МАРТИЈА СТАНОЈКОВИЌ

Талентирана како Сиа убава како Џесика Алба

Мартија Станојковиќ има само 12 години, а веќе е ѕвезда. Млада, самоуверена и со совршена контрола над својот моќен глас, оваа Пинкова ѕвездичка за кратко ги освои симпатиите на строгото жири, а воедно и на пребирливата публика.

Го започна натпреварувањето со „All About The Bass“, за потоа да ја слушнеме со „Таке Ме То Church“, „How Deep In Your Love“, „Writings On The Wall“, „Vlak“....

Од епизода во епизода станува сè подобра и подобра, па нејзиниот музички талент несомнено ќе ја однесе до самото финале.

ФАВОРИТ НА ЖИРИТО

Во последната епизода од шоуто, Мартија се претстави со песната „Elastic Heart“ oд Сиа и по кој знае кој пат ја маѓепса жири комисијата.

Хари Мата Хари

     -За мене ова беше најдобриот настап на вечерта. Ова беше совршено. Како да гледав светски настап. Испеано, донесено на сцена и пред тебе и зад тебе. Три пати во текот на песната ме наежи. По кој знае кој пат сум без зборови.

Јелена Томашевиќ

    -Комплетна во секоја смисла на зборот. Таа може да пее што ќе посака и тоа секој пат да звучи божествено. Секој пат уживаме да те слушаме и одвај чекаме да видиме што ќе пееше. Тоа е вистинско задоволство. Освен тоа вечерва си многу убава и многу ме потсетуваш на Џесика Алба.

Милан Станковиќ  

   -Како што имаме категорија за мали ѕвезди кои ни приредуваат шоу, така имаме и категорија за интернационални ѕвезди, во која ти си ненадминлива. Ова што го изведе вечерва ја преминува границата на домашното шоу. Ти си своја во категоријата на интернационални ѕвезди.

САМОУВЕРЕНА, НО СКРОМНА

Нејзиниот досегашен избор на песни покажа дека Мартија нема никаков проблем да се прилагоди на различните стилови на песни, а воедно и на различните јазици. Подеднакво блеска кога ја изведува безвременската „Џелем Џелем“, а воедно и кога ја доловува емотивната балада „Тешко Без Тебе“.

За кратко време од обично девојче се трансформира во ѕвезда, но за себе вели дека и понатаму останува приземна.

Која е Мартија?

-Јас сум 12 годишно девојче, учам во основното училиште „Крсте Мисирков“ и живеам во Куманово. Уште од рана возраст музиката е дел од мене.

Како започна твоето искуство со „Пинкови ѕвездички“?

-Моето семејство го препозна музичкиот потенцијал кој го поседувам, па така сите заедно дојдовме до идеја да се појавам во шоуто.

Што најмногу те плаши кога треба да излезеш на настап?

-Јас сум воспитувана да имам голема самодоверба во себе, меѓутоа позитивната трема секогаш постои како и стравот да не се случи нешто непредвидено.

Каков тип на песни најмногу сакаш да изведуваш?

-Отсекогаш сум го сакала комерцијалниот рок и поп и секогаш се пронаоѓам во песни кои имаат голема моќ во својата содржина.

Кој се грижи за тоа како изгледаш на сцена?

-Пред сè сакам да се чувствувам удобно на сцена, па така за мојот изглед се консултирам со мојата професорка Ивана Андоновска Свилар и со мојата сестра Лена.

Жирито постојано те опсипува со комплименти. Што мислиш за тоа, се чувствуваш ли како ѕвезда?

-Позитивните коментари нормално дека ми годат, но сепак ќе си останам приземна како што сум била и досега.

Колку нешта се сменија во твојот живот откако си дел од шоуто?

-Луѓето почнаа да ме препознаваат на улица и станав малку повеќе популарна од моите врсници, меѓутоа се трудам  да не го истакнувам тоа премногу.

Како изгледа дружењето со другите натпреварувачи?

-Стекнав многу нови пријателства. Интересно ни е кога се дружиме и се консултираме околу пеењето.

Што прво ќе направиш ако победиш?

-Не сум размислувала премногу на таа тема, можеби најпрвин би ја прославила победата со своето семејство.

Која е твојата порака за нашите читатели?

- Секогаш правете го тоа што го сакате и тоа што ве исполнува и секако следете ги „Пинкови ѕвездички“ и навивајте за нас!

Н.Вуковиќ



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...