95 ГОДИШНА МОДНА ИКОНА

Ајрис Апфел: Стилот не се учи, може само да го имате во вашата ДНК

Кога ќе погледнете фотографија од Ајрис Апфел, ќе забележите весела 95-годишна бабичка облечена во многу бои. Таа обожава „свежи“ облеки и да експериментира со изгледот. Сепак, смета дека доколку не знаете да се дотерате, многу поважно е да сте среќни, отколку добро облечени. Постојано работела дизајнерски модни студија, а откако се пензионирала, заедно со нејзиниот сопруг патувале низ светот, од каде што купувала интересна облека. Има свои продавници низ Америка, а во 2005 година ја изложи својата колоритна облека која ја носела во последните 40 години.



Минатата година, снимаа документарец за нејзиниот живот, чија премиера ќе ја има на 29 април оваа година. До тогаш, ви го пренесуваме интервју кое таа го даде за The Talks.



Дали треба да сте бестрашни за да сте модерни?

Никогаш не сум размислувала така на работите, но можеби и треба. Но, зошто да се грижам? Модната полиција нема да дојде и да ме пикне во затвор! Сакам светли бои, но никогаш не сум направила нешто бунтовничко. Го правам она што го сакам бидејќи е забавно и мислам дека е добро за мене. И сè додека не ги навредувам мајка ми или маж ми, што мислат другите е нивен проблем, не мој.

Дали отсекогаш си имала страст кон боите?

Не сум личност која сака пастелни бои. Тие ме прават нервозна. Никогаш не можам да бидам како мајка ми, бидејќи таа имаше многу пристоен изглед. Стануваше наутро и изгледаше како само да излегла од некое модно списание каде што сите се пристојно облечени и изгледаат беспрекорно. Таа беше постојано совршена, а јас не сум таква. Сите други ќерки можеби би се огледале на мајките, но јас не. Таа гледаше многу подисциплинирано кон модата, а јас одам каде што ме носи ветрот.



Изгледаш како да ти треба спонтаност во твојот живот, така?

Апсолутно! Не би можела да живеам во поригорозен свет... Ако знаев што ќе правам секој ден, ќе полудев! Секој ден ми е различен. Не сум некој кој ги планира работите однапред. Или го правиш она вистинското или погрешното. Јас сакам да експериментирам, љубопитна сум и сакам да пробувам нови работи. И ако ми се допаѓа, пак ќе го правам.

Значи, дотерувањето никогаш не изгледа како работа за тебе?

Ау не, ако изгледа како работа, никогаш немаше да го работам! Ако личеше на работа, никогаш немаше да се дотерувам. Луѓето мислат дека живеам за тоа, што е смешно. Обично носам некои стари фармерки и џемпер или нешто во кое што се чувствувам комотно.

Некако не ве замислувам во фармерки и стар џемпер. Од вас сме гледале само фабулозни фотографии.

Па, не сакам луѓето да мислат дека изгледам несмасно. Затоа секогаш изгледам чисто! (се смее) Но, дури и кога сум дотерана, сакам да се чувствувам комфорно. Ако не ми е комотно, не сакам да го носам. Не обрнувам внимание на трендовите или нешто слично. Никогаш не сум облекла некој пар на чевли само затоа што тие биле модерни.

Дали тоа е проблем во денешно време? Луѓето носат работи кои не се комотни, само затоа што се во мода.

Не. Мислам дека сегашните алишта се навистина комотни. Луѓето го искористуваат тоа и почнуваат да изгледаат премногу неуредно, никој не обрнува внимание што е соодветно. Соодветноста изгледа е некој нечист збор. Кратките шорцеви се убави, но не смеете да си дозволите да одите во театар облечени во шорцеви.

Тоа е непочитување кон актерите! Театарот е еден вид на свето место. Одите да се просветлите со добра уметност, вкусна храна и беспрекорна глума. Ако одите во кујна, треба да се облечете соодветно. Ако изгледате како некоја свиња облечена во апостолки и нечист џемпер, мислам дека тоа е огромна навреда.

Што мислиш, поради што е дојдено до тоа облекување?

Целото општество, сигурно и вие сте забележале. Начинот на кој луѓето се однесуваат? Начинот на кој зборуваат, на кој се облекуваат, на кој изгледаат? Сè! Глупавоста во општеството. Пред неколку години не можеше да се влезе во ресторан ако не носиш сако. Во некои дури имаа и сакоа кои ги нудеа за да ги облечат гостите. Сите се дотеруваа за во ресторан. Сакам да одам на такви места и кога гледам дотерани луѓе на соседната маса, тоа ми помага во варењето на храната. Кога гледам некој ѕвер со долго деколте и влакна на градите, кои му излегуваат надвор, ми се намалува апетитот! Мислам дека тоа е поради недостиг од почит.

Почит кон луѓето околу тебе?

Недостаток од почит кон самиот себе. Мислам дека ако излегувате, не мора постојано да сте дотерани. Јас сигурно не сум бранител на тоа. Но, мора да изгледате чисто и убаво, без да сте облечени навредливо. Има девојки кои се шетаат преку лето со толку тесни фармерки стегнати на нивните огромни задници, што воопшто не е привлечно. Дури има и такви што колку повеќе се дебели, толку помалку облека имаат на себе.



Дали ви недостига модата од старите времиња во Њујорк?

Не би жалела за тоа, но имаше огромна мода и мислам дека сега нема ништо останато од тоа време. Ако се навратиме на Петата авенија или Парк авенијата во 50-тите или 60-тите години, ќе видиме дека сите изгледаа прекрасно. Сега, ако си чист и добро облечен, изгледаш како лудак. Тогаш тоа беше друг свет.

Како мислите?

Најпрво, алиштата беа алишта. Тие беа изработени од прекрасни материјали. Имаше прекрасни дизајнери кои знаеја како да сечат, да шијат и да формираат парчиња. Ги имавме најдобрите дизајнери.

Се сеќавате ли дали работите се смениле, на пример кога Америка влезе во Втората светска војна?

Секако, сè се смени. Модата не беше најважна. Акцентот не беше ставен на изработка убави алишта. Фабриките се сменија, изработуваа воени алишта, а луѓето беа во некое мрачно расположение. Немаше никаква мода. Сè беше наједноставно.

Тоа беше така затоа што материјалите беа ограничени за време на војната?

Да, така беше се додека по воениот период Диор не се појави со нови модни парчиња. Тој правеше алишта со волуменозни здолништа, бидејќи потоа имавме многу материјал. Тоа е многу интересно ако сакате да проучувате мода, тоа е како една фотографија на секојдневниот живот. Политичката и економската клима и социјалното однесување се рефлексија на модата.



Што ни зборува денешната мода за нашите животи?

Мислам дека повеќето луѓе не знаат кои се навистина. Се чувствуваат безбедно ако изгледаат како другите луѓе или се облечени во нешто кое сите го сметаат дека е во мода. Луѓето се измачуваат како да изгледаат. Тоа е неверојатно! Не знаат што да носат или како да го носат и тоа ги прави несреќни. Но, стилот не се учи. Тоа е нешто инхерентно. Прво, мора да знаеш кој си и потоа да започнеш од таму – се бара многу работа. Повеќето не сакаат да го прават тоа. И ако така се чувствуваат и под стрес се кога го прават тоа, подобро е да се среќни отколку дотерани.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...