ВО ЖИВО НА 11-ти ЈУНИ ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ

Спектакуларно магично шоу на европскиот Дејвид Коперфилд

Наредниов период е посветен на летото и актуелните светски случувања. Може да очекувате навистина интересни настани и кампањи. Скопје Сити Мол ќе се потруди да го збогати културно-социјалниот живот во Скопје и да понудиме нешто ново, вели Маркетинг асистентот во Скопје Сити Мол, Дарко Панчевски , со кого разговаравме за настаните што следуваат.

На 11-ти јуни во Скопје ќе се случи нешто што за прв пат се случува во нашата држава, уникатно шоу на одличниот европски магионичар Једржеј Буковски? Кој всушност е Једржеј?

Једржеј Буковски е основоположникот на интерактивната изложба Magic World, која моментално е поставена во Скопје Сити Мол. Једржеј е авторот на најголемиот магичен настан, илузионистс кој бил ангажиран од менаџерот на светски број 1 илузионистот Дејвид Коперфилд во САД. Млад талентиран магионичар кој со својата појава и изведба на трикови изнудува воздишки. Тој во моментов е на светска турнеја и успеавме да го договориме да дојде и во Скопје каде граѓаните ќе можат да уживаат ви фантастично шоу.



Дали може да ни откриете што точно ќе се случува на 11-ти во Скопје Сити Мол?

Неблагодарно е да откриваме што ќе проследи публиката, но можам слободно да кажам дека ќе видат нешто што досега сме можеле да го видиме само на телевизиските екрани. Би открил само дека Једржеј ќе се обиде да го задржи вниманието на публиката цели 45 минути со изведа на трикови и излузии кои досега не се видени на овие простори. Гледајќи на YouTube какви се трикови може да направи, верувајте шоуто навистина ќе вреди да се погледне. Неговите шоуа се популарни низ Европа, а можноста да се биде дел од ваков настан е навистина одлична.

Во моментов се одржува популарната манифестација во нашиот град, Magic World која токму ќе заврши со шоуто на Буковски. Што сè граѓаните можат да видат доколку дојдат ја посетат оваа манифестација која трае веќе повеќе од две недели?

Скопје Сити Мол деновиве е домаќин на несекојдневен настан, кој побуди огромен интерес кај жителите на Скопје, но и на оние од внатрешноста и соседството. Можат да се видат десетина поставки преку кој се откриваат тајните на најинтересните и најпопуларните илузии, пример тука е масата со тацна каде посетителите се сликаат секојдневно, на таа поставка се гледа само вашата глава на тацна, а вашето тело не, па сето тоа изгледа фантастично и многу реално, а всушност се работи за оптичка илузија која навистина им предизвика најголемо внимание на нашите посетители. Ние го дополнивме настанот со „Училиште за магија“, „Магични шоуа“ кој ги изведуваат локални илузионисти и „Магични тури“ со водичи кој ги објаснуваат поставките и историјатот на илузијата.

Дали овие магионичарски школи и перформанси се отворени за сите деца и родителите кои што сакаат да бидат дел од Magic World?

Сите активности се од отворен карактер и посетителите можат бесплатно да уживаат во нив, турите се изведуваат во работните денови од 18ч., шоу програмата и училиштето се изведуваат за време на викендите. Целосна програма со конкретни саатници може да се најдат на нашата веб страна и фан страница на Facebook.

Секој ден имаме голем број на фамилии кои доаѓаат и се забавуваат со магичните поставки и сите останати настани кои се во духот на магијата, илузијата и триковите, а тука се со цел најмладите заедно со своите родители низ забава да го поминат своето слободно време.

Неодамна заврши 7-от Саем за Деца. Бидејќи веќе станува за традиционална манифестација, можете ли да ни објасните што точно се случува и кога ќе биде 8-то издание?

Саемот за деца и родители е една од многуте активности кои ги организираме традиционално. Се работи за концепт кој ги освојува посетителите со својата програма и различна тема. Попустите се носечки столб на кампањта, а програмата е со цел да ги анимира посетителите кој во тие денови ќе шопингуваат. Следниот „Саем за деца“ треба да се одржи во месец ноември, веќе во кујната на маркетинг секторот на Скопје Сити Мол се подготвува концептот. За време на 7-от Саем за Деца имавме најразлични работилници, музички шоуа, спортски активности, учење на креативни занаети, шоуа со рептили, подароци и изненадувања.



Што планирате за летните месеци? Какви настани можеме да очекуваме во Скопје Сити Мол?

Наредниов период е посветен на летото и актуелните светски случувања. Може да очекувате навистина интересни настани и кампањи. Ќе се потрудиме да го збогатиме културно-социјалниот живот во градов а и да понудиме нешто ново.

Што би ни одвоиле од вашите настани, а истите се планирани за семејствата, кои во последните години го поминуваат своето слободно време во молот со забава и интересни активности?

Би ги издвоил настаните каде заедно треба да учествуваат детето и родителот, такви активности има на саемите за деца, конкретно ќе издвојам 2 активности; едната е соработката со Народна Техника каде родителите и децата заедно креира бротчиња, авиончиња, автомобили и сл., втрората активност е фамилијарниот натпревар каде децата и родителите учествуваа во заеднички тим. Некој ќе праша зошто токму овие активности, одговорот е едноставен- секојдневието наметна нова култура каде родителите постојано имаат обврски и времето кое го поминуваа со своите деца е доста малку да можат да уживаат. Овие активности беа креаирани токму за таа намена, да се дружат и натпреваруваат заеднички, да го поминат своето време заедно.



За кога се планираaт големите попустите во молот кои се примамливи не само за нашите граѓани, туку и за соседството?

Кога се работи за попустите можам да кажам дека е доста комплицирана тема, постојат повеќе видови на попусти, намалувања, продажни акции и сл. Во моментов е активна кампањта „Magic Sales“ каде одредени закупци имаат поспусти и до -60%, кај некој закупци завршува mid-season sale промоцијата а некој ќе започнат со летните распродажби така да посетителите треба да ги следат информациите кои ги пласираме така наједноставно ќе се едуцираат кога и кој локал има попуст.

Какви се идните планови и со што ќе ја изненадите јавноста?

Доколку откриеме нема да биде изненадување :). Но можам да најавам 2 настани во јуни и еден мега настан во јули. Летото ќе го збогатиме и со неколку кампањи. Најчесто моловите во овие месеци одмараат со активности но нашата локомотива со полна пареа ќе функционира и ќе ги анимира сите оние кои ќе бидат овие летни месеци во Скопје, но и оние кои ќе го посетат нашиот главен град. Очекувајте вистински бум од настани во втората половина од август до декември.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...