РАЗГОВОР СО ПЕРИЈА - УЛИЧНАТА ГРУПА КОЈА ГО РАЗВЕДРУВА ГТЦ

Градиме фамилија која треба да поттикне процес на промена

Сигурно сте ги забележале. 4-те девојки седнати на плочките во ГТЦ, распеани, весели и фантастични. Леа, Kате, Ева и Филиз се дел од Перија, група чии улични перформанси можете да ги погледнете низ Скопје, а како што ни објаснија наскоро и ширум Македонија. Повеќе за нивните почетоци и идни планови дознавме од разговорот со членовите на Перија.



Најпрво Перија е мошне интересно име за музичка група. Од каде потекнува и што е значењето на Перија? Која е историјата зад Перија?

Гледано од оваа дистанца Перија мораше да се обвитка како идеја од вртлогот на женските емоци и доживувања и едновремено да е симбол на концептот кој го носи по тежина. Самото име значи самовила  и e турцизам кој го употребуваат Торбешите во Македонија и се воедначува со предизвикот на трансформација на реалноста во вредносен и звуков аспект.

Перија е и ќе расте како идеја за еднаквост, емпатија, прифаќање и солидарност. Сето она кое ја поттикнува слободата на чувствувањето како и разбивање на конвенционалноста и стереотипите. Следствено нашето улично изразување тежнее да ја промовира културата на достапност, а да ја минимизира културата на елитизмот.



Перија ја сочинуваат 4 члена. Сите 4 се девојки и сите свират на различни инструменти. Од кога постоите и како течеше процесот на комплетирање на Перија?

Сега би рекле дека Перија се калеми како што се калеми железото, таков беше почетокот па и патот до тука. Перија е отворен концепт, дише, на тој начин е тоа што е денес и нешто што ќе биде утре. Струи и машка и женска енергија, за сега женската доминира, но секогаш има по едно момче кое не балансира. Универзалните принципи на спонтаност се дел и од нашата приказна, па концептите за време и почеток се релативни, тоа што беше пред два месеца имаме чвуство како да било пред две години, па би рекле Перија почна во бесконечноста и натаму ќе се развива.

Која е музиката што ја изведувате на уличните перформанси и дали наскоро се гледате како настапувате на бина или некој вид на „сцена“,  наспроти улицата?

Она што музички го создаваме влече корени од секој еден од нас, а тоа води кон планините, низините, горите и потоците. Таму каде што боли и таму каде што радува. Тежнееме да го оживееме она кое е подзаборавено, оние песни од селата со кои луѓето ја обликувале својата реалност. Затоа непознатото и скриеното не примамува, тоа и луѓето го чувствуаат и се поврзуваат со емоцијата која го обликувала минатото, а и е позната на сегашноста. На тој начин приказната со публиката станува реалност.

Просторот каде што можеме да се изразиме е сеприсутен дали конвенционален дали алтернативен, дали мал дали голем, идејно ако може да ги опфати рамките на Перија тогаш ќе стане дел од нас без разлика каков и да е.

Граѓаните често можат да ги видат вашите настапи во ГТЦ, но каде се може да ве чујат? Дали често патувате и низ другите градови ширум Македонија?

Пред извесно време почна една стихија на патувања низ Македонија, бевме во Македонска Каменица, Битола, наскоро ќе одиме за Охрид и секако во Скопје секој понеделник, настапите во Децата од нашата улица. Свативме дека доста не испонуваат овие патување не посетуваат на номадскиот живот кој тлее во секој од нас, а и чувството е убаво кога знаеш дека музиката патува и на овој начин е впиена од секоја публика. Се надеваме дека ќе продолжи оваа номадкса стихија.



Репертоарот кој го изведувате е најчесто од изворната народна македонска музика, а пеете и на албански, турски, бугарски, ромски... Која е пораката со мултикултурната палета на јазици која сакате да ја испратите до публиката?

Градиме фамилија која треба да потикне процес на промена, затоа песните се отпеани на најразлични јазици и отсвирени на инструменти кои го поврзуваат истокот и западот. . Следствено нашето улично изразување тежнее да ја промовира културата на достапност, а да ја минимизира културата на елитизмот. Идејата на звукот е да обедини и да не познава граници и определби, пред него сме сите еднакви и поврзани, она кое зборот не може да го каже звукот го пренесува. Наивно, но сепак моќно, ако секој си дозволите да се препознае себе си во идејата за единство.

Каков е фидбекот од публиката на вашите настапи? Со оглед на тоа што најголемиот дел од публиката се минувачи на локацијата на која настапувате и нивните лица се менуваат многу побрзо? Какви се реакциите од публиката на настапите на Перија?

Украдените погледи и насмевки па и негодувања на секој минувач или внимателен слушач создаваат еден голем печат на едно големо лице кое зрачи со палета од емоции која е сеприсутна во секој еден од нас.Формата не е важна, суштината останува, а таа преку Перија вели слобода во чувствувањето и изразувањето за да заедно ја напишеме приказната на нашата реалност. На тој начин публиката станува дел од нас, а и ние од неа.



За крај дали би сакале да продолжите со уличните перфоманси или пак наскоро би можеле да ве видиме и на професионално ниво. На музички фестивал, концерт или пак свирки во клубови?

Трансформација не поврзува сите, новите концепти ни се предизвик и повик за искуство, но она што е јадрото ке остане двигателна сила на Перија како концепт.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...