ИСКРЕНО И ОТВОРЕНО СО КЕЛВИН КЛАЈН

Секогаш постои можност за да се изразите, да се развивате и да бидете успешни

Келвин Клајн е човекот кој во 1968 година ја основал модната куќа Calvin Klein, каде што на почеток дизајнирал фармерки, а подоцна и долна облека, парфеми, часовници и накит. Уште пред да стане дизајнер, во младоста го препознале по својот талент, па бил еден од најбараните на Њујоршката елитна модна сцена. Освен по ова, популарен е и по неговата успешност во светот на бизнисот. Многумина сметаат дека само тој, Дона Карен и Ралф Лорен се единствените модни дизајнери кои успеваат да се изборат во модниот свет и постојано да создаваат трендови. Како успешен дизајнер, смета дека освен талентот потребно е да се има разбирање и од бизнис со цел работата да покажува позитивни резултати.



Во 2003 година, тој се откажа од позицијата во Calvin Klein, а на негово место дојдоа Франческо Коста и Итало Зучели, односно двајца дизајнери на работното место, на кое Келвин работел сам. Тоа сигурно многу ви кажува за него, зарем не?

Токму поради ова, решивме во целост да ви го пренесеме интервјуто со Келвин направено за магазинот The Talks, овој месец.

Дали сметате дека вистинската инвентивност во модата се уште може да се исполни?

Гледам на модата како нешто што се развива. Тоа постојано е едно ново продолжување. Се менува, но нема инвентивност. Сè е направено на ваков или онаков начин. Многу дизајнери црпат инспирација од постарата мода за да започнат. Но, сметам дека во светот на модата се промениле многу работи во последните неколку децении.

На кој начин?

Имаме облека понудени во продавниците на Zara, H&M и Uniqlo, кои ги немавме пред 15 години. Тие продавници нудат навистина добар дизајн и неверојатни цени. Одлична вредност!

Дали тоа е еден добар развој?

Да, мислам дека е добар. Им дава на луѓето избор и вредност. Може да не е оригинален дизајн, но им нудат многу основни елементи со стил! И во продавниците постојано има нови парчиња. Токму поради ова Европа има поголеми придобивки од Америка, бидејќи ние Американците како да заспавме кога се работи за малопродажбата. Одлично е ако може да си ги дозволите парчињата облека со потпис на дизајнер. Но, мислам дека е сосема добро тоа што може да се купат одлични алишта по секоја цена. Ова е многу добра промена и тоа позитивна.

Многу луѓе се жалат дека продавниците како што се Zara и H&M работат толку многу брзо што веднаш ги копираат работите кои што се популарни на модните писти. И вие бевте многу често копирани за време на вашата кариера. Дали се грижевте за тоа?

Мислам дека тоа е чест. Тоа е за пофалба. Имам работено со фотографи кои работеле на маркетинг кампањи и често се случува еден фотограф да се инспирира од друг и да го имитира во работата. Тоа е умилкување. Но, се случува во секој аспект од животот. Мислам дека тоа што постој облека што е достапна по многу ниски цени по само неколку недели од појавувањето на модните писти на истите алишта со повисока цена е факт на животот. Моментално живееме во таков свет, каде што се прилагодуваме. Но, облеката не е иста, навистина не е иста.

Познати бевте по тоа што ги контролиравте сите аспекти од модната куќа Calvin Klein. Ви беше ли тешко во 2003 да се откажете од сè и да ја продадете компанијата?



Мојот прв парфем го нареков „Obsession“ бидејќи знаев дека имам опсесија кон мојата работа, за значењето на совршенството за мене. Работев на секој детаљ и секоја работа за да видам дали го нудиме најдоброто на луѓето од она што го правиме. Како што ми растеше бизнисот, долго време размислував дали е ова она што сакам да го работам до крајот на мојот живот. И знаев дека не е. Го направив речиси сето она што сакав да го правам при креирање на продукти. Редизјанирањето не ми беше многу забавно.

Дали требаше да се тргнеш настрана од брендот за да не полудиш, со оглед на тоа дека го раководиш толку многу години?

Тоа беше голема промена! Со години размислував дали да го направам тој чекор. Мислам дека никогаш не може целосно да сте подготвени за таква драматична промена, но стануваше многу постресно и помалку забавно. Ако можам постојано да работам во соба за дизајнирање и само да правам колекции, би го работел тоа засекогаш. Но, има многу повеќе работи од раководење успешен бизнис во светот на модата и правењето глобален бренд, отколку само да седиш во студио за дизајнирање и да работиш со бои и материјали. Па, сфатив дека треба да си заминам. Откако го продадов бизнисот, не бев веќе во контрола што ќе прават следно луѓето и знаев дека никој друг не би го правел она што јас го правев – бидејќи никој нема да го прави тоа!

Дали потоа ја следеше работата на компанијата, бидејќи сепак го носи твоето име?

Не внимавав. Не одев низ продавници да ги гледам алиштата кои ги изработува компанијата или пак што прават другите. И навистина не беше толку тешко за да се испушти тоа од раце. Беше само едно прилагодување, а дел од тоа прилагодување беше добро, но понекогаш ми фалеа одличните луѓе со кои имав шанса да работам.

Кога си замина на твое место дојдоа Франческо Коста и Итало Зучели, кои неодамна ја напуштија компанијата. Како се чувствуваше во врска со фактот дека за прв пат некој друг ги зема уздите откако замина од Calvin Klein?



Најавија дека сакаат еден креативен директор да ја надгледува визијата глобално и моето мислење е дека тоа е еден позитивен чекор. Може да имате различни цени, различни продукти, но сè мора да изгледа како да е едно. И тоа е многу практично. Јас го направив тоа. И мислам дека се уште е практично и изводливо. Потребно е вложување голем напор. Опседнување со секој детаљ, да сакате сè да биде колку што може подобро и да имате доверба да продолжите кога работите не се движат по посакуваната насока, бидејќи секогаш има кривни на патот. Потребно е многу за да се изгради глобален бизнис.

Ралф Лорен, Дона Каран и вие сте тројцата дизајнери кои успеаа да изградат глобални брендови со специфичен американски стил. Сепак, во последните 20 години, со можен исклучок на Мајкл Корс, ниту еден дизајнер не успеа да го сноси тој товар. Како го објаснувате ова?

Ќерка ми, која е во забавниот бизнис, вели дека причината за тоа е бидејќи и тројцата сме Евреи и имаме нешто во нашата ДНК (се смее). Исто е и со моделите, поминуваш низ некои личности кои моментално не ти требаат, не те инспирираат, не ти предизвикуваат никакви реакции и наеднаш доаѓаат некои кои те одушевуваат. Мислам дека е исто и со дизајнерите. Тоа е изводливо – но никој не го прави веќе. Мора за некое време да видиме каде ќе стигнат.

За краток период мислевме дека Александер Ванг ја имаше таа шанса. Дали тајмингот беше лош?

Не знам за што е способен Александер, ниту пак некој друг. Не верувам дека тајмингот е лош. И тоа е она што е одлично во модната индустрија: Постои можност за некој да се изрази, да расте, да прави бизнис и да создава. Не е лесно, но е возможно.

Дали креативниот директор на некој модна куќа треба да биде дизајнер или можеби овие денови е доволно само да дава насоки и да го застапува брендот?

Не можам да се сетам на ниту една куќа која имала креативен директор кој не започнал со дизајнирање. Вмешани сте во секој аспект од создавањето на продуктот во дизајнерските студија. Многу потешко е да очекуваш од личност која што не е дизајнер да го надгледува развојот на некој продукт. Подобро е да биде дизајнер, но некој кој размислува модерно и кој може да го набљудува и контролира развојот на секој продукт.



Но, некој со профил на социјалните мрежи, кој го следат милиони, може да звучи примамливо за некои брендови..

Мислам дека ретко кој знае колку социјалните медиуми се пренесуваат во бизнисот. Кога почнав да работам во бизнисот со парфеми, дизајнерот би бил среќен ако има само еден парфем, но создаваме парфеми кои чинат милијарди долари. Има познати филмски ѕвезди и музичари кои исто така прават парфеми, но на крајот тие никаде не продолжуваат со тоа. Можеби имале неколку добри години, но не и трајност. И само поради тоа што имаат многу следбеници, не мислам дека тоа значи нешто големо, бидејќи може ги следат погрешни луѓе. Постојат луѓе кои може да си дозволат чанта од 3.000 долари и мислат дека сакаат да бидат Ким Кардашијан – сепак ако имаш пари и можеш да си дозволиш скапа облека не значи дека имаш вкус.

Важно ли ти беше твоите потрошувачи да имаат вкус?

Не. Јас секогаш бев почестен кога некој ќе го купи она што сум го создал. Не постои гаранција! Постојано преземаме ризици и откако ќе ја изложите облеката, луѓето ја купуваат, без разлика која и каква е. Не изгледаат сите како да се излезени од писта. Се трудев да правам облека за вистинска жена. Не размислував многу за модни списанија и градењето на брендот преку едиторијали во модни списанија. Размислував да правам директно. Поради тоа толку многу правев реклами. Можев многу полесно да комуницирам и да го кажам она што го сакам во видео, отколку во моден магазин.

Во денешно време, изгледа дека многу брендови се рекламираат само за да имаат едиторијален опсег. Вие навистина сте рекламирале од друга причина.

Не се грижев воопшто (се смее). Често ми велеа дека привлекуваме поголемо внимание преку фотографиите кои ги правиме отколку преку едиторијалите во магазините. Многу магазини и весници, поминуваат низ свои тешкотии. На луѓето им е досадно. Сакаат брзо да гледаат работи, и тоа преку интернет, па затоа социјалните медиуми се важни.

Ако и денес бевте на тоа место на кое бевте, дали ќе одевте со печатен маркетинг или ќе се фокусиравте на онлајн маркетинг?



Се трудам да сум чекор напред, да експериментирам и можеби да правам работи кои нема да успеат – но гледам што има таму! Мислам дека ако го работев тоа денес, се уште ќе го правев на ист начин. Ќе ги избирав моделите да го претставуваат она што го правам според моите чувства дека токму тие ја отсликуваат вистинската слика. Го сакам елементот на изненадување. Сакам да откривам нови начини! Сега го имаме интернетот и ќе има и други работи. Се уште треба да одлучите каде сакате да ве видат, која е вашата публика, па интернетот не е толку многу различен од телевизијата или печатот. И искрено, пораката на интернетот е важна.

Пораката на Calvin Klein изгледа како нешто што отсекогаш ви било кристално јасно.

Имав навика да ги правам рекламите, бидејќи разбирав на кого му ги презентирам. Имав некое чувство за тоа публиката какви телевизиски програми може да гледа или какви магазини може да чита. Не правев сè самиот, но бев дел од секој аспект. Работев на кампањи со фотографи, стилисти, создадов моја сопствена креативна агенција која беше како некоја рекламна агенција. Знаев што чувствувам инстинктивно и бев во потрага по тоа целата моја кариера. Тоа е начинот на кој живеам, начинот на кој работам. Сè што правев и сè што имам е проширување на мојот личен вкус.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...