ЗДРАВО И ПРИРОДНО

Студио во кое бизнисот е воден со чувства

Ана Настевска ја запознавме на Fashion & Lifestyle Expo 2016 настанот на кој се претставија 28 компании и изложувачи од најразлични области и бизниси каде ги презентираа своите најдобрите производи на македонската публика.

Ана ја престави Simple, компанија за домашен декор и графички дизајн која самата ја основа минатата година. Идивиди имаше задоволство да поразговара со младата и надежна бизнисменка. Што вели таа за почетоците, инспирациите и впечатоците од Fashion & Lifestyle Expo 2016 дознајте од нашиот разговор кој го направивме во нејзиното студио.

Simple минатиот месец имаше можност да се претстави на Fashion & Lifestyle Expo 2016 викендот во Скопје. Какви се Вашите впечатоци по настанот и дали сте задоволни од тоа што го прикажавте. а и од самата организација на настанот?

Огромна беше честа, Simple студио кое е релативно младо на пазарот и се уште со свежа крв, да се претстави на настан како што е Fashion & Lifestyle Expo. Рангот на изложувачи беше за восхит, па се чувствуваме поласкано што можевме три дена да се дружиме со професионалци кои егзистираат на домашниот пазар со години и се еминентни имиња. Организацијата беше и е за пофалба. Самиот тим кој го водеше настанот беше професионално поставен кон сите клиенти, без разлика дали тоа се мали или поголеми фирми, сите бевме еднакви и тоа навистина ми се допадна. Духот на Fashion & Lifestyle Expo го водеа насмеани лица, а задоволството се гледаше и кај посетителите. Искуството беше одлично, секако дека би учествувале и наредната година.



Simple е релативно нова компанија основана во Скопје. Кажете ни нешто за самата компанија, од идеја до реализација. Што имате вие со Simple. да понудите?

По струка сум графички дизајнер и веќе 5-6 години работев во полето на фриленс индустријата. Во интимна врска сум со уметноста уште од мала, па графичкиот дизајн беше патот по кој одбрав да чекорам во животот. Отсекогаш сакав да имам свое катче во кое ќе можам да ја изразам креативноста, а идејата за Simple дојде сосема спонтано. Јас и без тоа сакав да основам нешто што ќе биде мое, со цел да остварам еден поинаков контакт со клиентите. Со фриленсот комуникацијата се водеше исклучиво преку интернет мрежите, па чувството лично да го запознаеш и да поразговараш со клиентот многу недостасуваше. Секако е поубаво кога очи во очи можеш да поразговараш за проектот на кој треба да се работи. Кога размислував за основање на фирма, реков зошто да не биде нешто вакво? Креативно студио кое нуди услуги од графички дизајн, но и катче каде можете да најдете нешто поразлично за домот. Од приватни причини сакав сè да биде органско и еколошко затоа што сметав дека и самиот пристап треба повеќе да се промовира. Производите што ги нуди Simple. се од 100% органски материјали. Еколошки памук, еколошки бои, анти-алергентски, нетоксични.... Идејата како што споменав дојде спонтано. Голем е ризикот, а и јас претходно немав никакво искуство во водење на фирма, но се учам. Од грешките се учи, од искуството се учи, така да сега за сега сум презадоволна. Имаме клиенти и за графички дизајн, клинети кои доаѓаат во продавницата да купат подароци...сега за сега имаме позитивен фид-бек и продолжуваме понатаму.

Компанијата е основана во август 2015-та година. Дали најпрво беше онлајн бизнис, а подоцна го отвривте и студиото...

Почнавме со самата локација, со самото студио од 23-ти декември 2015-та година, но од август до декември се држевме само до графичкиот дизајн. Тоа беше периодот додека да се изработат производите. Самиот процес е посложен бидејќи материјалите се органски, но сепак чекањето и деноноќното работење се исплатеше на крај.



Кај нас барем идејата за органски производи: храна, облека и генерално органски производи е во зачеток и голем дел клиенти не се запознаени со органскиот пристап во производството. Кои се придобивките, без разлика дали е тоа во производство на храна или еве на производи со графички дизајн?

Најголемиот дел од македонските потрошувачи за зал не знаат што значи органски производ. Но, како што забележувам има и сè поголема заинтересираност и мене ми е важно производите кои ги продаваме да не се штетни ниту за човекот, ниту за околината. Органското значи дека не се прскани со пестициди, не се преработувани, здрави се и природни. Кога на клиентите ќе им кажеме дека производите се направени од 100% органски памук, не им е баш премногу јасно што значи тоа. Им одјаснуваме дека памукот е растен на полиња каде што претходно е направено прочистување на почвата, а од тој памук се произведуваат материјалите и на крај се печатат со еколошки бои.



Го увезувате тој памук?

Да го увезуваме органскиот памук. Имаме соработник, јас ги правам дизајните, ги испраќам... а тие бидејќи се сертифицирани за работење со органски бои и материјали ги нанесуваат. Сега ја подготвуваме и втората колекција, ќе видиме како ќе оди понатаму.

На официјалната страна на Вашата компанија стои и дека се занимавате и со домашен декор. Дали тоа значи дека нудите и услуги внатрешен дизајн?

Не, под домашен декор спаѓаат производите кои се за покуќнина: постелнини, перници во различни форми, несесери, ташни, торби, чаши, огледала... Го даваме финалниот производ чија цел е да ви го разубави домот на еден поинаков начин. Да ви ја пренесе нашата позитивна енергија и дел од нашата креативност. Се трудиме дизајнот да биде поразличен од она „веќе виденото“, модерен и урбан, но со нота на едноставност.



Дали Македонија е исплатлив пазар за овој вид на бизнис? Или пак вие ги нудите и надвор од државава?

Често ми го поставуваат како прашање. Искрено надвор ваквите студија имаат многу поголема побарувачка и многу повеќе ги ценат самите производи, меѓутоа не сакам да се ширам надвор за сега. Не ми е тоа идејата. Сакам тука да го проширам бизнисот. Сакам нашите потрошувачи да дојдат во допир со тоа што значи органско и со графичкиот дизајн. Дали преку нас или преку социјалните медиуми, без разлика. Треба да се трудиме, креативата да ја задржиме во нашите краишта. Знам дека има луѓе кои ја ценат, а се надевам и дека сите ќе станат посвесни за потеклото на производите кои ги купуваат.



Кои се графичките дизајнери кои извршија влијание врз твојата работа?

Има многу на кои им се восхитувам, навистина не би можела да издвојам. Многумина извршиле влијание на тоа каков дизајнер сум денес, имам уште многу да учам и усовршувам, но цел ми е да создадам некој мој автентичен стил кој секојдневно го градам.Се восхитувам на скандинавскиот дизајн. Кај нас дизајните се минималистички, но со урбана нота. Тоа е некоја комбинација во дизајнот на производите кои ги нудиме во студиото.

Графичките дизајнери, односно лицата кои се занимаваат со овој вид на уметност, воедно и оние задолжени за внатрешен дизајн па и стилистите, архитектите... многу често преферираат чисти линии и минимализам во стилот на работење. Дали тоа е допирна точка во сите овие професии или пак зависи од индивидуалниот стил на личностите?

Тоа зависи од индивидуалниот стил најмногу. Поготово денес кога модернизацијата ја среќаваме во секој аспект на нашето секојдневие. Да, преовладува минимализмот, но голем процент од клиентите се уште не се навикнати на дефиницијата позади овој правец на дизајнирање. Но, се прават и компромиси. Од побарувачката на клиентот до финалниот производ. Комуникацијата е најважна алатка за добра соработка.



Каде ја гледаш иднината на Simple за година-две па еве и пет?

Искрено, работам од ден за ден. Работам со чувства, со емоции и се надевам дека ќе постигнеме голем успех, дека ќе се прошириме и на нова локација, ново студио. Но, сепак работам ден за ден. Како доаѓаат деновите така и функционирам. Секогаш сум велела, дека ако овој ден е успешно завршен и сите сме насмеани, утрешниот сигурно ќе биде уште подобар. Пречки има, но со силна желба и голема мотивација, ништо не е невозможно и недостижно.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...