СОВЕТИ ОД ДОКТОР ОЗ

Во следните 5 години ракот ќе стане безопасен

Едно од најпопуларните ТВ лица, кардиоторакалниот хирург и професор Мехмед Оз, деновиве гостуваше во BigBoyTV, каде заедно со водителите зборуваше за придобивките од cupping-от, лекот за рак, а воедно за најдобриот начин на исхрана, со кој освен тоа што ќе ја одржите линија, ќе живеете подолго.

Секогаш позитивен и насмеан, Оз се потруди наједноставно да објасни зошто е добро да вежбате барем 10 минути во текот на денот и како тоа ќе му помогне на вашето тело.

Што мислиш за она „секси тело до летото“.  Судејќи по нас, очигледно тоа нема да се случи…Ние ќе бидеме секси да зимата. Дали има се уште време за да се стегнеме?

-Па има уште неколку недели од летото, тоа и не е така страшно зошто во лето луѓето едноставно сакаат да ја намалат тежината. Надвор се, имаат повеќе слободно време, овошјето и зеленчукот се поевтини, полесно е да се донесат сите правилни одлуки. Значи сè уште има време да се добие посакуваната тежина.

Многу луѓе велат - вежбам. Колку често треба да се вежба во текот на неделата?

Според досегашните истражувања кои се направени на оваа тема, жените би требало да вежбаат по 10 минути на ден. Тоа не е многу, а сепак има голема разлика помеѓу 0 и 10 минути. Тие вежби може да бидат многу едноставни како јога, пилатес... Не мора да одите во теретана или да правите нешто посебно. Само правете едноставни вежби во својот дом, потребни ви се само 10 минути ефективно вежбање. Е сега во реалноста добивате многу повеќе од тоа, просечно вежбате околу 30 минути. Тоа ги релаксира вашите мускули, ви го подобрува расположението, го подобрува либидото и има многу други придобивки освен одржување на телото во форма.

Игрите во Рио се во тек и сите се опседнати со пливачот Мајкл Фелпс и cupping-от кој што го практикува. Што е тоа и дали навистина функционира?

-Пред многу години бев во Кина. Кога влегуваш во кинеска болница се вртиш десно и ти прават операција, се вртиш лево и практикуваат традиционална кинеска медицина, што се користи веќе илјадници години и е мошне ефикасна. Сето тоа се базира на енергетските меридијани во телото. Сите ја прифаќаме енергијата бидејќи и во нашите клетки има енергија и таа го дефинира животот. Традиционалната кинеска медицина ги решава проблемите со акупресура, акупунктура, а воедно и со cupping, она што го користи Мајкл Фелпс. Тоа предизвикува модринки бидејќи ја палите малата стаклена кугла, по што се создава вакуум со кожата, се повлекува крв, но во исто време и се масира местото. Не знаеме точно како функционира врз перформансот на луѓето, но има ефект. Тоа му помага на Мајкл Фелпс. Јас го имам испробано, моето семејство го има испробано, не би го препорачал за мали работи, но ако имате хроничен проблем за кој нема лесно медицинско решение, тогаш вреди да се подложите на овој третман.

Колку долго остануваат модринките на кожата?

Кај некои луѓе воопшто не се јавуваат модринки, додека кај други трае и до неколку дена. Луѓето кои имаат модринки вообичаено имаат тенка кожа, капилари и слично.

А, што ќе ни кажеш за криотерапијата? Дали го погодив вистинскиот израз? Кога го смрзнуваш телото...

-Знаеме дека кога ќе го ставиш телото на многу ниска температура и потоа повторно го загреваш, на некој начин го рестартираш. Тоа е една од идеите, дека го намалуваш воспалението во телото. Те ставаат во посебна капсула и ја спуштаат температурата. Не допираш ништо што е ладно, само има ладна пареа и по 2 минути те загреваат. Една личност дури умрела од тоа бидејќи се заглавила во капсулата. Затоа ако решите да го правите, за вас нека се погрижат професионалци.

Луѓето постојано зборуваат за губење на тежината и сите мислат дека постои брз начин за намалување на килограмите, но завршуваат со јојо ефектот. Кој е најдобриот животен стил за витка линија?

-Една од најдобрите диети која покажува најдобри резултати е медитеранската. Во нејзината основа се малку протеини, пример риба, месо, повеќе зеленчук што се готви во маслиново масло, малку леб...Во суштина повеќе од здравите нешта што треба да ги јадете, а помалку од другите. Тоа е лесно и практично решение. Минатата недела бев во Сардинија и сфатив дека тие луѓе живеат најдолго на светот. Интересно е да се забележи дека за разлика од другите делови од светот каде жените живеат подолго, тука е обратно. Можеби затоа што таму жените се оние кои менаџираат со парите додека мажите ги пасат овците. Мажите секојдневно се изложени на физичка работа и во исто време ја практикуваат медитеранската диета. Освен тоа редовно консумираат вино. Тврдат дека тајната е во тоа да уживаш во секој оброк. Јади храна што ја сакаш и што е добра за тебе и можеш да живееш и 100 години.

Во светот има сè повеќе рак. Секој пат се шокираме кога дознаваме дека некој ја има оваа опака болест. Зошто се повеќе луѓе се разболуваат од рак?

-Мислам дека повеќе фактори играат улога тука. Живееме во околина која сама по себе не е здрава како порано, изложени сме на токсини кои претходно ги немало. Но, најголемата причина зошто мислиме дека има повеќе рак, е тоа што сега порано го дијагностицираме. Значи го наоѓаме на места, каде што претходно не сме знаеле да го најдеме.

Мислам дека во следните 5 години ќе се изнајде начин како ракот да се направи безопасен. Досега имавме став дека за да го уништиш ракот, треба да најдеш лек. Но, за да го излечите ракот во суштина треба да го спречите да расте. Ние сакаме да го натераме да се уништи порано и на тој начин да може да живеете со рак, но не и да умрете. Претседателот Картер кој имаше тумор во мозокот немаше да преживее. Но, му дадоа терапија со која го активираа неговиот имун систем. Ако добро подразмислиме тоа е многу кул. Нашиот имун систем би требало да може да го пронајде ракот. Сите ние носиме рак во нас, но нашиот имун систем го деактивира. Доколку го активирате имунолошкиот систем, не мора да користите хемотерапија, не мора да користите радијација, да ги убиете сите добри нешта во телото, туку само да го натерате телото да ги убие лошите нешта. На пример, зошто кога жената е бремена, телото не го гледа бебето како закана и не го убива? Тоа не се случува затоа што нашиот имунолошки систем знае дека некогаш треба да се исклучи.

Ракот го лаже имунолошкиот систем дека не се случува ништо лошо и така се размножува. Идејата ни е да го потсетиме имунолошкиот систем дека ракот не е безопасен, туку има намера да убиe. Затоа пронаоѓаме неверојатни начини како да го решиме проблемот. За кратко, можеби ќе умрете во сообраќајка, но сигурно нема да умрете од рак.

Уште една од темите кои се актуелни во последно време се електронските цигари. Дали тие се потенцијално опасни по нашето здравје?

-Во теорија, електронските цигари се подобри од пушењето затоа што не ги внесуваш 50 различни токсини во своите бели дробови. Но, во многу од овие продукти кои се дел од електронските цигари, не знаеме што има. Најголемиот проблем што го имам јас е што овие продукти се таргетирани кон децата, со вкусови како гума за џвакање. Ги разбирам луѓето кои веќе пушат, па на овој начин се обидуваат да се откажат од пушењето, но не треба да бидат перманентно решение. Може да се користат по оброк, но не би препорачувал да бидат замена за цигари и да се користат по цел ден.

За крај што е со сите оние лекови кои постојано ни ги препишуваат? Постојат дури и реклами за различни лекови кои се користат за иста состојба. Изгледа дека најлесниот начин е да се стават луѓето на лекови.

-Имате мал проблем и имате лек што може да го реши, што од една страна е во ред, но од друга истиот има многу полоши споредни ефекти. Но, не е фер да се обвинат само фарамцевтските компании и докторите затоа што сите ние на некој начин го сакаме тоа. Одиме на доктор и бараме апче кое ќе ни го реши проблемот. Мајка ми го прави истото кога има некој проблем. Иако се обидувам да и објаснам дека ако си легне порано и стане порано, се ќе биде во ред, таа не го слуша мојот совет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Скопје
Н/А
Нема
Скопје
Н/А
Нема
Битола
Виц на денот
Разговараат двајца пријатели:
- Пази што се случи, жена ми додека беше трудна ја читаше "Тројцата мускетари" и кога се породи завчера ми роди тројка.
- Ај ја фаќам магла, мојана...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска...
Верски календар
маченици Памфил, Порфириј и други. На овој ден за време на царувањето на Диоклецијан, 12 маченици пострадаа заради нивната цера во Христос во палестинскиот град Кесарија...
На денешен ден
1498.- На патот кон Индија, португалскиот...
1562.- Француските римокатолици, со благослов од...
1643.- Умре Џироламо Фрескобалди, италијански...
1810.- Роден е Фредерик Шопен, славен полски...