ONE NIGHT IN KAZARHAN

Гејминг, журка и дружење на едно место

Скопје изминатиот викенд имаше можност на едно место повторно да ги собере најголемите гејмери во мегапопуларната онлајн игра со карти – Hearthstone, која е бесплатна и може да ја симнете на следниот линк: http://us.battle.net/hearthstone/en/. Јавна соба беше збирното место, а настанот: турнир чест на новата едиција „One Night in Karazhan“, авантурата во која гејмерите и ентузијастите од сите полови, возрасти и националности се натпреваруваа во центарот на Скопје.



Организирани од Гоблин друштвени игри, најпрво се одржаа Националните квалификации за Светското првенство во Џакарта на кои славеше Никола Ивановски, а на вториот турнир победи гостинот од Бугарија, Мартин Великов. Настанот беше заокружен со возбудлива диско забава во ретро стил, но повеќе за самиот настан, поводот и самата игра од нашиот разговор со организаторот Самоил Петрески...



Колку пати досега се одржале вакви турнири во Скопје?

Ова е мислам шести или седми ваков турнир. Минатата година во декември беше првото издание. Играта е креација на Blizzard Entertaiment, голема компанија која е позната по играта World of Warcraft, а и многу други игри покрај неа. Hearthstone е онлајн игра со карти која што моментално во светот зема огромен замав и токму поради тоа се организираат и вакви турнири. Идејата е да се соберат луѓето и заеднички да играат, а не само онлајн како и сите останати компјутерски игри. Овие турнири се замислени како собиранки на луѓето кои сакаат да ја играат играта, а покрај тоа тие и се дружат. Гоблин друштвени игри веќе 15 години организира турнири во други слични игри. Минатата година за прв пат организиравме турнир во Hearthstone во MI-Da Motors и тогаш се собраа околу 150 луѓе. Нашите очекувања беа надминати. Не очекувавме толку луѓе да дојдат, а имаше и уште толку гледачи. Следниот турнир беше во Saevus после Нова Година, потоа организиравме и гејминг викенд во зградата на Телеком на плоштад, а и на Саемот на книга. Пролетта мај-јуни организиравме два настани во Јавна соба и по летната пауза го направивме овој, последен турнир.



Што го издвојува овој турнир од претходните?

Па тој е малку различен од претходните најпрво по тоа што е навечер, останатите почнуваа обично од сабајле. Замислен и како диско журка, бидејќи е во чест на излегувањето на новата едиција на играта „One Night in Karazhan“, која е целата во таков стил. Во целиот свет во исто време се одржуваат вакви турнири кои се во чест на новата едиција.

Кои се правилата на играта и каков е концептот на овој турнир? Објаснете за читателите кои не се запознаени со самата игра.

Правилата на играта се како и сите стратегиски игри со карти. Еден против друг противник во дуел. Картите претставуваат еден вид на чудовишта и магии. Тие се борат за вас (секој играч е херој) и пробуваат да го донесат противникот (другиот херој) до 0 живот. т.е да го поразат. Играта е класична стратегија со митски елементи.



Колку пријавени учесници имаше на последниот шести турнир во Heart Sone одржан во Јавна соба?

Па, денес дојдоа околу 40 луѓе, а исто така имаше и доста публика, кои не играа, но дојдоа за журката, што и беше замислата на целиот настан.

Колку играчи може да ја играат играта? Дали има ограничен број на учесници или пак не?

Не, нема ограничување. Може да ја играат колку сакаат. Она што ограничува е просторот каде што треба да се сместат со своите таблети, лаптопи или мобилни телефони и секако најважниот елемент - добра интернет конекција.



Која е следната цел за победникот на овој турнир? Што е следно за него?

Овие турнири немаат компетитивен карактер и не се оди понатаму во нова рунда или слично. Да, претходно беа квалификациите за Светското првенство во Hearthstone кое ќе се одигра во Џакарта, Индонезија од 6-ти до 9-ти октомври и тие беа од компетитивен карактер. Вториот турнир во Јавна соба беше „покежуал“. Победникот добива вредна награда, а Анхоч ни се редовни спонзори, како и студиото за анимација Линкс. Без нивната поддршка не би можеле да го организираме турнирот. Секако и Blizzard Entertaiment придонесуваат со многу интересни и убави награди, како фигури со ликови од играта, разни прекрасно изработени привезоци и слични подароци. Често наградите ги даваме по случаен избор за да може да ги добијат и тие кои не се толку добри во играњето на играта, за да се охрабрат, а во тоа се гледа и порелаксираниот начин на играње на турнирите.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Учителката во школо видела неколку деца како прават фаци додека си играат, па ги предупредува:
- Деца, кога бевме мали нас н&ицирц; учеа дека кој прави грди фаци ќе остане таков...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема поголеми задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација...
Верски календар
Празникот Преображение по својата смисла и значење за човечкиот род е еден од централните христијански празници. Се базира на настанот на Христовото преобразување, т.е....
На денешен ден
1662.- Умре Блез Паскал, француски математичар,...
1850.- Во Париз умре Оноре де Балзак, француски...
1936.- Франкистите од Шпанија го застрелаа...
1973.- Полковникот Пападопулос, шеф на воената...