно се врати! Сигурно ти било малку тешко пак да се вклопиш. Како се чувствуваше во врска со тоа?

Бев подготвена. Не одев во нешто непознато. Ја знам разликата меѓу моите два животи (се смее) – животот како мајка и животот како што сум јас. Албумот „21“ беше лудо прифатен, ова беше навистина неочекувано. Сепак, мора да сум искрена. Сега кога имам дете сум многу поизморена отколку кога го немав него, но тоа секогаш знае да ме смири, па затоа се чувствувам релаксирано и благодарна сум му за тоа.

Твојот син има 3 години. Претпоставувам дека сега веќе пее некои песни. Дали ги пее и твоите?

Не. Знае некои детски песнички, не е воопшто заинтересиран за моите. Знае дека сум пејачка, го сака тоа и горд е. Најверојатно нема да го купи мојот албум кога би бил повозрасен.

Слушателите чувствуваат огромна поврзаност со твоите песни. Можеби не сакаат да се фотографираат селфи, но затоа плачат со тебе. Како успеваш да се справиш со интензитетот на сите емоции?

Ова е вистински комплимент. Знаете, ја слушам музиката како обожавател и целосно ги чувствувам песните како такви. Фактот што луѓето ја слушаат мојата музика исто или реагираат на ист начин како јас кон некои артисти и бендови, навистина е прекрасно и поради тоа сакам да правам музика. Очигледно е дека ги правам луѓето среќни, не тажни.



Има многу среќа на овој албум, што дури имаш и позитивен пристап кон носталгијата. Кажи ми нешто повеќе за песната „Water Under the Bridge“?

Песната е да се остане доволно силен во една врска и да се надмине секоја пречка која ќе ти се најде на патот. Во претходните мои врски, сè што ќе тргне лошо остава трага и потоа завршува лошо. Моментално, врската во која сум е толку силна затоа што имаме цврсти темели. Преминувањето на сите работи е она што не прави одлични и моќни, а со тоа и нашата љубов е сè подлабока. На почеток, мислев дека некои луѓе ја сфатија како песна за раскинување, но таа е сосема спротивна од тоа.

Многу чувства од овој албум се прелеваат од чувствата кои се најдоа на претходниот албум „21“ – носталгијата, минатото, кога бевме млади (When we were young) – но овој пат со многу поразлични чувства. Дали тоа е поради тоа што сега имаш прекрасна врска и дете?

Мислам дека е поради тоа, да. Постара сум и гледам на работите поразлично. Но, горда сум и на начинот на кој им кажав на луѓето за моите години – „21“ на еден искрен начин. Мислам дека на некој начин, однесувањето кон моето поранешно момче кога имав 21 година беше недораснато. Но, тогаш бев дете.

Сега сум мајка, чувствувам дека сè што правам е наследство и пример за моето дете. Се трудам да сум професионална во сè што работам, не само врз мојата кариера. Мислам дека навистина е важно тоа што целосно си ги искажувам чувствата, бидејќи еден ден тој ќе прочита за ова и ќе знае колку многу влијаел врз мојот живот. Не сакам да бидам бебе кое воспитува бебе.



Изјави дека овие три албуми – „19“, „21“ и „25“ – се како трилогија, а албумот „25“ е последниот албум кој ги носи твои години. Кога ќе погледнеш врз трите албуми, која приказна ја кријат тие?


Моето созревање мислам. Ги слушав албумите „19“ и „21“ кога завршував со албумот „25“ и не можев да поверувам колку различно звучат. Не ја слушам мојата музика. Се надевам дека дури кога ќе бидам постара ќе ја слушам музиката од некој мој албум наречен „Adele“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...