ФУДБАЛ МАНИЈА СО ДАРКО И САШКО

На Европско се глуми за Оскар

Европското првенство во фудбал од ден на ден станува поинтересно, а Дарко Панчев и Сашко Коцев се тука да внесат малку забава за време на натпреварите и да го коментираат доживувањето со публиката и фановите

Легендата на фудбалот и еден од омилените домашни актери се споија во шоуто Фудбал Манија, и ви најавуваат жешка фудбалска атмосфера исполнета со одлично друштво, интересни игри, музика и супер награди.

 

Дарко, како се снајде со Сашко? Тој актер, ти фудбалер...Изгледа дека одлично се забавувате за време на снимањето на шоуто

-Можам само да кажам одлично! Сашко е професионалец во неговата струка и со професионалци може да се дискутира буквално на секоја тема. Содржина на емисиите беше од забавен карактер така да верувам дека и на гледачите им бевме забавни. Сашко покрај својата професионалност е и голем шегаџија. Верувам дека и јас му парирав добро на нефудбалските муабети, како што ми парираше тој на фудбалските. Пофалби и до организаторите на ова шоу и на нивната организираност и професионален пристап.

Какво е чувството кога си на терен, а какво кога си пред камерите и имаш задача да коментираш? Што е поинтересно?

-Уф, сосема различно. Искусувајќи ги и двете искуства морам да признам дека во првото сум бил многу поискусен. Меѓутоа и баш поради тоа мое искуство кое што сум го поминал мислам дека добро се снаоѓам и во делот со коментирањето. Мојот агол на гледање и размислување во одредени моменти на натпреварите може да го долови само оној кој што професионално се занимавал и учествувал во вакви големи натпреварувања, како што е едно европско, па и светско првенство.

Судејќи по она што го покажаа фудбалските репрезентации досега, чија стратегија најмногу ти се допаѓа?

-По мене како и многу пати досега, на овие натпреварувања повторно кажувам дека германската машина е неприкосновена. Се подига токму кога е најпотребна без разлика на тоа дали екипата за разлика од минатото светско е малку падната во квалитетот. Мислам дека повторно покажуваат еден сериозен и квалитетен пристап кон играта, а по мене тоа ќе ги однесе до пиедесталот на европското првенство.

 


Ако можеш да избереш свој dream team од фудбалерите кои годинава се дел од Европското првенство, кој сè би се нашол во него?

- 1.Буфон 2.Де Шило 3.Џорди Алба 4. Крос 5. Боатенг, 6. Хумелс, 7. Азар, 8. Погба, 9. Пеле, 10. Озил, 11. Гризман...

Исланд и Македонија, две мали држави, но со различен фудбалски потенцијал. Како ќе го објасниш успехот на Исланд и кога Македонија ќе приреди такво изненадување?

-Пред 30 години разликата во фудбалот помеѓу нас и нив беше 100 светлосни години во наша корист, но денеска тоа е обратно. Мислам дека на ова прашање најдобро ќе ви одговори целото фудбалско раководство кое го водеше фудбалот до сега.

Што мислиш за моменталната состојба во која се наоѓа македонскиот фудбал? Што треба да се направи за да се подобри квалитетот на играта?

-Многу пати сум ја објаснувал оваа проблематика и мислам дека не треба многу простор да земеме во овој дел. Не би сакал имајќи предвид дека нашиот проект поминува одлично и треба да бидеме позитивни. Само ќе набројам во кратки црти...Лошата работа, несоодветните луѓе кои се во фудбалот и немањето капацитет на истите, нè доведоа таму каде што сме.



Сашко, тебе имавме можност да те видиме како фудбалер во „Трето Полувреме“, а сега и во улога на водител на фудбалско шоу. Колку приватно следиш фудбал?

-Морам да признам дека не гледам често, освен позначајни дерби натпревари. А, до филмот воопшто не следев фудбал. Но, на тренинзите ја видов играта од другата страна и потполно ме одзема целиот тој дух во кој фудбалот опстојува.


Научи ли нешто ново за фудбалот од Дарко, со оглед на тоа дека станува збор за една од најголемите македонски фудбалски легенди?

-Секако дека ДА. Тој кога следи натпревар ги гледа и согледува работите на друг начин, од своето големо искуство. Некогаш ме шокира кога ќе предвиди нешто 5 минути однапред, без разлика дали е тоа потег, гол, промена на играч или нова стратегија. Привилегија е да се следи натпревар со златната копачка и да чујам зошто понекогаш играчот промашува или со кој проблем се соочува таму, затоа што ние на ТВ не можеме да го видиме тоа и да го знаеме.

 

Ако треба да ги споредиш фудбалот и глумата, што мислиш колку потенцијални актери има на фудбалските терени?

-Хахаха, има многу богами. Тоа се одлични актери, посебно во категоријата одглумен фаул, а за Оскар се фаулите во шеснаесетникот. Мислам дека тука има подлога за добар холивудски блокбастер.

 


Тимот на Fudbal mania show деновиве излегува од студиото и започнува да се дружи со фудбалските фанови во кафулињата низ Македонија. Ќе ни откриеш ли нешто повеќе за тоа?

-Секако! Идејата е да се собере публиката на соодветно место, со пијачка, две да се дружиме и пред натпревар и на полувреме да коментираме заедно. Затоа што посебен е адреналинот кога се следи натпревар со повеќе луѓе, а таму секако има и некои не навиваат за вашиот омилен тим.

Слушнавме нешто и дека ќе има голем настан на Плоштад Македонија. Што ќе се случува таму?

- На плоштад ќе ги проследиме полуфиналето и финалето. Тоа се многу големи дерби натпревари и сакавме заедно да го споделиме доживувањето со публиката и фановите, да споделиме коментари, па затоа се одлучивме за плоштадот. Тука ќе биде и нашето финале, каде ќе ги доделиме главните подароци од Телеком за најкреативните следбеници на footballmaniashow, кои постираа свои мислења и случки во неколкуте рубрики што ги отворивме на нашиот портал. Уште не е доцна да го посетите порталот и да закачите некоја интересна фотка или видео со што ќе се вклучите во трката за подарок.

Има ли Сашко Коцев свој фаворит за победа?

-Секако, јас сум голем фан отсекогаш, како на нашата, така и на репрезентацијата на Германија. Ме воодушевува нивната стабилност во играта и менталниот склоп насочен кон победа и упорноста до последна минута.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...